Ме насмеа со мирисот, мене така грдо ми мириса Фејсфинти од Макс Фактор. Не можам да ја поднесам, ми удира во глава. Ревлонот ми е без мирис, баш не ми мириса на ништо, затоа и ја сакам толку. Тестери не сум пробала, не знам што да потврдам во врска со нив. Патем, од муабетиве добивам впечаток дека сум изрод со светлиот тен или во краен случај - албино. Мене нијансата 150 ми е преубава за во било кое годишно време, обично не потемнувам многу, а и на слики не излегувам воопшто бела дури и со блиц.
Па не знам, веројатно тогаш стари се тестерите како што и претпоставував, ама не ми се ризикуваше некако, сепак не се малку пари да ги дадам и на крај да ја фрлам. Баш ако одиш во Космо некогаш ако ти текне, помирисај го шишенцето ќе видиш за што зборувам. За нијансите очигледно и доста влијае подтонот на кожата и покрај тоа што можеби не е премногу изразен ама па баш затоа и многу лесно се утнува, особено вака кога има поголем избор. Според нијансите што до сега сум ги бирала можам да кажам дека сум релативно светла и најубаво ми прилегаат тие што ги набројав. Баш сум пробала и малку потемна од мојата, затоа што мајка ми има таква кожа, не е дека не ми стои и дека одма двои од мојата природна нијанса, ама некако не е тоа - тоа и сто пати поубаво ми прилега мојата, иако ќе речеш само една слична нијанса е во прашање. Инаку ја купив и од L'Oreal Infallible и исто како и за Римелот ми одговара нијансата 200, ако некој се мисли да ја купи, па му треба ориентација за нијанса.
Мислам дека имам фобија од промашена пудра. Можда и ради тоа одбегнувам да експериментирам со пудри. Мојава Севентин (дајте нека ми платат да ги рекламирам) како ми лежи, и дење и ноќе и на слики и во живо. А леле колку само ме копкате со темава, па Ревлон сигурно две години се мислам дали да ја купам. Значи се ужаснувам кога ги гледам со портокалово венче на челото и портокалова јака на вратот. Не, потемна нијанса на пудро не изгледа поубаво. Или бели нашлапани, светли светли, па со нешто кафено се цртаат по образите. Ах што ви направи тој Инстаграм значи.... Што е тоа подтон, розе или жолто, не се знае, шлапај маче, така треба. Да не отворам тема за тоа дека ме гледаат како од Марс падната кога баам за суви, мрсни и нормални кожи, за чистење лице, за помади...... Само ја и @Oxymoron имаме нормални пудри во градов.
@Doozy сега ќе ви отворат Дм во градот, ќе се зголеми бројот на девојките со нормални пудри . За ефектите од инстаграм нема што да се зборува, на сите ни влијаат сакале да признаеме или не- несесерите се повеќе ги полниме со уште по некој нов и “неопходен“ производ и се чудиме како претходно сме можеле да функционираме без него. На крај доаѓам до заклучок дека почнавме да носиме сценска шминка- она што претходно се користело само во театрите, под рефлектори, на камера, или филм, сега се користи за секојдневно или вечерно излегување. Козметичките компании тријат раце, а козметичарките кршат прсти затоа што после сите достапни туторијали голем дел од девојките можат да се нашминкаат многу подобро од било која козметичарка. А со заштедените пари за шминка кај козметичар секогаш може да се купи некој нов производ, на пример пудра .
Пудрата на Аура "Cover me" нешто преубаво што сум открила во скоро време, лицето го прави џам, не е тешка и премногу покривна ја купив во дм 314 денари со попуст
Cover me! е за мрсна, а Refresh me! е за сува мислам. Првата ја користам јас и иако имам мрсна кожа ако немам добра подлога не е фина на лице. А со добра крема е и повеќе од одлична.
Дали постои пудра за сува кожа но да има мат ефект, бидејќи сите пудри кои што се наменети за сува кожа даваат некој сјај што воопшто не ми се допаѓа
Не знам дали некоја од вас се одлучи да ја купи, јас сепак ќе ја пофалам. Имам комбинирана кожа, мрсна на т-зоната. Пудрава ја користам со прајмер од Гарние и Боржуа камена пудра одозгора. Прво што ме привлече во пудрава беше што има нијанса што е совршена за мојата кожа. Јас имам светла кожа и ми одговараат ладните нијанси. Обично сите пудри ми маваат на портокалово, или се претемни, оваа е совршена. Исто така, мене лицето не ми светнува со неа, а и самата пудра е долготрајна, 6-7 саати стои на лицето. Покривноста е исто така солидна, има средна покривност и мала количина ми е доволна да ги покријам недостатоците. Да нагласам дека јас имам релативно чисто лице, и немам проблеми со црвенила, па секогаш барам пудра со ваква покривност. Лицето ми изгледа природно, не како зацементирано. Јас ја препорачувам. 9/10 оцена од мене
Да постојат и такви пудри, ама секако се од поскапите брендови, јас досега од понискобуџетната козметика немам наидено на нешто такво, за жал. Би ја спомнала добро познатата Есте Лаудер double wear, а и онаа superbalanced на Clinique која мене лично ми е поголем фаворит од Есте - мене double wear едноставно не ми одговара. Кај нас не знам колку пари е superbalanced на Clinique, јас ја купив летово од Сефора за 20-тина евра. Прочитав многу критики за пудрава, ама мене ми е навистина супер (имам комбинирана, на периоди и мрсна кожа). Наводно, ја хидрира сувата кожа, а кај мрсната го контролира лачењето на себумот. Навистина не светнувам подолго време од неа, но не сум имала храброст да ја нанесам без камена пудра одозгора. Ја препорачувам од се` срце. Баш ме интересира колку е кај нас, ја штедам токму од таа причина, зашто мислам, не мислам туку убедена сум дека нашите секако по обичај претерале со цените. Ако е тука некаде и кај нас, тогаш навистина би ја купила повторно и не би ја штедела до следното одење накај Сефора.
