Размислував за друга пудра а друга купив Се одлучив за Maybelline. Ја има некој користено и какво искуство има со неа? јас сеуште ја немам пробано
Јас читав добри позитивни критики за оваа пудра на Mаybelline. Мислам дека нема да имаш проблеми, лесна пудра е.
Пудрава ја имам користено подолго време и супер е, ептен природни се нијансите, лично мене ретко која пудра волку ми се изедначува со тенот. А и убаво покрива. Само не е добра доколку имаш суво лице.. јас имам комбинирана кожа и пред нанесување на пудрава нанесувам тенок слој крем за лице.
Мене ми е многу убава оваа.мајка ми ја има ,малку потешка е ама преубаво покрива.чини 900,930ден така нешто,мислам дека нема да зажалиш ако ја купиш,а за секој ден малку ќе ти биде тешка за лицето а за искачања е одлична
Колку пари е таа пудра од Мејбилајн и за каква кожа е? Ме интересира, мојата кожа е комбинирана, дали ќе ми одговара.
Денес излегов да си купам пудра и коректор.За коректор одлучив шак да си земам на Макс фактор дека ептен ептен ми е погоден,и пудрата на Макс Фактор ми е исто погодена ама ај си викам да сменам малце дека година и нешто ја ставам.Се мислев за Ревлон ама некако јакичка ми беше,нема да можев да ја ставам за преку ден ама сигурно е преубава,се намачкав малце,кога ќе имам парички поише ќе си ја купам таа за навечер а Макс Факторот за преку ден Иначе во Ким парфимеријата беше негде околу 840 Ревлонот.И така си отидов дома пак со Макс Фактор и Пудра и коректор и се на се ме фати 1100 денари.Се исплати...
Јас пак освен импалата ,ставам и камена пудра од кетрин арли,и да ви кажам задоволна сум. Одамна ставав и јанг дерм,ама не бев задоволна .Сега со ваквата комбинација ми е супер
ако збориш за таа во стакло од ревлон мн е убава ја користам веќе неколку години и е ептен убава покрива се и црни кругови и подочници и флеки ама се и е 740 денари во шатци поздрав
Хммм па како така бе? Сегде различни цени и тоа не е нешто мала разликата...сепак 100денари...да не сум јас грешка ама не бе толку ми рече девојчето
^^^Мислам дека ги има по аптеките на Зегин, вчера баш земав лабело од Витаскин, и во истиот рафт имаше и пудри
Јас ја зедов за 490 ден во Битола Инаку јас имам мрсна кожа па ќе видиме како ќе испадни оти сеуште ја немам пробано али ми ја препорачаја во продавницата бидејќи била за проблематична кожа и содржи витамин Е.
И јас конечно земав Менхетен пудра, иначе за сува кожа е, 500 денари ја земав од Шатце. Ако не чини вие сте криви, земав менхетен ради тоа што сите тука ги фалат Ама си земав и туш и добив гратис камена пудра (која иначе чини 400 денари )
Јас ја имам користено, ако имаш сува кожа пред да ја нанесеш помада обавезно бидејќи не е за сува кожа баш, иначе вака добра е покрива колку што треба таман, изедначува и не е бетонска Ама новата со минерали е поубава Росонерка чекам коментари за пударава, ако е убава и јас да ја пробам
Blondie01 може да ми кажеш од каде точно ја зеде пудрата од мејбилајн зашто и јас сум од Битола па да не шетам по сите парфимерии туку да одам дирекно . Јас имам мрсна и проблематична кожа и имам како поткожно црвенило па дали ке го покрива незнам. Фала однапред .
Во новата парфимерија кај космофон ..не ми текнува како се вика...одма до продавницата за чорапи е Јас сум задоволна покрива убо за разлика од time plus
А на manhattan воопшто не ми се допаѓа, ја земав пред некое време заедно со маскара и исто и тогаш имаше како подарок да избереш дали кармин или коректор , некако многу јако мириса и ништо не покрива на ревлон е најубава