Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    ^
     

    Прикачени фајлови:

    На xxAngelxx и ton4ica им се допаѓа ова.
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Пробај ја цц кремата на Макс Фактор, многу лесна структура има, имам пишувано на блогот за неа јас сум ептем задоволна :)
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да прашам и се извинувам ако е глупо прашањето.
    Гледам видеа на јутуб за шминкање,и ме интересира што е тоа Primer (Прајмер) што го ставаат пред пудра за лице,као основа и подолго да трае шминката на лицето? :$:$
     
  4. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    563
    @Srckata28 сама си го одговори прашањето :) прајмерот се става под пудрата, за измазнување на лицето, пополнување на пори и мали брчки. Ако прајмерот е за мрсна кожа, тогаш треба да ја матира кожата, а ако е за сува тогаш ја хидрира. Има и илуминирачки прајмер од Лореал, тој е за добривање на dewy кожа, како J Lo.
    Kај нас незнам колку добри прајмери има, па не би можела да ти препорачам ниту еден. Го имам пробано тој од Гарниер 5 sec blur и мене не ми се допаѓа. Имам и еден од Римел (од асос го нарачав) мислам Fix & perfect се викаше, ама ни тој не ми се свиѓа. Го имам и Porefessional oд Benefit и тој ми е најдобар од сите. Тој го земав од Сефора кога бев на апсолвентска. Сефора има во Солун ако не се лажам, и би трбало да држат и козметика на Smashbox, а тој прајмер мислам дека е најмногу фален по youtube.
    Oд оние кај нас што ги има, можеш да ги видиш прајмерите на Catrice, прочитај рецензии и по интернет може ќе ти одговара некој нивен прајмер.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.744
    Допаѓања:
    145.184
    Affinitone Mineral,но имаат многу слична структура, скоро иста.
    И мене т зоната ми е по мрсна, не многу -минимално-во летните денови, со малку камена пудра ми беа одлични.
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    За жал и јас сеуште не успеав да си најдам добра пудра за моево лице.
    Лицево од ден во ден ми се менува, па така денеска може да ми е ненормално мрсна, посебно на челото, а нареден ден ми е многу сува помеѓу веѓите и околу носот. Некој предлог за пудра, бидејќи единствено решение ми беше на сувите делови да им ставам крема, па потоа течна пудра, ама тогаш па ми се случува ептен да свети ако не ставам пудра во прав.
    Ја користам Севентин Мат плус за комбинирана кожа,ама ако на сувите делови не ставам крема, кожата се лупи, а ако ставам крема после некое време свети.Помош?
     
  7. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    Хееј :) препорачајте некоја пудра за моево лице-се мрси ама само кај т зона
    мМоментално користам [​IMG] веројатно е ваква , сега баш и не знам на памет ама не сум ич задоволна.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975

    Земи си ја обичната Севентин, или во тубичката или Велвет мат, оваа Мат плус јас не се осмелувам да ја пробам. Таа е за мнооогу мрсно лице, не е за комбинирана кожа.:):nod:

    А исто мој совет, посвети си повеќе влијание и на негата на кожата, пример, млеко за чистење, лосион потоа, убава хидратантна помада..... Нахрани го лицето и нема да ти се лупи, тоа е од недоволна влажност плус сега рачунај ладно времево. Значи не мрсно, туку влажно ти треба. Бидејќи гледам дека кожата ни е слична, мене ептен ми се погоди за периодов од Афродита што е, во лимено кутиче. Има една што храни и што влажни, епа јас втората ја имам и сум задоволна. Немаат промашај Афродита досега, барем за нега на лице. :)

    Ова исто козметичарка ми го има кажано, ако сакам да немам лишаи да пијам мнооогу чај. Пример си варите во тенџере, 2-3 литри, овошен или од билки, каков сакате, незасладен само и си пиете. Секој ден така, навистина не можам да речам дека нема ефект... Се чисти лицето, устата не е распукана, а зимно време на многу тоа им е проблем број 1. Јас напоредно пијам и многу вода, сигурно и тоа си има плус ефект.
     
    На senza.parole, crazylady, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Јас еднаш тргнав да купам од Севентин обичната ама ептен се збунив со нијансите. Не знам дали беше лошо светлото ама некако сите ми маваа на сиво и никако не можев да се одлучам :^) Не знам дали се такви само во првиот момент, а потоа веројатно убаво си легнуваат на лице, ама се мислам дека ќе утнам првиот пат и затоа ич не ми се купува.

