И јас сакав да ја пробам оваа пудра зошто секаде прочитав само позитивни критики за неа, ама проблемот е тоа што и најсветлата нијанса мене ми е многу темна.
И мене ми се темни сите најсветли нијанси иако јас кога се гледам во огледало мислам дека не сум бела Пробај ја Афинитоне од мејбилајн, таа има убава светла, и е баш за едначење на тенот
Ja гледав таа ама се одлучив за Bourjois Healthy Mix, најсветлата нијанса 51 одлично ми одговара, а сега сакам да си купам и коректор и серумот од истата линија.
Ме интересира дали пудрава се брише ако со рака се поминеш по лице и дали остава траги на облека и за каков тип на кожа е ?
До сега ја користев течната и камената пудра на Кетрин Ерли или како се чита незнам .. ми беше добра пред некое време ама цела година и повеќе можеби ја користа крајно време е да ја сменам почна да ми свети лицето кога имам од таа пудра,а несакам така .. која ми ја предложувате ?
После долго време, повторно ја има во Бјути Шоп, само во ново пакување, а квалитетот е сосем ист. Значи пудрата е супер, кога ја снема едно време, животот ми се скуси, ама сега повторно ја увезуваат, на Коластина е. 30 мл = 238 ден, Бјути Шоп во Скопјанка, мислам дека во ГТЦ ја затворија продавницата. Убаво покривна, убави нијанси, неутрален мирис, нема сјај на лицето, мат ефект, за тие пари е феноменална. За шлапкање секој ден, ова е вистинскиот избор.
Јас би ја препорачала Макс Фактор ластинг пудрата,стварно има совршена прекривка барем за мене Не е скапа,многу е густа што значи доволно е само малце да се нанесе и мозе да се користи фолго време (мене ми трае по 3-4 месеци)
Оваа пудра е премногу тешка за секојдневно користење и за млада кожа или кожа на која не и треба премногу покривање. Повеќе е сценска пудра и би препорачала да ја користите само за поважни моменти.
Да се согласувам тешка е затоа кажав дека е за совршена покривка,повеќе се користи за ноќно излегување(за преку ден не користам пудра)
Девојки јас пред некој ден од Јуник ја купив оваа Макс фактор, беше малку по скапа од оваа погоре ама ми се допадна нијансата. Е сега да не направив утка? незнам што пудра е.. Ја користел некој? Мојата е 55
Мислам дека не си направила утка не се секирај,ја имам пробано и не е лоша,во принцип ми одговараат пудрите на Макс Фактор...
Јас за поважни моменти кога сакам појака подлога, се мислам да си ја земам Revlon ColorStay за сува до нормална кожа. Некоја од вас има искуство со оваа пудра?
а девојки користела ли некоја од вас минерална пудра во прав? гледав баш од Art Deco имаат ама незнам колку се покривни и ефикасни? читав дека биле погодни за мрсна кожа
сетсра ми има проблематична кожа, кога и да стави пудра течна на лицео одма и излегуваат бубуљици, од пред 2 години користи само минерална пудра и задоволна е, ја користи таа од авон!!