Јaс вчерa јa купив oвaa пудрa нa ризик oд Loreal 130 true beige мислaм декa е нaјсветлaтa нијaнсa. Јa пoгoдив 100 % нијaнсaтa , ми се дoпaѓa штo изгледa мнoгу прирoднo нa лицетo мене се ми пoкривa дa нaпoменaм декa имaм чистo лице. Сегa зa трaјнoстa незнaм уште штo дa кaжaм ќе јa прoбaм и сo пoдлoгaтa нa Рaдиaнт пa ќе пишaм. Мoјaтa кoжa е мрснa и бaш ми oдгoвaрa. Јa земaв oкoлу 630 ден oд шaтци
Блазе ти тебе со чисто лице Ја купив и јас 140golden beige,бојата си ја погодив.Имам комбинирана повеќе накај мрсна кожа,мрсна Тзона и не баш чисто лице.Покривноста (барем за мене со црвенила,брунки,флеки) и е добра,бидејќи не ни барам мат ефект.Не ми светнува лицето после 6-7 часа..но кај мене е проблемот подлогата.Ми е страв да експериментирам со подлоги,а да ја ставам без крем некако ми е страв да не избувнам во лицето бидејќи имам мн.осетлива кожа.Е само што забележав овие денеови е дека некако ми делува суво на лицето..незанм можеби е до самото ладно време
Баш дојдов да пишав во темава за пудрава на Лореал Infallible 24. Не знам колку рецензии не прочитав по интернетов и денес појдов да ја купам , ја барав нијансата 120 или 125 ама испадна дека во земјава нијансите почнуваат од 130 и тоа не ми е јасно, по интернетов читав дека најсветла нијанса е 015 па 120 па 125 потоа 130, како овдека е најсветла таа? И не ја купив, зашто многу девојки имаа пишано дека знае да окдсидира и затоа е подобро да се земе посветла, а јас за неполна година 3 пудри фрлив од тоа нивно оксидирање . Не сум упатена ама може ли за нашиов пазар да е направена 130 најсветла нијанса?
Ретко кога кај нас ги имало сите нијанси од цела серија. Најверојатно има улога и подрајчето во кое се дистрибуираат пудрите и ги носат најчесто бараните нијанси. Можеби не важиме за толку светла нација како едни извесни Швеѓани, на пример. Многу е светла нијансата 130 на оваа пудра и мене патем ми беше супер, ама не сум ја купила, некако секогаш завршувам со друга пудра на крај, а и ми остава впечаток дека ќе ме разочара па не се надевам многу на неа. Ме фаќа и мене мерак кога ве читам вака, ама дефинитивно ќе почека. Туку, јас пред некое време се убив од барање на нијансата N1 Ivory на L'Oreal true match. Ја нема никаде, секаде нијансите им почнуваат од N2. Ја баталив и купив нешто друго, не ми било судено ниту да ја планирам за подарок.
Девојки дали некоја од вас ја има користено оваа пудра од Oriflame,за каква кожа е наменета и колку е покривна? http://mk.oriflame.com/catalog-images/product/global/26597_2.png
Тоа објаснува зошто ми е толку тешко да си најдам пудра. Инаку да, 130ката е светла, мојата е таква, а јас имам прилично светла кожа. Малку оксидира, ама не е ништо страшно.
Не си единствена, I feel you. Ќе ја имам на ум, ако некогаш ми здосади Ревлонот. Толку ми е погодена нијансата, што мислам дека никогаш повеќе нема да ја сменам додека ја произведуваат.
Верувам дека повеќето сте ја користеле Time Plus на Seventeen, па ако можете да ми препорачате пудра со слична структура. Доволна ми е оваа покривност и сега сум во потрага по нова пудра што нема да ми се познава дека ја имам ставено, т.е. баш како оваа. Исто и со цената да се тука негде, 500-600ден. На неа пишува дека е за сите типови кожа, а на темава читав дека била за сува кожа само. Јас имам нормална, со мрсна т-зона од време на време и ми одговара пудрава. Препораки за нешто слично?
Искрено мислам дека не е за мрсна т-зона. Братучедка ми ја имаше и уште ја има, бидејќи е за сува кожа одлична и за оние кои имаат чисто лице ( кои се исфрлаат одреден период, не постојано). Но таа е бела по боја на кожа, па оваа и се погоди. Што се однесува до покривноста можам да кажам дека е 50-50% од покривноста, но не е трајна. Јас ја имам пробано еднаш и за 1 час светнав. Додуша додека ми спаѓаше се осеќав како кал да сум ставала на лице.