Сенца, ти пишав јас тогаш за дистрибутерот, ама ако некоја оди до космо или има купено пудра од таму нека пише што пишува позади на декларацијата. Јас пак ќе кажам, мислам дека нема врска тоа дека има повеќе увозници, а проблемот со составот и спф бил поради тоа што некаде имало повеќе залихи и се продавала уште старата со помал спф, а некаде донеле од новата, и затоа. Меѓутоа баш ме интересира дали грешам или не, која има ревлон пудра купена во космо може да ја разреши оваа дилема. А сега ти ме замисли за камената, јас порано ја користев од римел и како што се сеќавам ја имав 3ката, а на лето ја земав 4ката и ми одговараа нијансите, ама ако и тебе ти одговараат значи имаме ист тен и не си толку бледа? Еве и сега пак планирам да ја купам, веројатно ќе биде добра во комбинација со ревлонот. Кај неа ме нервира што кога ми е при крај секогаш ми се распаѓа и потоа не можам да ја искористам до крај. Таман ќе си кажам да пазам да не ми се раздроби и обавезно тоа ми се дешава и потоа ја фрлам. Воопшто не ми е практична амбалажата, ама таман ќе си одговараат со непрактичната на ревлон . Мишела, не ми зборувај за самозаљубување, мада додека не ја тестирам во летни услови не можам да кажам дека го најдов својот мир. Лепа, сега пудрата во Зегин е мислам 740, покачена е, а дали е нова во споредба со таа што си ја имала не можам да ти кажам бидејќи прв пат ја користам. Баш сега видов на моето шишенце пишува дека е произведена 7ми месец 2013 година и дека е со рок на употреба 4 години.
Значи оваа со повисок SPF е нова верзија на пудрава? - Читав дополнително дека таа CS со повисок SPF била погуста, едвај излегувала од шишенцето, дека не била со толку голема покривност како старата и дека оваа за комбинирана/масна кожа се собирала на сувите делови од лицето, како што се образите кај поголем дел од жените кои ја користат, а имаат комбинирана кожа. Искрено, јас моментално ја користам Менхетен во црната тубичка и презадоволна сум, ама па нешто одвнатре ме "јаде", да ја купам и Ревлон-ов. И си викам, ако не одам уште утре да ја купам,и ако продолжам да читам рецензии, ќе се премислам, зошто од оваа новава верзија баш се незадоволни, а кај и да е ќе ја снема старава низ парфимерииве, па ако не првото шишенце, второто сигурно ќе биде од новата варијанта. Редактирам за да ви предложам оваа транслуцентна камена пудра што јас ја користам моментално и имам милион пофални зборови. Цената не ја памтам, но не е поскапа од 500 денари, матира бескрајно и ја фискира течната пудра.
Лепа, а каква е на слики оваа од максфактор? Не знам дали ја следеше дискусијата дека овие пудри на слики даваат дух ефект? Инаку најлесно е да се купи таква нијанса, ама после видеата и сликите за нејзините ефекти во контакт со блиц, ја отфрлив како избор. Наврати се на темата ако немаш видено, доста полемизиравме. Да сум на твое место одам утре и си ја купувам ревлонот, јас не можам така да одолеам ако нешто ме јаде за некој производ. Ако ми се има увртено во глава нема да се смирам додека не си го ставам на тоалетната масичка.
Мојата е земена од Космо , некаде кратко по почетокот на август. Пишува дека има СПФ 15, јас не сум го ни приметила тоа до сега, а старата што ја користев пред неколку години мислам дека беше со СПФ 6, ако не се лажам? Ќе ви ја препишам декларацијата, т.е. увозник-извозник. Извозник: Илирија дд Љубљана - Словенија Увозник за МК: Илирија интернационал ДООЕЛ Земја на потекло: САД @sesilija , јас баш имав прилика да ја тестирам на топлото време, докажана ми е и нема да ја сменам. Памет со време за ова лето, барем ќе бидам обезбедена, постојано се жалев од пудрите зашто ниту една не ми одговараше во лето.
