Не зафркавајте каква Импала бе луѓе.Самото тоа што се продава на пазар на тезга значи нечини!Плус ако има девојчето проблеми со лупење на кожата воопшто не е пожелно да зема чкартови.Треба да си земе некоја за поосетлива кожа.Јас би ти препорачала импала да ја забораиш.Кузнај какви чуда внатре содржи Има и други поефтини,а поквалитетни пудри.Во оваа тема се скоро сите спомнати...
И Голден Роуз маскарите да не не чинат? И општо сите нивни производи? Мислам, штом се продаваат на пазар...
И јас ја користев импалата едно време,ама не ми одговараше се исфрлам од неа.А инаку нетреба да значи дека ако се продава на пазар дека не чини.Има многу производи на Голден Роуз што се баш фини.Инаку моментални ја користам пудрата од авон со смирувачки и ефект,ама некако не ми е по ќејф.Девојки пепорачајте некоја пудра,инаку имам нормална кожа,а на периоди знае да ми биде мрсна,зависи кога како.А сакам некоја пудра со мат ефект.Предлог?
на сите би ви дала еден совет од лично искуство. Не ставајте сеаква пудра на лице. Знам дека се поскапи квалитетните ама подобро заштеди на друго и купете си квалитетна пудра. И јас кога бев 16 години купував од пазар, и лицето ми се нафрла толку силно што од тогаш само Макс Фактор или Лореал. Еве веќе 16 години користам квалитетни пудри и никогаш не сум имала проблем со лупење на кожа, црвенила и сличн работи. Друго не. Сепак за лице се работи. Внимавајте од каде купувате и што ставате на лицето.
Добро покрива? Јас имам квалитетни кругови под очите и ми треба нешто што добро покрива. Инаку, за наваму-натаму купив пудра од Аура (некоја Perfect cover), ОК е, и ценета и е културна, 380 ден. За мене најдобра течна пудра е од Clinique, ама во моментов ми е многу скапа затоа што би требало да си ја купам тука, а тука се, секако, поскапи.
Екстра е пудрата. Е сега ставам и коректор исто од макс фактор кога имам многу подоцнаци или кога сум ненаспана, ама и самата пудра прикрива и сто е најбитно толку е лесна како крема, не ја осеќам дека носам пудра.
Подолго време ја користев течната пудра на radiant и наместо да ми ги покрие недостатоците, уште повеќе ги откриваше. Немам проблеми со акни туку со сува кожа. Сега имам камена - radiant, ама многу ретко ја употребувам. Најчесто го користам кремот на nivea кој треба да е замена за пудра, врска нема. Да немаа пудрите рок на траење, јас со една ќе го поминев цел живот - ете толку често ставам пудра на лицето...
Значи ова и сакав да го кажам!Сепак за лице за работи!Ако нема сега негативни ефекти сигурна сум дека ќе има во иднина,како на пример побрзо стареење на кожата...ако не друго. Поминувам на зелено пазарче и гледам Импала пудрите наредени,сонце ги грее,си немаат гајле А не дека лично сум против купување на било какви производи од пазар.Сепак не се зема било што од таму!А за Голден Розе Хипика незнам точно,мислам дека немаат пудри,јас имам искуство само со лак за нокти.
Ми стигна пудрата пред недела, две досега ставав 5-6 пати. Не е лоша, не покрива којзнае колку но добро сум ја погодила нијансата ми одговара со бојата на кожата. Инаку одозгора ставам и камена пудра за да нема светкав ефект. Лесна пудра за секојдневна употреба, ќе ја потрошам па ќе видам дали повторно ќе порачам, што е најважно добро ми делува на кожата зошто има пудри од кои ми се јаува црвенило и ситни брунчиња.
Не знам и јас за пудрите на Голден Роуз, јас маскари сум користела. Но ми беше муабетов за производи на пазар што се продаваат. Велиш дека стојат на сонце пудрите. Значи проблемот е во условите во кои тие пудри се продаваат. Јас Импала купувам од парфимерија од која купува цел град и во која газдата (кој воедно е и продавач) е екстремно упатен во козметика. Се знам добро со човекот и сигурно нема да ме лаже за една пудра од 100-150 денари. Мене засега ми е супер. А дека може да се нафрла лицето - може, не велам не, но тоа зависи од кожата.
Првата ја немам користено а втората да и ок е ,нема шанса да ти свети лицето.Најубаво кога ќе купуваш, отиди во космо или јуник и прашај ги девојките таму што работат да ти помогнат и после пробај си на лицето која ќе ти одговара
Денес си купив нова пудра. Ја земав Bourjois HealthyMix и тоа со гратис маскара Bourjois Volume Glamour Ultra Black. Сетот е 810 денари во парфимериите на Шатци. + Гледам кај нас низ парфимериите ја има и новата Bourjois HealthyMix Serum по промотивна цена од околу 650 денари. Ми рекоа дека има полесна геласта структура за раслика од старата добро позната HealthyMix. Ако некој има искуство со новава нека сподели.
Јас ја користам пудрата од Seventeen веќе три години и супер ми е. Без разлика на тоа која пудра користите сакам само да ве потсетам внимателно и целосно да ја отстранувате , во спротивно ке си напраите проблем.
јас веќе две години ја користам оваа пудра, ја купив во швајцарија, малку е прескапа ама вреди за парите, две години кај што ја имам и уште не ми е потрошена мала количина треба за да ги покрие сите недостатоци на лицето и цел ден трае.. (има една мана тешко се отстранува).. сега ми е при крај, незнам дали може да се најде некаде во македонијава... ако виде некој ве молам да ми каже
Јас ја купив Estee Lauder Maximum Cover во Грција, кај нас неможе да се најде. Точно е дека е поскапа (36Еur во Sephora) и точно е дека со една капка се покрива цело лице, ама лично мене не ми одговараше. Имам две тенки линии на челото и минимални брчки под очите и пудрава ги потенцираше. Лицето ми изгледаше ко на 50 години. Ја подарив на пријателка 10 години помлада од мене и таа е задоволна. Слично нешто кај нас е Double Wear на EL. Лично мене и повеке ми се допаѓа Double Wear од Maximum Cover. Долготрајна е, исто така одлично покрива и мала количина е доволна за цело лице. Цената е 2400 денари во Cosmo.