Не сум ја користела само ја имам пробано еднаш. Има лесна структура, сува е, но лесно се размачкува и дава мат изглед. За долготрајност незнам навистина, сигурна сум дека е наменета за мрсна и комбинирана кожа и има средна покривност. За поголема покривност лесно се надградува и не се познава, мене не ми одговара затоа што имам сува кожа. Ако се одлучиш да ја купиш не ја пропуштај понудава во Космо, 499 денари со подарок маскара, маскарата е предобра! True Match јас морам да си ја земам, не се пропушта понудава зашто и руменилава се одлични. За сува/нормална кожа е, јас на мрсна не би ја препорачала затоа што мене ми дава сјај и покрај тоа што имам сува кожа. Менхетн ББ кремата исто така не е лоша, убаво изедначува тен и покрива минимални црвенила и недостатоци.
Ја има користено некој оваа и што рецензија би и дале? Ми донесоа каталог,па се мислам дали да ја порачам,секако ми треба пудра. Инаку лицето ми е нормално,не ми треба којзнае колку покривна,туку повеќе за изедначување на тенот и прикривање на црвенило.
Со која камена пудра ја фиксираш течнава на Виши Дермабленд? За челото ми е најмногу, на другиот дел од лицето кожата ми е нормална, ама таму ептен ми светнува...
Оваа пудра не ти ја препорачувам подобро земи ја Luxe нешто помеѓу се цените се разбира ако имаш кај кого да нарачаш. Јас имам комбинирана кожа порано ги пробав скоро сите пудри на авон и оваа и сите други се воденести. Ужас како кисело млеко да ставаш на лицето и воопшто не е долготрајна.
Баш така сексибејби , и јас имав на брадата и на вратот акни и тоа ситни со гној...и јас веќе гледам што помалку штетни производи да користам и веќе нема да ја користам пудрата , штета што нијансата ја погодив 100% ама и од Есте ќе најдам тоа сигурно
Моментално ја имам All Matt plus на Catrice, но сум користела и пудри на Rommel, Max Factor, Bourjous; која ми дојде под рака таа. Најзадоволна сум од камената пудра на Rimmel , Stay Matte
Баш заради попустов се размислувам да ја земам и така ми треба и маскара. Само се надевам дека на дневна светлина не се познава многу... Мене тоа ми е најбитно кај пудриве.
Не се познава, многу е лесна и изгледа природно, меѓутоа мене ми е чудна, ми испарува по неколку часа, како да се впива во кожата и покрај тоа што ја фиксирам со камена. Покривноста е слаба кон средна, мат ефектот е многу слаб, јас дури и не би рекла дека пудрава е мат, кај мене има сјаен финиш за жал. Нијансите се одлични, иако мојата малку мава на розе. Имам поделено мислење за оваа пудра, одвај ја потрошив и не би ја купила пак. Очекував многу, многу повеќе.
А без камена ефектот ќе ти бил уште полош? Јас не користам камена, па затоа прашувам. Мат ефект моментално не ми е многу потребен со оглед на ладново време. Исто и за покривноста мислам дека би ми одговарала. Сепак тука е Catrice камуфлажот да прикрие тоа што треба.
Да, ефектот беше уште полош, ја имам носено и така. Кожата ми е комбинирана, а сметам дека пудрава е идеална за некоја со нормална кожа, можеби и за комбинирана кај некои е добра, но јас очигледно сум исклучок од таа "група". Како што кажав, мислењето ми е поделено зашто имаше и нешта кои ми се допаднаа и покривноста мене ми беше сосема во ред, ама кога би бирала, не би ја купила пак.
Незнаев дека е сменета амбалажата.. Каде можам да ја најдам, ако некој знае? Оваа пудра ја користев, бидејки имам многу мрсно лице, и можам да кажам дека е предобра, многу покривна и мат мат мат Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
Јас сум ги пробала двете, ќе напишам нешто на кратко па ти одлучи која повеќе ќе ти одговара. Endles Stay - покривна, долготрајна, густа структура, сјаен финиш, за сува кожа е, на лице не се осеќа тешка и не изгледа вештачки на лице Perfect Adapt - лесна структура, средна покривност, ги истакнува сувите делови на лицето иако е наменета за сува кожа, лесна е на лице, сепак се познава дека имаш нанесено пудра, за долготрајноста не бев нешто задоволна.
Можеш да ги пробаш на Мејбилајн афинитон или афинимат ги има во ДМ по 450 ден. Има и течни а и камена афинимат мислам. Ако некој користел некоја нека пише некој збор и јас сум заинтересирана за афинитон.
Јас ја имам користено оваа И онака сум задоволна Лесна пудра е,убаво се размачкува Покривноста и е онака солидна,јас имам пеѓи и ми ги сокриваше Е сега за поголеми недостатоци од типот на акни,не знам колку би сокрила,затоа што ја немам така пробано оти сум немала акни Има пријатен мирис Единствено нешто што ми е негативно кај пудрава е тоа што,пример ако се гушкаш со некого биди сигурна дека цела пудра ќе ти остане на кошула Хахахахахаа Ама не е толку лоша