На прашањево не му е местото тука ама не знаев каде да го поставам. Сунѓерот на Ебелин, за нанесување пудра го упропастив и сега никаде неможам да најдам друго. Омилен ми е, ама каде би ме насочиле за друго?
@koritsaki дали си ѕирнала на грчкиот фришоп како се движат цените на течните пудри од типот Ланком, Диор, Есте? Ме убедуваат другарки дека нема голема разлика во цена со таа во нашите парфимерии во МК....
И јас мислам дека нема голема разлика. Наредна недела патувам надвор од Македонија и отворив страната на една парфимерија чисто да ги споредам цените и горе доле исти се.
Значи кога видов дека на Bourjois Perfect 123 не ставиле попуст бев а ја меркам цел месец веќе. И поради тоa се решив денес отодов до Космо со цел да ја купам Max Fаctor Fcefinity 3 in 1 дека таа на попуст и гледам ја фалите. Ама штандот до неа од Bourjois пудрите и срце јуначко не издржа попуст или не си ја зедов Perfect 123 840 ден беше .И да ви кажам ич не ми е криво кога си ја ставив дома значи преубаво ми легна на лице се ми покри убав мат финиш имаше не се собираше во сувите делови едноставно прекрасна си ја најдов перфектната пудра за мене и ич не ми е криво и да ја стават утре на попуст не ме брига пресреќна сум си. Сеа ќе ја тестирам следниве две недели да видам како ќе се покаже па поубава резензија ќе пишам.
Да , и цените се исти Штом веќе ја поминуваш грчката граница не се исплати да земаш од грчкиот фри шоп , ќе си одиш во Солун do Sefora секоја недела имаш попусти на сите производи за Диор,Ланком и Есте попустот е 30%,баш пред два дена земав пудра на Есте ,од мк никако не се исплати да земаш плус овде многу тестери даваатшто те интересира др прашај
Ф Фала @koritsaki, штом така, да тркнам накај Солун некој викенд. Белки ќе начекам попуст. Инаку во Хондос имам начекано баш добри попусти лани за Велигден. Во Космо пудрите се 2600-2900 ден, тие што ми се допаѓаат.
Минатата недела пробав тестер од пудрава и многу ми се допадна. Бидејќи не сум користела многу пудри до сеа, повеќе се држам до ББ кремови и сл. сакам да ве прашам за искуства со пудрава, цена и сл.
Дa кoгa имa пoпуст вo хoндoс имa и вo сефoрa. Имa секoјa неделa пoпуст нa нештo , a честo и нa сите прoизвoди oд пoзнaтите брендoви, пoрaнo пoпустите беa пoгoлеми 35-40% aмa oк и сегa не е лoшo 30%
Ти благодарам мишела, дали знаеш колку нијанси на пудрава во беж туба има и која е најсветла? Во космово кај што бев јас има само 4 нијанси и некако темни се па викам дали им се потрошени или толку се во земјава нијанси
Мене ми се допадна оваа пудра највеќе од сите на Буржуа , баш е лесна пудрата , само не ја препорачувам на тие со многу мрсна кожа , поготово за во лето мене за неполни два часа ми светнуваше тзоната , инаку е добро покрива и ако немаш мн мрсно лице земи си ја. Цена мислам дека беше околу 860 ден
Погоре едно девојче напиша дека 123 Перфект е 840 денари. Инаку, мене не ми светнува лицето од неа, во лето кожата ми е мрсна и со камена одозгора ми стои голем дел од денот. Не ми се брише, туку кога попушта и почнува да сјае само го корегирам пределот околу Т-зоната и се е во ред. До душа, за таков тип и е наменета, за комбинирана и мрсна кожа, останатото е индивидуално за секого. Не знам, не сум запознаена со тоа. Провери на Интернет.
користам impala 3 и задоволна сум искрено ако е една од најевтините ама убо ми го прај лицето..ама пред можи има година дена се изгорив со переса за коса на челото и по некое време немав гајле и сега еве има еден месец на местата кај со се изгорив ме чеша и ми се лупи кожата.. можно е да ми е од пудрата ?? иначе немам навика да ја вадам шминката навечер... шо мислите ?
Ја земав и јас Facefinity. Ајде со здравје да си се шлакаме Ај сега кажете дали го бива прајмерот од истата колекција, гледам и тој е на попуст
Незнам како оваа пудра убаво ти го прави лицето , незнам дали си прочитала на темава што зборувавме за пудриве импала, веќе и ме мрзи да пишувам ако сакаш пребарај си. И да можно е , бидејќи е штетна можно е да ти прави проблеми ,а најнајголема грешка ти е што не ја вадиш шминката навечер, како бе може да спиеш со шминка,па кај таа пудра ти е како бетон да си ставил на лице па и уште да спиеш со неа на лицето,епа после што очекувате јас незнам
Ај, со здравје да си ја трошиш. Ја проба? Како ти се чини? Самата пудра е 3 во 1 (прајмер, течна пудра и коректор). Инаку, додека читав за пудрата, читав и за прајмеров. Според Мел Артер (make up guru), шминкерите на Max Factor толку биле воодушевени од primer елементот во Facefinity 3 in 1, што побарале да се издвои ко посебен продукт. Го меркав доста време, но на крај, го оставив за следниот месец .Сметам дека е излишно да се користи во комбинација со Facefiniry 3in1, но во комбинација со BB крема (за покежуал пригоди) би ми завршил одлична работа. Инаку, има доста позитивни критики и за него, но сметам дека не е коректно да прераскажувам туѓи искуства и рецензии. Кога ќе го пробам, ќе споделам мислење.
Јас никогаш нема да ги разберам оние кои купуваат прудра која е 3-4 нијанси потемна од нивната боја на кожа.