Два пати ја купив пудрава и два пати утнав со нијансите, поради мојата замисла дека имам темен тен првиот пат земав 330, па после 320! И двете ми беа темни, а после извесен период уште потемни- поради тоа што пудрава оксидира, најверојатно. Сега сакам пак да ја купам ама ете се плашам да не згрешам пак, со што би фрлила 800 денари за џабе. Јас имам среедно темен тен, со жолт подтон. Ги гуглам нијансите и сите ми одговараат некако
дали ревлон колор стеј дава дух ефект на слики? ми треба само за излегување па најбитно е да не личам бледа на сликите
Моја омилена на сите времиња е Bourjois HelathyMix, користам нијанса 51. Мнооогу го сакав старото пакување, ама мислам дека пудрата не е променета, така што новото пакување и не е некој голем минус.
Девојки на кој начин ја нанесувате течната пудра? Дали мислите дека е подобро со прсти или употребувате некои посебни четки за таа намена?
Мене дефинтивно не ми се посреќува со пудриве што е работава не знам ама веќе ми се плаче од што не можам пудра да си погодам, т.е нијанса. Ги зимам најсветлите нијанси и пак ми се темни, не е можно не сум до толку бела. Последно ја зедов на макс Факстор Ластинг Перформанс и ми се познава повторно се двои кај вратот. Во однос на покривноста сум задоволна, делува природно, ми дава сјај на лицето што значи одговара за сува кожа, ама бојава бе ќе си пукнам, додека ја нанесувам делува доста бело, за некоја секунда како да станува црвенкаста, после 5 минути си добива нормална боја ама ми се двои од вратот Не сакам да ја фрлам не е баш ефтина, има ли начин да ја осветлам со камена/ пудра во прав? Препорака за таква?
За да не ти се двои толку во вратот, пробај да ставиш на цел врат и покриј го малку и деколтето со пудрата, ама многу малку за да изгледа како да е твојот природен тен.Тоа е единствениот трик кој би можела да ти го кажам за да не ти двои пудрата.Инаку имаш транслуцентна пудра на Макс фактор, која дава поблед тен и матира. Исто така имаш и од Есенс, малку понискобуџетна е ако не ти се дава многу пари ама доста ефективна само што на слики со блиц iизлегува многу блед тен.
Па нe ми сe дава пaри искренo многу, само па да не ми го исушат овие камениве лицево, пошто мене и така ми е суво, ми е страв да не се изразат брчките и ситните линии под очите
@anastasijaki пудрата најчесто ќе ти дели од вратот затоа што вратот е најчесто посветол од лицето,лицето сепак се изложува на сонце,а тој толку не..и јас го имам истиот проблем и на лето се обидувам да го потемнам вратот но никогаш не успевам да го изедначам со лицето...и јас сум прилично бела и имам само една пудра од која не ми се познава многу разлика на лицето и вратот (Revlon colorstay 150 Buff) со сите други пудри има некоја разлика...а и не е поентата на пудрата да е иста со вратот зошто тогаш телото ќе ти двои многу од вратот и лицето..јас со проблемов се справувам така што кога ставам пудра, инаку нанесувам со четка, откако ќе ја изблендирам на лицето поминувам со четката по вратот да добие тој малку боја..ако гледам дека тоа е доволно застанувам тука..ако не,земам малку бронзер на голема четка и поминувам по вратот со лесна рака..значи не е поентата вратот да го направам кафеав туку да добијам малку топлина од бронзерот на него и колку толку да добијам некоја изедначеност
Лепа ме знаеш јас каков тен имам, мислам дека сме слични. Јас во зима ја користам 200 nude нијансата која мене ми мава малку на розенукаво, а во лето (кога не сум сончана) ја користам 220 nautral beige што е баш беж не оди воопшто накај розево ниту портокалово.. Користам од тие за сува кожа, претпоставувам дека нијансите се сити.
@Lepaaa & @mims-89, внимавајте девојки... видеово вика дека таа за нормална/сува има потемни нијасни од другата. Исто име, ама потемна за нијанса. Туку, јас заборавив дали Ревлонот воопшто оксидира, многу или малку и како изгледаше на слики. А, ми треба пудра за навечер за со блиц и сега стварно се мислам дали 180 или 220 да ја земам. Од тие за мрсна кожа. 180 своевремено ми беше онака ОК за дневно светло.
Сенца, да не ти биде темна 220ката? Како што се сеќавам имаш пишано дека имаш светол тен? Можеби дури треба да пробаш со таа на Мишела, 150ката, м? Лепа ти ептен си претерала со нијансите, и јас да ти кажам се фатив за нив, не за друго, таков тен сакам исончан, па можеби и ти така, по wannabe tan линија. Јас мислам да си ја земеш 220, мислам дека ќе бидеш задоволна. Инаку периодов ми се случува да излезам само со неа, без камена, просто не ми се верува. Точно дека е зима, ама сепак- за мене беше незамисливо да излезам само со течна пудра. Не знам зошто не сум си ја купила порано пудрава, навистина ми одговара.
