Фала многу. Ќе идам утре до ДМ и ќе си ја земам. Се надевам дека оваа ќе ми се погоди. За денови коа не ми треба голема покривност си ја користам бб кремата од гарниер, малце и да ми светне лицето ништо страшно, ама ми требаше некоја за искачање, или коа ми треба поголема покривност. Дај боже да ми се погоди..
Девојки во потрага сум по нова пудра. Последно ја имав L'oreal infallible. Квалитетна пудра, средно покривна ама и скапа.. 950 ја зедов ако добро се сеќавам.. Е сега ако можете да ми препорачате некоја слична на оваа ама поефтина, некаде до кај 400 денари максимум.. Брзо ја трошам бидејќи нон стоп ставам и не ми се даваат толку пари за да ми оди за еден месец.. Ми треба да биде покривна бидејќи имам флеки од акни, и да изгледа на лицето свежо како Лореалот.. Видов дека ја фалите Ингрид пудрата но некако за цената ми изгледа несигурна се плашам да не ми се нафрли лицето Rimmel Lasting finish, Stay mate ги користев ама некако мрсни ми се многу а јас имам мрсно лице.. Ја претерав темата пудри безброј не знам за која да се одчучам да не згрешам, вие поискусните што викате?
@mims-89 Ако можеш ај препорачај ми квалитетна пудра за мојава сува кожа склона кон лишаи и црвенило. Погоре постирав која ја користам и од која сум уствари презадоволна, но поради хормоналниов бизбаланс не ќе е лошо да набавам уште една за поголема покривност. Фала за советот за маскарата, веќе бев вратена дома кога ги прочитав одговорите. Али деновиве ми е на листа.
@MayDiamonds Ако ти се погодила пудрата од Лореал, зошто не ја купиш пак? Моментално е на попуст во Шатци (види горе на сликата), а мислам дека и во Космо, со клуб картичка. За 400 денари се сомневам дека ќе најдеш подобра пудра од оваа. Или пак, види имаше во ДМ на попуст пудра од Маybelline. Баш беше 400 денари, колку што видов на флаерот. Само прашање е дали ќе ти одговара, се работеше за Affinitone mineral, така се викаше мислам. Ама уште од старт ќе ти кажам - ниту една на Maybelline не е толку покривна колку L'Oreal infallible.
Кoјa нијaнсa јa кoристеше oд Лoреaлoт пудрaтa? И кaкви се нијaнсите? Мене ми требa некoјa зa жoлт пoдтoн aкo имa дa oдaм дa ги рaзгледaм
200 - Golden Sand, инаку скоро сите се со жолд подтон на Лореалот има многу избор сигурно ќе си ја погодиш. Инаку мене ми е погодена во нијансата и покривноста но после некој сат лицето многу ми свети и ми се мрси, тоа ми е проблемот кај оваа пудра и затоа за секојдневно користење барам некоја поефтина.
Сите пудри на Лореал се поделени со ознаки според подтонот, би требало така да биде и кај оваа, јас не сум приметила, не ме привлекла до толку за да ја купам. Разгледај ги нијансите со ознака N (неутрални), со сигурност тврдам дека ќе си најдеш таква која ќе ти одговара и нема да ти биде ниту жолто-портокалова, ниту розева. Или пак, ориентирај се според имињата - Vanilla, Porcelain, Ivory, до Beige или Golden Beige, која мислам дека веќе е доста темна. Светла си колку што знам, мора некоја од овие да ти одговара
Да видов дека ја постираше Антиблемиш од Клиник. Јас ја имам користено оваа баш во зимски период кога кожата ми е таква баш како што ти е и на тебе, лишаи, црвенило. Совржено хидратира и потхранува. Толку е мекана и лесно се нанесува што некако ги покрива и измазнува лишаите плус и ми ги излечи. По цел ден ми беше на лице, тој период многу работев и не вадев пудра по цел ден, а лицето ми беше во одлична состојба. Обично не е така со други пудри, ќе ти се исуши на лице, ќе се собере на некои места и ќе се одвојат сувите делови формирајќи лишајчиња. Ова не, буквално ко хидратантна крема да имам ставено на лице. Покривноста и е голема, јас немам многу за покривање освен црвенилото и по некоја ситна мозолка, ама приметувам дека е доста покривна, лицето ко фотошопирано го прави. Мазно и со изедначен тен, црвенилото не ми избива над пудрата дури ни кога е најладно. Антиблемиш не сум ја пробала за да можам да направам споредба за покривноста, сепак пробај ја на тестер па спореди си ти. Од поскапиве брендови само од Клиник сум ја пробала баш за таква намена како што ти треба. Есте Лаудер и Диор сум ги користела кога кожата ми била во нормална состојба па незнам дали би ти помогнале, ама мислам дека не. Некако посуви се, Supermoisture е масничка, ама не сјае на лице туку онака само ко природно чисто и здраво лице, ептен природно изгледа.
