Јaс би јa прoбaлa , сaмo дa видaм нијaнсите кaкви се ќе прoшетaм дo кoсмo и дa прoбaм , јaс јa кoристaм пoдлoгaтa нa рaдиaнт зa прoтив мрсење нa кoжaтa и сум презaдoвoлнa. Другaркa штo јa имa викa декa пoлумaт пудрaтa
Јас ја имам оваа на лореал ама имам сува кожа по мое мислење нема да одговара на мрсна многу рецензии прочитав пред да ја купам и сите беа дека е за сува кожа , доста е хидратснтна и ми дава сјај на лицево кој ми е потребен пошто мн ми е сува кожава . Од покривноста сум задоволна се ми покрива и бубулички што ми искачаат и пеги што си имам
Ај јас да си кажам мое мислење на пудрата која последно ја купив. Изборот падна на Римел Стеј Мат, бидејќи толкав беше буџетот а и имам комбинирана кожа па реков да пробам нешто ново и таман ми одговара на типот на кожа. Ова е следно што имам да кажам за неа- Ефтина е, Покривна е солидно, Ми стои 6-7 часа не светнувам како лампион што е голем плус. НООООООООООо едно што мн ме нервира кај оваа пудра е што како прво тешко ми се размачкува и најлошо од се на лицево откако ќе ја ставам ми поетмнува. Ја зедов нијанста True beige 203 кога ја пробав на тестер беше топ таман како погодена за мене. Е откако отидов дома и ја ставив на мене повторно после половина час потемна за нијанса абе како паштета да сум ставила среќа не излегов од дома таква, само ја тестирав. Сл. пат ја измешав со есенс мус мат пудрата од послеветла нијанса Ivory да ако ми оксидира на лицето да ми дојде бојата таман и така успеав, ама не е работата да равам миксови а оваа како маска на лицево ми стои. Се на се не сум задоволна и не би ја купила повторно.
Може слика од пудрата.Јас имам неверојатна сува кожа, не можам да си најдам соодветна пудра.Благодарам. А што користиш за подлога?
L'Oreal Infallible 24H Foundation оваа е пудрата има погоре слика од неа , користам крема на Хемел врз база на мед само таа ми е убава за кожава од другиве ме чеша и ја осекам сува и затегната кожата
Јас би ти ја препорачала Skin dream BB cream pure од Oriflame 529ден. е.Ова е најново нешто крем пудра е за секаков вид на кожа(истестирана е) и ја штити кожата од брчки и погодна е за летно време бидејќи е лесна и неосетлива и штити од УВ зраци од сонце.И секако имаш нијанса да си одбереш и има добра покривност еве ти едно видео да ја видиш покривноста Спојлер и еве слика од пудрата
Девојки, ја добив на поклон пудрава, па кој ја користел ако може некој збор два за неа да ми каже бидејќи јас ја немам никогаш користено, да знам дали ќе ми одговара или да ја подарам.
Анушка, мислам дека со сегашната состојба на лицето, веројатноста да ти одговара е доста голема - пудрата е за нормална до комбинирана кожа. Можеби е добра и за мрсна кожа, ама не знам, не дошла на ред да ја пробам.
Оваа пудра мене ми е меѓу омилените. Има солидна покривност, малку е потешка па затоа е добра за зимскиот период. Би рекла дека одговара за нормална кожа. Јас имам нормална-комбинирана кожа па мене ми одговараше. Инаку нема мат финиш. Се надевам помогнав.
Драга јас ја користев едно време пудрава и супер ми беше, имам комбинирана кожа и можам да кажам дека е топ. Има добра покривност скоро одлична, но и онака имам поприлично чисто лице. Инаку не ми се бришеше одма, на мене остануваше до 6-8 часа. Само едно што и утнав беше нијансата, ама се снајдов ја мешав со друга и супер си беше.
