Благодарам за одговорот, сакам да купам поквалитетна пудра, може да е поскапа. Не знам за која да се одлучам. Битно ми е да не ме прави како дух, како да имам фасада ставено, да има природен изглед, ама да има покривност и да е подолготрајна
Feminki od mob sum pa ztoa e latinicava Moze predlog na pudra za lesna pokrienost? Edinstveniot problem mi se crnkite na nosot pa sakam dobro da se skrijat deka epten mi e bel tenok i mnogu doagaat do izraz
Која е подобра, Римел ластинг финиш или Аура кавер ми? Имам комбинирана кожа и ми треба поголема покривност (но сепак да не дава изглед на паштета)
Еленче и јас се мислев за Аура ама мислам дека Марама на блогот имаше пишувано за неа и не ја препорачува,сега ќе ја дотрошам Кетрис фото финиш (не би ја купила пак на почетокот добра беше ама сега некако чудна ми е незнам што се случува) и повторно почнува потрагата по нова.Римелот ми е подобра од Кетрис па се мислев да си ја земам повторно во комбинација со камената Стеј мат.Ако пробаш некоја во меѓувреме пиши.
И јас ви се придружувам во потрагата по нова пудра, но ниту сум расположена за купување пудра на Catrice, ниту пак на Rimmel. Од едните не сум задоволна во однос на трајноста врз мојата кожа, а другиве немаат убави светли нијанси како за мене. Ме фаќа паника зашто си ги доцедувам залихите на Clinique Superbalanced, за која кажав и претходно дека ми е една од најдобрите зделки, ја фатив на некој попуст во Грција. Кај нас врска немам колку е, кога ќе ги објават осмомартовските попусти во Космо баш ќе проверам колку е кај нас, ама не верувам дека би ја купила од тука. Кој може да си дозволи поскапи пудри - препорачувам. Мене не ми се даваат две и кусур илјади само за пудра, апсурдно ми е, барем додека уште немам сопствени редовни примања.
Јас имам уште малку од овие двете ке издржам таман до 8 Март,а во меѓувреме ќе барамИмам редовни примања ама сепак не можам да си дозволам 50 евра за пудра.Дај предлог за нешто друго со нормална цена да разгледамСе мислев и за Боржуа не сум ги пробала
Не знам колку ќе ти се допадне Bourjois како бренд, по толкуте негативни коментари за пудри кои мене совршено ми одговараа, се плашам да дадам предлог. За нашиот тип на кожа, единствено 123 Perfect или Flower Perfection. Јас бев позадоволна од првата, втората ми беше многу слична со онаа Natural Velvet на Seventeen, само малку потешка од неа. Никаков изразен мат ефект и светнување за кратко време. Перфектот е одлична, само се плашам да не оксидира.
Јас си ја носам Аура сеуште, купив и посветла бидејќи првата ми беше многу темна т.е ја купив најсветлата и добро е што се прилагодува на тенот. Јас не сум нешто задоволна од пудрата ама кој и да ме види ме прашува што користам многу свежо ми изгледало лицето. Не е скапа, пробајте ја, може ќе ви се допадне. Тука негде ми се со Римелот за покривност, само што Римел е баш мат завршица, а оваа не е скроз мат.
Епа може и перфект во комбинација со камената таа што е во црвено,решив иста фирма да бидат двете.Освен ако не стават добар попуст на некоја друга Марама штом не е толку мат како Римелот ќе бидам лампион за еден саатСо образите немам проблем ама челото ми е катастрофално.
Јас се двоумам меѓу Менхетен со пумпица и Макс Фактор Фејсфинити. Веќе не знам на која друга и по кој пат да и` давам шанса, очајно сакам нешто ново кое ќе ми биде баш по мерка и во однос на нијанса, цена, квалитет. Многу барам. И на крај, се сомневам дека било која од тие две ќе биде на попуст, ама битно е да се учествува, нели.
@Mishela Менхетн што им е новата со пумпица како што знам им е замена за оваа: која не се произведува повеќе, а беше наменета за сува кожа. Така да незнам колку ќе ти одговара, еве види и името им е слично, како што имам пробано од тестерче и структурата им е таа, значи ништо од мат ефект.
@mims-89 ја препорачуваат како погодна за комбинирана кожа, барем имам наидувано на такви коментари. Ја имам пробано неколку пати на мене истата нијанса од сликата горе, ми се чини дека ми одговара. Не ми е сјајна на лицето, баш ми е некако полумат кога ќе ја нанесам рамномерно со четка. Далеку е од пудрите со мат завршеток, ама моментално не ми треба таква, туку сакам некоја нормална која може да биде со полумат финиш, но да биде трајна во Т-зоната. Во споредба со Лореал тру меч - Менхетнот е поиздржлива на моето лице, со камена ми се чини дека ќе ми биде во ред, само се плашам да не ми се случи истото со ред други пудри кои сум ги користела на подолги периоди.
@Mishela ако ти се причекува, би требало наредна недела, ова време, веќе да ја шлакам на мене.... Ама ако не можеш да додржиш.... i don't blame you
Ќе имам колку за оваа и следната недела, под услов ако не се фасадирам многу, таман ќе ме фати празникот, може и ќе ме изненадат со некој подарок па ќе се спасам.
При крај ми е пудрата па се мислам да си земам нова. Која би ми ја препорачале за мрсна кожа ? Се двоумам меѓу Revlon и Маx Factor Face Infinity Читам дека од Ревлонот повеќето не сте задволни па сакам да ја земам вторава .... Иначе сакам одлична покривност и се надевам дека доколку ја земам вторава нема да имам потреба од камена пудра.
Мене досега само со Ревлон не ми била потребна камена пудра, со сите останати сум морала да нанесам малце барем на Т-зоната. Тоа најверојатно зависи од самата кожа, додека не пробаш нема да знаеш.
Крејзилејди, јас си ја користам Ревлонот, прашав за каков вид акни им се појавиле на феминките за да имам сликовита претстава. Кај мене како што кажав приметив повеќе црнки и по некоја таква бела ајде да ја наречам црнка во пределот на долновиличната коска, ама ништо страшно и ништо во огромен број или со голема димензија, туку по некоја ситна забележлива на убава дневна светлина и што со стискање се губи. Немам црвенила или големи акни што не се стискаат и сл. Многу убав ефект ми дава Ревлонот, конечно не светам за кратко време, супер ми го изедначува тенот и не би ја променила додека не најдам подобра по слична цена. Секако ако ми се појават такви некои акни како кај Сексибејби или како кај другите феминки, нема да водам инает и ќе прекинам со употреба, ама сега за сега немам потреба од такво нешто.
Се извинувам што пишувам пост врз пост, ама ја видов оваа рецензија http://www.makeuparena.com/2015/02/rimmel-lasting-finish-25hr-podloga-u.html и веднаш ми дојде желба да ја набавам пудрава. Ја има кај нас, нели? Можеби некоја од вас ја има користено? Сега пребарав во темата за неа, ама наидов на постови за течната, значи би требало да ја има и камената. Баш ќе ѕирнам и низ парфимериите деновиве.
Ја нема камената. Ја немам видено до сега кај нас. Од камените пудри на Римел достапни ни се Match Perfection (плавата) и Stay Matte.