Да @mims-89 сличен тен и подтон имаме, така да ќе ја видам 220ката. Туку читав некои коментари дека и ја смениле текстурата, наводно имало нови СS со SPF 16 и биле многу густи. Стигнала во МК ваква серија или исти се пудриве како пред 2 години (тогаш последно ја користев) ?
Јас ја користам течната на essence и сум презадоволна... лесна е,не ми создава брункички, покрива доволно , убаво изгледа на лицето(доволно е само крема за лице прво да се нанесе) не би ја мењала....
Сесилија, јас секој ден си се самозаљубувам во лицето (колку ова само звучеше нарцисоидно ), конечно изгледам нормално како и сите останати луѓе, а камена пудра ставам само навечер и тоа доколку излегувам некаде каде има буткања и гужви, чисто превентивно, инаку немам потреба воопшто. Имам и поскапи пудри кои не ми се ни малку како Ревлонот. За нијансата нема потреба да зборувам, посовршена немам најдено за албино луѓе како мене. И прва пудра ми е после толку време, која ќе ја потрошам до крај, веќе и` се наѕира дното, па и за тоа сум среќна. Сакав да прашам - во Зегин ја имаат ли нијансата 150 и во која Зегин да барам, која е најснабдена? Во онаа кај Железничка не ми изгледа дека имаат пудри од Ревлон, таа ми е мислам најблиску. Или сум закаснела бајаги со прашањето, немаат веќе нивни пудри ? @senza.parole , јас добив впечаток дека можеби ако си ја погодиш нијансата и ако не нанесеш сомнителна камена пудра (сомнителна во смисол, да не создава ефект како оние транслусентните пудри, зашто има и најобични камени пудри во нијанси кои мене лично ми прават гоуст ефект), нема да испаднеш бледа. Имам доста фотографии направени и со блиц и со DSLR апарат на кој посебно, ужасно се познаваат такви фејлови и никогаш не ми се случило да изгледам бела во лицето. Исто не ми оксидирала никогаш, толку е светла нијансата и да се случеше нешто вакво ќе приметев во секој случај, кај посветлите нијанси барем доста се познава ако пудрата оксидира. Кај мене вакво нешто не се случило.
@sesilija, во право си. Можно е да изгледам темна. Ќе ја купам ако не 180, како порано што си користев. За 150 ме мачи малку да не сум па ептен светла со неа, иако 180 малку, сосем малку ми е потемна од тенот, ама пак ме мачи 150 навечер како ќе изгледа. Ах, жени... муке наше нико не зна. Во секој случај, јас ја исфрлив од употреба транслуцентната на Essence и се вратив на 003 на Rimmel-от Stay Matte. Е, сега утре ќе ја тестирам со Естето која е бајаги светла, ако изгледа нормално, значи до Essence-от бил проблемот. Ако е пак светла, или требало да купам 004 од Rimmel или да престанам да ја користам оваа нијанса на Estee за сликање. А, денски е ОК. Затоа мислев да ја купам Revlon-от, па за камена тука-таму. А, може и од нив комбинација 003 за ден, 004 за навечер. Ме пратите ли жени, сама се изгубив во муабетов. За strawberry.net не идеше ред да пишам, мислам и на @Artemission не и вратив тогаш, (прости ми, колоквиумска беше) ама нијансите се старите и некој сомнеж ме фаќа дека чистат залихи. Ќе редактирам да проверам ти која нијанса беше, за да ти го кажам новиот еквивалент. Еве ме, Pale Almond како нијанса т.е описна нијанса не постои, а 2C1 сега е Pure Beige, која мава апла на розево. Мое мислење е дека бројчињата и нивните нијанси не се сменети, туку само составот и описните имиња. Можеш на официјалната страна на Estée да провериш. @Mishela, најснабдени според мене се Зегин 24/7 на Партизанска до Буњаковец и таа во ГТЦ. Пак да се повторам со муабетот (не од прва рака, туку тука што имам прочитано) демек тој Ревлон во Зегин бил од друг дистрибутер, различен со тој во Космо и пудрата била со поинаква конзистенција и состав. Ај, ве молам баш проверете го ова.
@senza.parole , јас по мене гледам дека нијансата 150 воопшто не ме прави бела во лицето, макар се сликала и навечер. Мене онаа 180 ми е премногу темна, цела нијанса сигурно. Оваа ми е одлична, дури мислам одлична е премал збор за тоа колку ми е по вкус.
Јас пудрава кога ја купував, ја купував од Зегин тој што е пред Симпо, во Карпош 1. Таму беше 690 денари. Друга работа што ми е откритие, е дека нијансата на пудрата требало да се бира според бојата на вратот и деколтето, а не според бојата на лицето (зошто нели за нијанса бојата на лицето е потемна- преку лето или послетла-преку зима) со цел да се добие воедначеност.
Си ја купив пудрава пред некој ден. Денес ставив, ама по неколку часа ја извадив шминката и не знам дали трае долго, ќе видам деновиве. Инаку вака делува добро, прикрива, за разлика од мејбилајнот што немаше никаков ефект, барем на моето лице.