Пудрава на есенц ја имам долго дома, ама не ја користев. Ја добив на поклон и ја пробав неколку пати, после купив други пудри и оваа не ја ни имав во несесерот, кога ги средував шминките ја најдов и реков да ја пробам, и бев пријатно изненадена. Има многу интересна лесна структура, и најсветлата нијанса ми изгледаше темна, ама кога ја нанесувате одлично се прилагодува на бојата на кожата. Има мала/средна покривност, одлично изедначува тен, и има мат финиш и изгледа многу природно на лицето. Јас имам сува кожа па ми се допаѓа трајноста. Би била одлична за девојки што сакаат поприроден изглед и за тинејџерки, место да ја користат Импала, Малена или незнам која друга штетна пудра. Плус знам дека е евтина незнам точна цена ама знам дека беше евтина.
Ја имате користено Lasting Finish 25 пудрата на Rimmel? Некои искуства? Не знам дали е моментално на попуст или толку е цената секогаш, но ја гледам во новиот каталог на Cosmo за 193 денари. Уште еден производ што си го меркам недела-две е Matt Mousse-от на Catrice, мислења за ова? Да напоменам само дека имам сува кожа. Едит: ме интересира за уште една пудра - Mat' Magique на L'Oreal, ја има како сетче со маскара за 499 денари, па се размислувам дали да ја земам оваа или таа на Rimmel.
Пудра за мрсна/комбинирана кожа, покривна? Ја следам редовно темава, знам отприлика за кои пудри се дискутира, мене ми треба нешто до кај 1500 ден. Ја имам користено Ревлон, задоволна бев, ама не ептен wow иако можеби е и најдобрата што сум ја користела. Гледам ја фалите на Есте Лаудер, ама цената ми е некако превисока ко за пудра... Е сега ако знаете нешто измеѓу споделете
Овие пудри сите што си ги навела се за мрсна кожа мат пудрите се за мрсна кожа. За сува кожа гледам многу ја фалат на Буржуа Хелти микс ,а ако не се лажам на попуст е сега
Имам користено повеќе пудри и секогаш најголем проблем ми е вистинската нијанса или ми се пресветли или претемни.Исто така нешто што ме нервира е тоа што секогаш на слики изгледам ужасно бело и бледо иако релно немам некој многу светол тен на кожата.До сега немам најдено пудра која ке ми легне совршено убаво на лицето и нема да се познава дека ја имам ставено на себе. Знам дека на предходните страни има милион рецензии но некако ниту една до сега не ми помогнала во изборот на истата.Исто така нешто што многу ме иритира што светлото во парфимериите многу се разликува од светлото дома,надвор,на улица па секогаш кога ке купам пудра која во парфимерија изгледа со совршена нијанса за мене кога ке дојдам дома под едно светло ми делува ок, под друго светло ми се познава ко маска на лице, под трето светло ми ги истакнува сите пори и брчки на лицето.... Имам комбинирана накај мрсна кожа на лицето која во зимниот период знае и да си биде сува на одредени делови .Најмногу користам пудра за да ми се изедначи тенот на лицето а и од време на време да сокријам некои поситни акни и несовршености како и да ми биде изедначена бојата на лицето со очите бидејки имам ужасни подочњаци кои ги покривам нормално со коректор па да биде дека се шетам само со коректор на очите на себе бидејки се познава ако стои само тој. Би ми значело секое ваше мислење доколку некој знае како да си помогнам во изборот на пудрата за себе.Претпочитам хидратантна козметика бидејки таа најубаво ја прифакам на себе. Во прилог рецензии на пудри кои ги имам користено. rimmel stay matte foundation Нарочно почувам со оваа пудра бидејки ја купив последна и е убедливо најужасната пудра која сум ја користела.Ја имам во нијансите 200 софт беж и 201 класик беж.Класик беж ми е претемна а софт беж е многу посветла али ај се трпи некако.Наменета е за мрсна кожа ,покривноста ми се допаѓа доста е солидна во тој поглед но во секој друг поглед е ужас.Се собира буквално во секоја пора и секоја бора особено кај очите .Ужасно ги истакнува сувите делови и после неколку саати се праи како дамки по лицето негде ја има негде ја нема.Јас приметив најмногу на врвот на носот неколку пати по ред како ми се прави како дамки ко сама да се брише.Комплетно сум разочарана од истата. rimmel lasting finish foundation Неколку месеци ја користев оваа пудра на Римел која по структура е потечна од предходната повторно во нијанси 200 и 201. Кога ја носев посветлата нијанса сите ми викаа дека изгледам многу бледо во лицето а од друга страна потемната па не ми одговараше и ми двоеше во ликот.За разлика од матот оваа за нијанса подобро ми легнуваше на лицето но често слушав од бликите како многу имам ставено пудра и како многу ми се познава на ликот иако нарочно ставав по малце особено за преку ден на работа.Затоа и решив да ја сменам но оваа во споредба со стеј мат е за нијанса подобра но не е тоа -тоа што барам. rimmel wake me up Оваа ја зедов сосема случајно колку да ја пробам и сфатив дека на моето лице воопшто не му прија особено затоа што има некои чудни светки кои правеа да изгледам ко новогодишен лампион.Покривноста и беше негде средна не сум нешто многу импресионирана од нејзе и од кога ја завршив решив никогаш повеке да не ја купам. maybelline affinitone На Мејбилин пудрава се трпеше до негде иако повторно со нијансите имав проблем.Оваа пудра е доста ретка по состав но доста убаво ми се размачкуваше на лице иако покривноста и е слаба страна па мислам дека ради тоа престанав да ја користам Oд сите пудри до сега најпогодена ми беше една на Aura во стаклено шишенце но со нејзе проблемот е што кај нас има само темни нијанси и најсветлата од нив мене ми беше темна.Иначе во поглед на составот беше доста хидратантна и преубаво ми легнуваше на лицево не се ни познаваше дека ја имам на себе.Но таа можам да ја носам само во исунчани денови ради потемен тен иначе вака не.Мана и беше што лесно се бришеше и немаше некоја голема покривност.