Епа еве Мишела ја разреши дилемата- се потврди тоа што и го велев претходно на Сенца, тој е увозникот. И кај мене го пишува истото на декларацијата, а пудрата ја имам купено во Зегин. Тие што пуштиле шпекулации дека е различна ја имале претходно таа со помал спф.
Најверојатно е до тоа, гледам и кај тебе е произведена во истиот месец, што значи тоа е тоа. Од старата верзија има разлика и те како, мене старата ми беше потешка на лице (можеби тогаш сум била помала, не знам, имав 17) , малку попокривна, но и полесно лизгаше надоле од шишенцето. Со ова сега морам да правам акробации за да излезе пудрата. Инаку, проба ли некоја да ја „намонтира“ пумпицата од зелениот серум на Авон и да види дали функционира кај Ревлонот? Мене ме мачи една работа, т.е. две. Прво и прво, го немам серумот, а ужасно ме копка да пробам и второ - не знам дали ќе се затвара капачето од пудрата потоа, убедена сум дека не и се плашам да не и` штети тоа на пудрата, да навлегува воздух и да стане за никаде како отстоените тестери низ парфимериите ?!
@sesilija не, не го дава тој дух ефект на слики, Баш убаво матира и го изедначува тенот, но не би да убедувам, зошто кај тебе можеби поинаку ќе изгледа. @Mishela низ многу српски форуми читав дека тоа зеленото капаче било идеално за пудрава, го полнеле празното шишенце на серумот со различни детергенти и вода, па "шприцале" содржината, така неколку пати, па после со 70% алкохол истата постапка и на крај со вода. Совршено одговарало, барем така пишуваат.
Нема ли на тој начин да се изгуби многу од пудрата, се` си мислам дека подобро би било да се најде соодветна пумпица и да се намонтира, ама ова со капачето ме вади од такт.
Сенца јас мојата пудра на Estée Lauder ја земав од Космо, скапа ми е за да ризикувам со нијанси и да ја порачувам од интернет. Продавачката тогаш ми рече дека ги смениле пудрите и можно е да сум ја земала јас старата - како што викаш чистеле залихи и таму Туку ве пратам во темава со Ревлонот, од дамна ми е во план и ме набуцкавте да си ја земам Ај ве молам само некој нека ми појасни какво е тоа зелено капаче од Авон т.е. од што производ е?
Девојки, не се секирајте, истата пудра е и во Зегин и во Космо. Најефтина е во Зегин од причина што Зегин е застапен низ цела Македонија со многу повеќе локации од Космо, а со тоа набавува повеќе залихи и така може да си дозволи да ја намали цената. Истово важи и за апчињата, во споредба со другите аптеки. Јас уште не сум ја купила, но мислам дека изборот падна на бр.220. И да ми е малце потемна, гајле ми е, за навечер ми е само и онака. За преку ден се знае - Римел ластинг финиш бр.200 . Совршенство!
Јaс јa имaм кoристенo oвaa нa Клиник , stay matte зa мрснo лице, нo не бев зaдoвoлнa некaкo брзo зaсветувaв вo т зoнaтa , a прoдaвaчкaтa ме предупреди декa не е кaкo нa Есте Лaудер пудрaтa дa јa кoнтрoлирa мaснoтијaтa нa лицетo aмa ете јaс сaкaв дa јa прoбaм и дa си знaм. Јa имaв земенo oд гр 24 еврa нa пoпуст a мoжев дa дoдaдaм уште 6 еврa и нa есте дa јa земaм. Јaс бaрем не бев зaдoвoлнa a тaa е тaa зa мрснo лице
