@senza.parole што стори мори жено со пудрава? Ако не се лажам имав пишано дека интензитетот и' е далеку поголем кога е нанесена со четка. Јас ја нанесувам со прсти ако не ми треба многу покривност и кога не се шминкам многу, т.е. најчесто за дневна шминка. Инаку кога ми треба поголем интензитет, т.е. кога се шминкам повеќе, тогаш ја нанесувам со четка. Шуќур, нема да ти треба нова нијанса.
@KhalDrogo има пудри на природна база т.е. 99% природни во Космо, Дм и останатите парфимерии/дрогерии, конкретно на козметиката Лавера и не се којзнае колку скапи пудрите за разлика од другиве, по 700-800 денари се. Имаат цели колекции за нега на тело, коса, лице, заби и шминка. И по аптеките ги има, во неколку сигурна сум дека ги имам забележано. Додека пак во ДМ ја има и козметиакта на Алерде која исто така важи за природна само незнам колку %. Мене ми е баш ок пудрата на Лавера, мислам дека има 2 типа едната е со црно капаче другата е со кремасто, најверојатно разликата е во типот на кожа, а имаат и ББ крема. Поводести се, потечни некако од другиве пудри и покривноста не им е нешто нај нај ама за природен производ и те како е одлична. Друго незнам зашто толку се оптоварувате со тие парабени кога не е научно докажано дека во таа мера колку што ги има во пудра за лице, шампон, крема ... може да направат нешто којзнае што. Освен ако немате алергиски реакции на парабените. И баш сакам да ве прашам вие што внимавате толку на тие парабени како се храните, со какви шампони се бањате, за тело мачкања што користите, фарби за коса, паста за заби, лекарства дали пиете, вода каква пиете и дали воздухот надвор го дишете? Зашто не е битно само од парабените да се пазите, а за другото да не ви е гајле. Да не ме сфатите погрешно немам ништо против, убаво е да си пазите ама чисто информативно ме интересира...
Едно од мене. Имам комбинирана кожа со суви делови. Одлично покрива, а ме изгледа вештачки т.е. не се забележува.
пудрата seventin time plus ја користам од втора година средно, а имам 23 години. Тоа ти се 7-8 години. И не би ј менувала за ниедна друга. Еднаш се излажав и си купив друга пудра, не беше поевтина, горе долу слична беше цената како на таа од севентин, ама не бев задоволна воопшто, едвај чекав да ја истрошам. Затоа повеќе не експериментирам, не менувам. Кога веќе сум си ја нашла идеалната пудра незнам ни јас шо ѓавол ме натера тогаш да купувам друга. Иначе цената на пудрста е околу 400 ден. Некаде е и 410 ден, а најефтино сум ја нашла во еурофарм аптеките за 380 ден.
@mims-89 Јас порано ич не се замарав дали има парабени дали е канцерогено и разни глупости и воопшто не ни знаев што се тоа парабени. Ама кога ќе размислиш дека скоро во се има свашта од хемии, парабени, бои и кој знае што и кога ќе ти текне колку е зголемен процентот од заболени на рак па и не е баш сеедно. Многу ретко користам млека за тела не сум љубител, а од шампон го користев Орзен а сега почнав Скварном. И знам за Алверде во ДМ еднаш купив кармин ама не е баш најдобар, и некако сомнително ми е козметика на природна база или пак делумно природна база да биде толку ефтина затоа што знаеме дека тие состојки се поскапи за изработка на самите продукти. Ама како и да е ако гледаме вака тогаш не теба ништо да употребуваме :/
Ми треба пудра за секојдневно користење за на кафе...не знам се мислам за оваа Ја има некој користено? Ефтина е околу 250 денари,ама не и го знам квалтитетот.. Ако може некој да каже искусва што ја има користено? Или па да барам некоја ЦЦ крема ако воопшто има за истиве пари,оти за секојдневно шлакање не ми се фрлаат многу пари. Потребна ми е само за изедначување на тен,немам некои недостаоци. Би ви била многу благодарна доколку ми препорачате нешто за овие пари 250-300 денари. Инаку имам нормална кожа(најверојатно е таква) која што ми се масти кај челото.