Можеш да ја пробаш на Клиник , стеј мат , ја имам пробано и оваа и добра е , со прајмер уште подобра , но ете бидејки ми треба поголема покривност ја користам на Есте. Јас ја имам земано од Грција 20 евра тоа е 1200 денари ,а во МК искрено незнам колку е баш прашај,но сигурно не е скапа колку есте
@SuperGirl24 Многу сличен проблем имам и јас секоја пудра ми се познава дури и премногу. Зошто не пробаш некоја бб крема или цц крема? Мене тие ми се одлични за секој ден, а за подочњаците ке си нанесеш коректор и решен проблем. Мене многу добра ми е бб кремата на Maybelline, значи не е ногу покривна доволно да издначи тен, во комбинација со коректорор на Катрис ми беше одлична. ЦЦ кремите се нешто по покривни, едниствено на Макс Фактор ја имам пробано и исто одлична ми е, по покривна и подолготрајна ми е од бб кремата ама исто има лесна структура дури и не се осеќа на лицето. Така добивам поприроден изглед. И Healthy Mix од Bourjois, има лесна структира и средна покривност.
Да, гледам дека е на попуст, во моментов е 590 денари, но моментално тоа ми е многу. Имаш некој предлог за друга пудра, да биде некаде до кај 300-350 денари?
Девојки дали некоја од вас ја има користено БРУКЛИН?Ја видов и некако интересна ми се виде а не скапа,.па кратка рецензијка не би била лоша, тнх
@SuperGirl24, пробај ја ЦЦ-кремата на Bourjois од линијата на 123 Perfect, само таа им е, нема да ја утнеш. You can thank me later. Имам чувство дека ќе ти се допадне, иако можеби за помат изглед на повисоките температури ќе ти треба малку камена пудра во Т-зоната. Инаку е сосема солидна на нормално време. П.С. Далеку е подобра од паштетите на Римел.
Имам прашање до @Mishela зашто ни е најискусна на темава Моментално ја користа Rimmel stay matte пудрата ама очајно сакам да ја сменам затоа што е толку тешка и дава ефект како со паштета да сум се намачкала . Претходно ја користев Rimmel lasting finish што е подобра од оваа ама сепак некако не ми е нешто нај нај. Е сега гледам дека ја фалите на Макс фактор Facefinity 3 in 1 и искрено се мислам дали да ја купам (имам комбинирана накај мрсна кожа), ама прашањето ми е ако има некоја со поприфатлива цена за мене како средношколка . Може ќе се решам и некоја поскапа да купам зашто не ми е жал да инвестирам за нешто на лице што го ставам. Па кога можам да давам по 500/600 денари за маскари и ајлајнери можам и за пудра, ама сепак добро би ми дошле некои предлози .
После некое време од нанесување да смени боја е оксидација на пудра. Па би требало да приметиш кога ќе се погледнеш во огледало. Ако си потемна од претходно најверојатно оксидирала пудрата.
Не верувам дека би можела да најдеш поевтина пудра наменета за тој тип на кожа. Види ја Мејбилајн Афинимат, мислам дека таа е на попуст моментално, ама колку ќе ти се допадне не знам, јас само можам да кажам дека не е тип на пудра која мене би ми се допаднала, но тоа е само мое мислење.
После толку многу прочитани рецензии за Revlon Colorstay решив да ја купам, ми треба пудра со поголема покривност за некои поспецијални пригоди, за секојден доволна ми е бб кремата. Е сега планирам да ја земам за комбинирана/мрсна кожа, иако периодов ми е сува кожата, на пролет/лето т-зоната ми е многу мрсна. Се надевам дека нема да погрешам со изборот.
Се изначитав рецензии и никако да се одлучам. Од досега користените пудри брзо ми светува лицето (имам мрсна кожа). На телефон да зборувам цел го правам со пудра, и меѓу другото понекогаш ми се појавуваат и поткожни мозолчиња. Минатава година ги користев rimmel lasting finish, rimmel stay matte (двете верзии), ingrid mineral, eveline matt... (на поголемиот дел покривноста им беше ок, но светнувањето не - особено штом се затопли). Ако може прадлог за мат пудра од околу 600 денари од која нема брзо да ми се измрси кожата и да биде покривна.
^ Manhattan можеби би ти одговарала. Пробај ја таа е до 500ден мислам. Доста покривност има и баш е за мрсно лице.
Иако ја немам пробано , можеш да ја пробаш оваа на Флормар , околу 500 денари е , многу ја фалеа на форумов или па на Катрис (таа е околу 400 и нешто ден мислам) Јас од оваа на Менхетен во црната тубичка не бев задоволна и ми се копираше на облека , телефон и лицето ко бетон ми го правеше и иако и јас имам мрсно лице воопшто не бев задоволна пак ми се мастеше брзо и многу вештачко ми делуваше на лицето..
еден - и од мене. Потполно како што кажа и бетер. Ја земав по препорака на форумов и нкогаш повеќе. Среќа е ефтина па не жалам многу пари. Искрено Bourjois не ја менувам.