Во врска со Ревлонот, јас ја земав пред месец дена од Космо, пошто ми требаше нешто долготрајно за на работа, а да не е Есте (не сакам да си ја трошам за секој ден, прескапа е за тоа ). Ревлонов ја немам користено добри 2 години, па си реков да ја земам пак и ја земав нијансата што и порано ја користев - 180. Прво што забележав е дека нијансава е многу, многу посветла од тоа што памтам Знам дека порано беше баш беж боја со жолт подтон, а сега мене накај бело дури ми оди, едноставно многу ми е светла, ама ајде, се решава тоа некако со бронзер. Друга работа, сега е со СПФ 15 (што е добро), но забележав дека е драстично погуста, се изнамачив додека да исцедам мал дел од шишенцето. Порано си течеше убаво, баш како Есте, и бев презадоволна од Ревлонот своевремено. Сега буквално го мавам шишенцето од рака со сета сила за да потече Трета работа, покривноста не е ни приближно тоа што беше. Чудна е некако структурата, многу густа, а на лице се размачкува лесно, како крема и многу помалку покрива од порано. Што и' направиле на пудрава не знам, ама далеку е од тоа што беше, формулата и' ја имаат променето 100%. Но и покрај се', Ревлон е според мене дефинитивно најдобрата drugstore пудра за мрсна кожа. Ако ништо друго, барем сеуште е постојана и издржлива на лице без да светне неколку часа. Јас цел работен ден го терам без да светнам, ама пустото зошто толку густа ја направиле? Секое утро губам пола саат само со пудрата. Ако веќе толку ја згуснале, нека и' стават една пумпица да му се невиди
Сексибејби, покривноста се надоградува, и со четка е дефинитивно поголема отколку со прсти. Како што читам низ рецензиите поранешната веднаш се фиксирала и било потешко тоа надоградување и требало побрзо да се размачка додека да се фиксира (затоа некои ја нанесувале постепено на секој дел од лицето). Сега јас не осеќам дека е така туку баш нанесувам повторно таму каде што сметам дека треба,а забележувам дури после минута две дека пудрата ја добива вистинската нијанса и се стабилизира на лице. А за да немаш мака со течењето простреси го шишенцето пред да го одвртиш капачето и потоа кога ќе го одвртиш пудрата ќе ти биде скроз горе на грлото на шишето. Јас така правам.
@sesilija фала на советот, ќе пробам следен пат да го протресам прво шишенцето. Инаку, jас ја ставам со сунѓерче или со четка, зависи што ми е чисто во моментот И да, ете заборавив тоа да спомнам, тотално си во право, порано одма се фиксираше и беше тешко да се надгради покривноста, а сега и' треба подолго време да се фиксира, па баш поради тоа може да се надградува покривноста. Мене лично помалата покривност не ми е проблем, немам многу за прекривање, лицето ми е чисто, само ете забележав дека некако порано ми беше доста попокривна. Ама како и да е, и' давам кредити за издржливоста, мислам дека подобра и попостојана пудра за таква цена (не е евтина, ама еве да речам пристапна) не постои. Поскапа е од другите drugstore пудри, ама е најдобра дефинитивно
Еве и јaс дa пишaм вo врскa сo Loreal Infalliable пудрaтa. Јa земaв 130 нијaнсa a нaјсветлa oвде и пaк некaкo не ми е пoгoденa нијaнсaтa , кoгa јa прoбувaв нa рaкa не изгледaше пoтемнa a сегa кoгa јa нaнесувaм нa лице пoтемнa ми изгледa.. Зa трaјнoстa дoбрa е пoгoтoвo сo пoдлoгa aмa и сo еднa кaпкa се пoкривa смa ете пaк прoблем сo нијaнсите.. Ех пaк ќе кaжaм штo не јa нaпрaвијa Бенефит пудрaвa мaлку пoтрaјнa нијaнсaтa ми е 100 пoстo пoгoденa сегa гледaм ги фaлите пудриве нa Ревлoн aмa мoрaм првo oвaa нa Бенефит дa јa пoтрoшaм зaштo имaм 3 пудри oтвoрени дoмa. Нaреднo се мислaм дa прoбaм некoјa нa Диoр или пa aкo немa нијaнсa сo жoлт пoдтoн и oд нив тoгaш дa се пoтрудaм дa нaјдaм нa Есте пoсветлa oд 2c3 fresco
И мене ми треба некоја слична со Time plus na Seventeеn,па се мислам помеѓу Affinitone и Affinitone mineral,а гледам има и Affinitone 24h,ова ти што го имаш напишано е за минерал или обичната?Имам комбинирана кожа образите ми се нормални,а т зоната ми е помрсна,ми светнува по неколку часа,а некогаш па ми е пресушена и не знам која да ја земам.