Како што кажа @naturally , Афинитонот на Мејбилајн, е многу слична со оваа на Севентин. јас еден период ги кристев напоредно,едната па другата. Имам сува кожа,со минимално масна т-зона во летните периоди. Со малку камена пудра ми беше одлична. Имам чисто лице, па не ми треба некоја покривност, т.е повеќе е за изеднчување на тенот и измазнување на лицето.Дава убав природен сјај на лицето(не да светнеш ко лампион), кој мене лично ми се допаѓа. Мејбилајнот има по привлечно пакување, барем според мене, бидејќи е со пумпица и си стои исправена, додека другата ако ја оставев со капачето надолу знаеше да ми потече во капачето, па кога ќе ја отворев се правев лом,поради течната структура што ја има , нели. Исто Мејбилајнот ми имаше подобар мирис, на нешто свежо и убаво, не дека Севентинот е лош де. Се на се,мене ми се одлични и двете пудри , и под ниедна не користев крем , немав потреба. Од кога ја покачија Севентинот, со цената се тука некаде и двете,можеби околу 100тина денари да беше разликата, може и помалку.
Девојки, тие што ја користите Young Derm пудрата, дали Ви излегуваат брунки по лицето? Ја користев оваа пудра во 8 одд -1 год, ама немав таков проблем со лицето, сега цело ми е уништено
Еве пишaв некoлку пoстa пoнaзaд , се уште јa немaм испрoбaнo дoвoлнo пудрaтa вo врскa сo трaјнoстa нo oбaвезнo ќе јa прoбaм сo пoдлoгa инaку зaдoвoлнa сум штo си јa нaјдoв нијaнсaтa сaмo се нaдевaм декa немa дa oксидирa :/ инaку мoетo лице е мрснo и сo сигурнoст oдгoвaрa нa мрснo лице
Јас ја користев пред околу една година, и токму поради брунките престанав да ја користам и повеќе немам брунки.Ако имаш брунки користи Хлородерм(во сите атпеки го има)за неколку дена ќе ти поминат,многу е ефикасен. Ја имате ли користено оваа пудра и дали сте задоволни?Сакам да ја порачам...
Ако е за сува кожа зошто тогаш на опаковката пишува дека е за сите типови кожа? Јас сува кожа немам сигурно, а ете пак ми одговара. Најголем плус ми е што на дневна светлина не ми се познава дека имам пудра и затоа барам некоја со слична структура. Во поглед на светнувањето, после 4-5 саати светнувам што и не е така лошо. Ќе отидам до тоалет, ќе се подсредам и решен проблем. Баш ќе видам дали ми одговара и оваа. За каква кожа е наменета?
@Elena69221 минералната е за сува кожа. Додека Афинитонот во тубичка е наменета за сите типови на кожа, а имаат многу слична структура.
Морам да се самоцитирам и да кажам дека увидов дека не се исти овие две нијанси. Сосема заборавив дека бев неколку дена на планина каде што сум сменила боја и дека посветлите пудри што моментално ги имам дома не ми одговараат, а во меѓувреме ја купив оваа. Инаку уште ја тестирам пудрав за да кажам крајно мислење, ама досегашниот впечаток ми се поклопува со оној на останатите, навистина е убава пудрата, стои со часови и има многу убав финиш што не го прави лицето безживотно. Имам комбинирана кожа и кај мене во зима пудрата обично поминува и без камена, затоа што не ми пречи тој минимален сјај во т-зоната што избива после неколку часа.
Јас сепак решив да не ризикувам со пудрава на Лореал не ми се фрла уште една пудра заради оксидирање Ја зедов на Max Factor Lasting Perfomance имав купон со 10% попуст од Дм па го искористив. Ја зедов втората најсветла нијанса 101 Ivory Beige , е сега се надевам нема да оксидира и оваа, утре ќе ја пробам па ќе видиме после неколку дена ќе пишам впечатоци како ќе се понаша на ептен сува кожа.
Девојки, дали може да ми препорачате некоја полесна пудра? Имам чисто лице, освен пред пмс ко ми се појавуваат некои ситни акни ама проаѓаат, и скоро никогаш не користам пудра. Сува кожа имам, освен кај т-зоната почесто ми е мрсна Ви благодарам однапред
Јас ја користам од орифлејм Skin dream BB cream pure од орифлејм баш е за тинејџерска нежна и осетлива кожа,бидејќи е крем пудра,лесна и не ги затвара порите.Јас лично многу сум задоволна од покривноста а лицето ми свети не се познава дека имам ставано пудра(природен изглед има) еве ти подетално овдека имам цитирано мислење за истата http://forum.femina.mk/threads/Пудра-за-лице.88/page-446
Предлог за добра камена пудра?Читав дека најмногу ги фалите од Макс фактор,Римел и Буржоа.....Која би била најдобра за комбинирана кожа?
@softy1 јас ги имам користено и на Макс фактор и на Римел и мнооогу одамна една од Буржоа. Според мене најдобра е Римел стеј мат. Таа на Макс фактор не е лоша, ама многу ми се темни боите. Транслусент 01 нијансата од Макс фактор можам комотно како бронзер да ја користам Римел има посветли нијанси ако ти требаат такви. На Катрис таа што е All matt не е лоша за цената од околу 250 денари. А од другите за кои што ти праша, таа на Римел е најефтина околу 320 денари.
јас си ја ставив на листа за купување, читнав некои препораки дека добро ја фиксира шминката, и го матира лицето, пиши кога ќе ја пробаш
Да ги прашам "искусните" во врска со Revlon ColorStay течната пудра, за комбинирана кожа: Кој број би ми одговарал од пудрава според вас? Еве ваков тен имам (не сум јас на сликава ) Девојкава е некоја блогерка, прочитав дека ја користела Менхетен во црната тубичка бр. 82 beige, па во склоп со тоа што го гледам на сликава тенот ни е 99% сличен.
@Lepaaa , пудрата на оваа и` е малку темна или мoжеби е и до пудрата, мислам дека самата нијанса на оваа пудра е доста портокалова. Погледни ги 180 и 220, мислам дека една од тие би ти била добра. И двете се беж, ама мислам дека и самата ќе видиш која подобро ти одговара кога ќе пробаш, вака од слика не би ризикувала да ти кажам нијанса, друго е кога ќе видиш како истата изгледа на лице. Види некои видеа со овие нијанси или изгуглај фотографии па процени отприлика што мислиш дека повеќе би ти се допаднало.