Анушка ние со сличните кожи, мене ми одговара. Ми одговараше и посува кога ми беше кожата и сега ми одговара. Голема покривност, солидна трајност, кај мене има мат финиш. Ми се засушува на лице ама супер изгледа, ја користам кога сакам максимална покривност. Не ја подарувај, супер е пудрава.
И јас ја имам порано користено пудрава и супер ми беше,малку нијансите и се поцрвеникави и затоа веќе не ја користам. Ама за сува кожа е одлична.
Не ја подарив, фала ви на сите на брзите одговори. Пудрата е убава дефинитивно по мој вкус, пошто има стварно многу голема покривност, а сепак делува толку природно и дава некој дискретен luminous сјај што за зимно време сега ми е супер погодена и за преку ден и за навечер. Единствена замерка ми се нијансите, сите се некако портокалови како што ги гледав, мојата е 106, натурал беиџ и можеби е нијанса потемна од мојот тен, но може и не е, само поради тоа што повеќе удара на портокалово отколку на златно-крем боја која е таман за нас со жолт подтон на кожата и што обично беиџ нијансите се такви а не волку портокалови, е тоа е минус, заради тоа што не можиш само со пудра да испадниш од дома преку ден, мора да ставиш и камена да ја израмниш со твојата кожа, па бронзер или руменило. Само заради цената 730-740 мислам, јас лично не би ја купила пудрава, ако веќе сакам од МаксФактор, Фејс финити 3 во 1 ќе ја земам, ќе дадам 100ка повеќе ама бар скрос погодена ќе ми е. Мислам дека ја прецениле пудрава, реално до 500 да е, би ја земала, ама за 740 денари - нема шанса.
Девојки дали има некоја што ја користи Римел Ластинг Финиш нијанса 200, но и Ревлон Колорстеј, да ми помогне да се ориентирам со нијансите, зошто во Зегинов кај мене нема тестери...
Провери го тоа на findation.com , а јас мислам дека 180 или 150 би ти биле едни од можните нијанси кои би ти одговарале. Патем, и мене ми одговара нијансата 200 од истата пудра, ама никаде не успеав да ја најдам по втор пат. Од Ревлон супер ми е нијансата 150, ама ми се чини дека е доста светла, можеби посветла и од онаа на Римел. Види некои swatch-еви низ блоговите, сигурна сум дека ќе ти помогнат.
Мишелке јас ја купувам од друг град, во локален супермаркет и тоа за 260 денари ако ти се верува Ептен ми одговара бр.200 за преку ден, иста ми е како тенот, но за навечер ми е пресветла како духче сум на слики На findation.com ми искочи warm golden или бр. 310 дека ми одговара, но многу темна ми изгледа вака, а и мислам дека до 220 се во Зегин.
Мишелке јас ја купувам од друг град, во локален супермаркет и тоа за 260 денари ако ти се верува Ептен ми одговара бр.200 за преку ден, иста ми е како тенот, но за навечер ми е пресветла како духче сум на слики На findation.com ми искочи warm golden или бр. 310 дека ми одговара, но многу темна ми изгледа вака, а и мислам дека до 220 се во Зегин.
Претемна е таа, а и јас мислам дека ја нема кај нас. Ако отприлика можеш да процениш нијанса која ти одговара, тогаш дефинитивно разгледај swatch-еви на Интернет, има многу и сигурна сум дека ќе ти помогнат.
Јас ја користев 200 нијансата од Римел, совршено ми се вклопува со тенот. Од Ревлонот ми одговара 180 и не би ти препорачала да ја земеш 150 затоа што е многу светла. Во пролет/лето можеби ќе ти одговара некоја потемна нијанса, но во зима некако сите сме побледи па мислам дека нема да згрешиш. Плус ревлонот има и спф, па некогаш можно е да изгледаш и побледо особено на слики. Јас се мислев да ја купам некое време, ама сепак ме одвраќа миризбата, на поликолор ми труе Не знам дали тестерите само така мирисаат или општо пудрата има таков одвратен мирис, ама налет и покривност и долготрајност и убав финиш и се', не можам да го поднесам.