Ова го имаше и старата амбалажа на Хелти Микс, затоа и го обожавав тоа издание, ништо од пудрата не ти оди во загуба, си ја трошиш по ред. Мана на оваа пудра е тоа што е 25 мл, помалечка е од стандардните милилитражи, ама стварно е добра. Изборот на нијансите е одличен, јас успеав да си најдам нијанса, ама никако да дојде на ред да го отворам второто шишенце. Едно веќе имам потрошено и задоволна бев. Баш е наменета за комбинирана-мрсна кожа, иако јас повеќе би ја препорачала на оние со комбинирана. Кај тие со мрсна кожа ќе мора да се нанесе соодветна подлога и камена пудра, инаку ништо од бизнисот, како и секогаш. Ја има во Космо одамна, околу 500 и нешто е мислам, не се сеќавам, одамна ја купив. Јас ја ставив на пауза Ревлонот, мислам дека почнав да се заситувам од неа, а тоа во моментов не ми треба ни најмалку, сакам да ми врши работа во наредните и во пожешките месеци и моментално сум на ништо. За прв пат после не знам колку години - природна лепота. Vichy ми е одлична за целото лице освен за носот, ми го направи со ситни лушпи од кои одвај се ослободив и дефинитивно ќе ја оставам за во лето, кога нема да ми се случува така и башка доста е лесна (Normaderm Teint) и ќе ми биде супер, баш како и лани. Си зајмувам L'Oreal true match од мајка ми ама не сум воодушевена - баш како што си мислев, впечатокот не ми се смени. Единствено Bourjois 123 Perfect ми одговара (стара љубов, средношколска), но нијансата која ја имам ми е доста темна. Се мислам дали да ја почнам оваа од Менхетен или пак да си ја купам Facefinity од Max Factor. Ќе почекам до кај 8-ми, сигурно ќе има многу попусти и сетови на акција, па ќе одберам нешто.
@Mishela цар си за пудриве значи. Епа супер ми звучи, мојава Севентин е 30мл, ама што дека, кога ќе стасам до помалку од пола, не се пумпа, фактички пак фрлам неискористено нешто. Дури и пипета една најдов да гребам, ама мразам такви шлакатарници, сакам како човек. Вака барем да се искористи целосно со делот што бутка нагоре. ))) Сега ме замисливте, а ќе шеткарам надвор од земјава за брзо, па може да си ја купам, сигурно е поевтина (а и поквалитетна) во странство. А причината оти размислувам за промена е што мислам дека на Севентинот нијансите се или сменети, или ги утнале во нумерирањето, се осеќам некако ,,розевкасто" со моменталнава нијанса. Па ај мешам со тоа тонираната крема на Еуцерин, таа е баш темна. Не беше претходно ваква, баш споредив, дома имав и во тие со пластично шишенце и во новиве со стаклено, нц, нешто ми се шаш нијансите. ОТИ мора да се мењава, шишенца, амбалажи, чуда, стварно не знам.
И јас се прашувам истото! Уште не можам да си ја преболам Bourjois 123 Perfect, дури ме фаќа некој аздис да си ја земам нијансата 51 и да си правам контури за да не изгледа толку светла, ама не вреди маката секој ден, посебно не наутро кога не знам кај ми е главата, а не пак да глумам Пикасо со четките. Ќе видам јас штo ќе одберам, расположена сум за нешто ново, ама ќе почекам додека не ги стават Осмомартовските акции Космо и ДМ.
А јас да чекам акции за 8 март или сега од овој валнтинскиот да искористам да ја купам лорелот мат пудрата со поклон маскара лореал кога се понамалени цените
@Winter Lady ако мислиш дека пудрата ќе ти одговара, купи ја, понудата е на место. Маскарата е одлична, а за оваа цена да најдеш подобар или побогат сет од L'Oreal - нема шанси.
Па сакам да ја купам ама не знам дали прекрива добро ако си ја користела кази ми сакам да прочитам повеќе мислења .
јас ја земав од космо еднаш беше на попуст со космо картичка, а ја има сегде. Инаку имам комбинирано лице, а пудрата е многу течна, ќе видиш на тестерот.
@elisabeta пудрата има средна покривност, доста е течна што мене лично ми се допаѓа бидејќи не ја чувтвуваш на лице. Но дефинитивно не е за сува кожа, освен со добра подлога можеби.
Дали оваа пудра е за сува кожа? Јас имам сува и која и да ја користам, никако не можам да ја размачкам и затоа ставам под пудрата едно кило крема...Која ја користела, нека пише, поздрав
Вчера бев во град и тоа специјално за да ја купам мат пудрата лореал од космо .. но дуканот бил затворен а јас мислев дека е преместен така ми каза зената што работи во близина баш ми стана криво ем беше на намаление .. па дај кога го затворија дуќанот бре струмичанки дај одговорете тух .. (((( @@
Не е за сува кожа, туку за комбинирана до мрсна. Рецензија за неа напишав на претходните две страни, па прочитај таму.
Девојки, каде може да најдам тестерче од Виши Дерма бленд пудрата? Знам дека нема по сите аптеки, па ако некој знае каде има, нека ми каже да не шеткарам за џабе.
Година и кусур па зар толку не сум приметила оф лелее уште ми е криво ке ја купев за 500 сосе маскара а така е 800 и несто
Во Зегин. Инаку, @Youknow, пробај ја Lasting performance и онаа новата што е мешавина од крема и пудра, Skin Luminizer. Мислам дека втората ќе ти одговара повеќе.