За какво лице е L'oreal infallible?(моето е нормално накај мрсно). Дали е добра за секојдневно користење,милам да не е премногу тешка за лицето?Јас не сакам некоја тешка да е,бидејќи ставам секојдневмо за работа.а само пофалби слушам за пудрата
Не ја препорачувам за мрсно лице никако, таа и онака има природен сјај па и плус ако ти се мрси ќе биде катастрофа. Камена пудра мала работа средва ама пак по некој сат свети лицето. За мрсно лице би ти ја препорачала Севентин Мат плус, ја користев долго време и презадоволна сум. А Лореалот ја менвам само поради тоа бидејќи имам мрсна т зона, инаку добра е воопшто не е тешка..скоро и не се осеќа фека имаш пудра ама ако ти е масно лицето немој никако!
Love 89 , моја другарка ја користи и е задоволна , вика дека не се копира на облека , стои околу 8 часа а пред се има мрсна т зона а на др место и е нормална кожата , јас планирам да ја земам а имам и јас мрсна тзона Мислам додека не пробаш неможеш да знаеш може нас ќе ни одговара
Јас дојдов да ми укажам на едно многу грдо пудро. Се вика Brooklyn. Во Велес ми го нудеа пудрото како под компанија на Голден Роуз. Пудрото има цена од 200 и нешто денари, ситна цена. Не го препорачувам на никого. ШОК!ШОК!ШОК! - Пудрото е од фирмата Импала, всушност истата текстура на пудрото но под друго име. Тешко, многу тешко пудро. Воопшто не е квалитетно. Не го препорачувам.
Да да таја Јас ја користев само за навечер, и по два сати ми светнуваше т-зоната и покрај што и ставав камена одозгора (без камена никаде не тргам).. а чудно што на некои делови ми се губеше, ми се бришеше од лицето по некое време, дали од топлото не знам Како сакаш, пробај ја и види си ако ти се даваат толку пари за тестирање Лично мене кажав дека единствено од оваа пудра успеав да си погодам нијанса и затоа ми се допадна а доби уште еден плус што изгледаше многу природно на лице, но ја менувам само поради тоа што не ми одговара на кожата за жал.. инаку другото е во ред. Изгледа јас повторно ќе си се вратам на Римел Лестинг финиш.. видов дека последната нијанса што ја имав од неа е скоро иста со Лореалот, а и е малце попокривна од неа. Имав претходно на темата пишано поголема рецензија за оваа од Лореал, повеќе ја препорачувам на девојки со чисто лице, што немаат нешто многу за покривање освен обично црвенило и за израмнување на тенот. Јас ја користев во комбинација со коректор заради флеките. Се на се не е ни лоша ама не е и нешто wow.
Знам дека мн е коментирано за пудрите на Буржоа, но да не барам низ постовите, ако некоја сака да пише пак,која од пудрите најмногу одговара за комбинирана кожа, поточно за проблем со Т-зоната?Тнх
Да ја пробаме? И јас имам мрсна Тзона,а др.делови ми се нормални накај мрсни.Мене ми беше да не е претешка за секојдневно користење за работа.Инаку повеќе би сакал да не е многу мат полесна да е,иако знам дека полесните пудри и не се толку прекривни.
За подлога го користев кремот Себум глобал од Биодерма, наменет за масна кожа склона кон акни, со цел да ми го намали лачењето на себум.. но и покрај тоа ете по некое време лицето ми светнуваше. Најдобро е да си земиш подлога за кожа која се масти, не сум информирана многу за подлогите бидјеќи не смеам да ставам, но има таква тема сигурно феминките кои повеќе се разбираат можат да ти помогнат. Пудрата како пудра е добра не се плаши дека можи да ти предизвика нешто на лицето, штом мене на толку осетливо лице ни ми создаде никаков проблем значи биди си без гајле, е сега за подлогата разгледај подобро пред да земеш.