Знам дека поназад во форумот имаше пишувано дека ја имаш користено новата на L'orela Infallible,но сепак знам дека повеќе беше за оваа.И јас ја користам моментално L'orela Infallible,но по толку фалења за нејзината покривност (а јас и си имам што да си покривам ) си викам да ја земам и јас на Revlon.Е сега ме интересира што мислиш која бројка е најблиску до 140 Golden Beige на L'orela Infallible.Ја гледам сликата и некако незнам во ниедна не се пронаоѓам
Да а оваа на Ревлон е стопати подобра имаш тестери во космо јас мислам дека би ти одговарале или 180ката или 200ката но за 200 погоре пишуваа дека ја немало таа нијанса кај нас.. ти можеш да провериш во космо или зегин , а во космо имаш тестери па можеш да си пробаш инаку јас ја користам 150ката се плашев да не ми е многу светла но супер е
Здраво мора да бидеш многу внимателна при одбирот на пудра. Поголемиот број на пудри содржат силикони и течен парафин кои ја запушуваат кожата и не и дозволуваат да дише а пудрата да треба да покрива меѓутоа мора да и овозможи на кожата да дише особено ако ја нанесуваш секојдневно. Само да ти објаснам што му прават силиконите на лицето: имаат таква структура да кога ја нанесуваш на лицето (крема или пудра) ти даваат впечаток дека лицето ти е мазно меѓутоа таква е нивната структура. Тие и оневозможуваат на кожата да дише и комплеѕтно ти ги затвораат порите. На тој начин ако и додатно имаш проблеми да речеме со акни или митесери кожата ти изгледа перфектно кога на неа е нанесена пудрата ама под неа состојбата на кожата се влошува со секое следно нанесување. Кога ќе ја отстраниш ќе забележиш дека состојбата е влошена така да другиот ден ќе користиш двапати повеќе од истата пудра за да покриеш се и така стануваш зависна од производот. Познатите козметички куќи ова го прават намерно од 2 причини: 1. силиконите имаат многу ниска куповна цена и поевтино им доага на наставаат еден куп силикони а на нас пудрата ни ја продаваат 10 пати повеќе, 2. затоа што лицето ти станува зависно од ваквите состојки и на компанијата и гарантира продажба на производот. Јас би ти препорачала една од пудрите на алверде од 3 причини: 1.комплетно природна без хемиски состојки кои само и штетат на кожата, 2. ќе ја платиш многу евтино во споредба со некои други извикани марки а за таа цена добиваш 100 пати подобар производ, 3. одлично покрива без да ја задуши кожата. Пробај нема да се покаеш.Одлични се и пудрите на лавера ама зошто да плаќаш многу повеќе кога истите дејства ги имаш со алверде за упола цена. Убавото и квалитетно не значи скапо. Поздрав
Од iHerb сајтот, некои 9.90$ беше, не повеќе. Едит* еве проверив, 8.99$ е моментално. Задоволна сум многу, ја имам и боцкалицата исто од RT, ама оваа е каде-каде поубава. Инаку, жени јас реков пак ќе пишам. Ја пробав пудрава денско време... и да, ми изгледа потемно од вратот на дневно светло. Да ми требаше пудра за преку ден можеби 150 Buff ќе ја купев, ама вака не згрешив зашто ми требаше нешто за навечер. Околу изгледот, мене мааалку ми го има тој dewy ефект, значи на моево лице не е толку мат како Естето. На лице нанесена многу ми е слична со Seventeen матот. Ама нема врска, најбитно ми е да не ми предизвикува нови акни, ама тоа ќе треба да го кажам со почеста употреба на пудрава со нова формула. Инаку, јас Есте пак би ја купила, потемна нијанса за навечер пр. 2N1 Desert Beige - која е еквивалент на 180 Revlon и таа која ја имам дома 1N2 Ecru - еквивалент на 150 Buff од Revlon. И вака ги пишува по интернетов и мое искуство дека се поклопуваат. @koritsaki, читај ова ако те интересира.
Senza бaш исти се нијaнсиве, некa зaврши пудрaвa нa Бенефит пa ќе јa пoбaрaм oвaa нa есте се нaдевaм oвие вo сефoрa декa дoнеле светли нијaнси :/
Јас кога нарачував, нарачав повеќе работи околу 35-40$ ми фати, а шипингот беше нешто помалку од 4$. Ама имаше нешто првиот пат, некој код за попуст, јас не го искористив, отпосле видов. Ај, да разгледам да не има некои промени ќе ти кажам.
Се согласувам со тебе за составот и филозофијата на познатите брендови во врска со пудрите, но не се согласувам дека пудрите на Алверде се толку добри како што ги опиша. Јас имам мрсна кожа, периодично комбинирана, во зависност од временскиот период и верувај дека ги имам пробано сите пудри од Алверде и ниту една не ми одговара. Од она што е крема плус пудра како две во едно се нафрлив ужасно многу, не со акни туку нешто во вид на лишаи и одвај си го најдов крајот потоа. И нивните пудри имаат штетни состојки и можеби парабени - тоа не сум проверила, редовно ги искуцувам на ToxFox апликацијата и доста производи на Алверде, поготово кај некои од пудрите ми детектира дека има штетни состојки. Нејсе, никогаш повторно не би купила пудра од Алверде, затоа што ниту најдов некоја која ми одговара, ниту пак некоја која убаво ќе ми го изедначи тенот и нема да го наговестува моето доаѓање од далеку со блиштечкиот и одвратен, мрсен сјај кој ми го прави на лицето. Трајноста исто според мене е незадоволителна, а немам проблематично лице со неправилности или акни, па сметам дека проблемот не е кај мене. Освен подочниците, кои нормално, си ги корегирам соодветно со коректор.
Здраво драга Mishela јас таа што ја користам е навистина добра (не ставам пудра секогаш затоа што немам навика само за излегување) но ја користам секојдневно кремата бб на алверде (нежно ја бои кожата нема дејство на покривање како пудрата туку го изедначува тенот) и многу ми одговара. Но тоа што е добро за мене немора да биде добро и за останатите секако. Мојата порака беше само предлог секој сам одлучува што ќе користи. Секоја кожа различно реагира на одредени производи и тоа што е добро за мене е лошо за некој друг. Друга течна пудра која сто процентно ја препорачувам и која ја користев скоро 2 години без да побарам друга е онаа на dr. hauschka. Меѓутоа и ова е само мое мислење. Поздрав
Мишела јас се извинувам ако ова е надвор од темата, ама ме интересира таа апликација ToxFox што претставува. Сега пробав да ја симнам меѓутоа е на германски јазик и немам опција да го сменам тоа, а баш би ми била од корист.
Сaкaв дa пoрaчaм пд Фaрмaси пудрa зa мрснa кoжa сo aкни т.е. кoмбинирaнa кoжa. Дaли имa тaквa пoкривнa пудрa и вaши препoрaки.
@ AGIrlNamedMarija можеш да ја симнеш апликацијата Skingredients For Acne Prone слична е со ToxFox, ги покажува штетните состојки во козметичките препарати и е на англиски јазик.
Девојки...имам нормална кожа.Препорачајте ми некоја пудра што е квалитетна и ги покрива недостатоците.Фала ви од напред.