    Инаку имам прашање за Хелти микс камената од Буржоа. Ве гледам тука ја користите и вие што имате мрсна кожа, а течната од истата линија е наменета за сува или евентуално нормална. Со оглед на тоа што уште малку ќе почне да затоплува ќе треба да почнам да користам поради т-зоната, па се мислам да си ја земам затоа што ми делува дека ќе дава убав и природен финиш. Ќе ве молам некој што ја користи да ме просветли :))))
     
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го поставам прашањево па реков оваа тема е најблиску.. значи си плачев едно 2 саати и лицето ми е црвено а треба да излезам некое решение? :(:D
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Помини со коцка лед. :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Се надевам барем дека ти олеснало после толку плачење.:angel:
    Решение нема, сигурно цело лице ти е потечено и како што кажа црвено, ама имаш среќа што е зима и е студено, па нашминкај се нормално и кога ќе одиш таму каде што треба да одиш кажи леле од ладново цела сум црвена, очиве цело време ми солзеа додека идев. По некое време ќе ти се стабилизира лицето, нели дека нема да си веќе на ладно;).
    Главата горе и со лесно.
     
    На marama и kjukli им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    @kjukli измиј го лицето со ладна вода,ако имаш капки за очи стави после тоа. Во меѓувреме стави две лажици во фрижидер да се оладат и држи ги некое време на очите. Би требало да се намали отокот од плачењето.
    Црвенилата можеш да ги покриеш со пудра и ако имаш зелен коректор,ако не и обичен жолт ќе заврши супер работа. Стави малку бела сенка блиску до внатрешниот агол на окото,маскара,руменило и мислам дека ќе биде во ред. Можеш ако имаш и беж или бело моливче да го исцрташ долниот раб на окото ,внатре,она warerline што го викаат. Визуелно ќе ти ги направи поголеми,посвежи и побудни очите. И немој да плачеш,насмеј се и се ќе биде супер. :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    не ми олесни нешто баш ама не битно, фала ти многу, се надевам нема да изгледам страшно :)
     
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    да се измив и со мраз поминав, капки немам, ама ќе се обидам да се нашминкам што подобро, фала ви на сите многу :l:
     
    На Waka-waka и sesilija им се допаѓа ова.
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Како сте задоволни од Менхетн пудрата антибактериска?
    Имам ББ крема од истата линија на антибактериски, и ја купив само што ми ја препорача дерматолог. Нијансата многу ми се погоди кога ја купував, а од пудрата тоа што го имаше ми беше темно со оглед на тоа дека сум ко дух. Кремава ништо не покрива, може да се рече дека ништо немам ставено на лице, па и чудно се нанесува некако. Мислам дека имам комбинирана кожа, образите ми се нормални па дури и накај суво одат понекогаш, додека Т-зоната ми е помрсна. Не премногу ама се чувствува сепак ако се пипнам, иако не свети. Имате ли нешто да препорачате за тинејџерски буџет? :D Всушност јас и не користам многу, можам и така да си го поминам денот, ама не сакам да немам ништо, некогаш ќе ми затреба.
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    На Princess-Jasmine, Sexybaby86 и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. Lady V

    Lady V Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам оваа пудра од Авон и презадоволна сум, лицето ми изгледа како да немам воопшто ставено пудра, а сепак пегите кои не ми се толку изразени се совршено прикриени :D
     

    Прикачени фајлови:

  19. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Дејзи јас ја имам антибактериската на Менхетен.Многу е покривна, значи ептен многу:D една точкичка не останува на лицето непокриена.Не ги затвара порите,а го измазнува тенот.
    Само треба да се пази при нанесувањето, многу е густа и тешко се разнесува на лицето,а ако не пазеш при нанесувањето се собира во сувите делови на лицето.Ја нанесувам прво со прсти, бидејки(како што сум забележала при користењето) кога ќе дојде во допир со топлината на прстите омекнува и полесно се разнесува по лицето ама после морам да ја тапкам и со сунгерче за да се изедначи и да даде убав ефект инаку како што кажав се собира кај образите оти ми се суви.Така да, ако сакаш убаво да се нанесе подлогата, поточно кремата мора да ти е многу хидратантна.
    Доста време одзема, ама ако се применат овие чекори, лицето многу нежно го остава кога ќе се допреш како бебешка кожа е.
    За трајноста и матирањето на т-зоната имам само пофални зборови.Исто така ако имаш некое мозолче или акна го суши.Добра е за користење при ПМС.:D
    Инаку во комбинација со оваа пудра не би препорачала и камена оти пудрата доволно си ја врши работата за матирање и покривност , имам пробано со камената на Римел и многу ми го исуши лицето и некако тешко го осеќав како фасада да имам ставено.Така да, никад више.:shake::|
    Друго, пудрата има само две нијанси ама се прилагодуваат на лицето.Јас имам 75 beige нијансата, а другата е малку посветла.Мислам дека би ти одговарала посветлата.
    Мирисот е многу тежок,сличен на таа во црната тубичка од Менхетан дури и потежок.:puke:Добра страна е што кога ќе се стави на лицето се губи и не се осеќа.
    Јас би и дала 7/10 на оваа пудра, само затоа што ми се наоѓа кога лицето ми е нафрлано.Инаку за секојдневна употреба, не, многу е тешка.
     
    На Jelena91 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  20. Bella^4ever

    Bella^4ever Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ти ја препорачувам од MAYBELLINE ,Super Stay,Better skin .Одлична е !