Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Дали ги дочита рецензиите како се жалат феминките на бубуљици од користење на таа пудра!?! Сменета и е формулата не е као што беше порано мада секоја чест на покривноста.
    Види од Буржуа или Севентин за ком.кожа. И јас имам таква кожа и сега и дадов шанса на Севентин мат плус а претходно го користев Велвет. Како за прв впечаток ок е, добра покривност и матира, а толку сакав Макс фактор но неможев нијанса да си најдам.
    Дојдов до заклучок дека е се до исхраната и така се понаша и нашата кожа и пред се темелно чистење.
     
    На Rose96, kala21, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.736
    Пол:
    Женски
    Росе , јас не би ти ја препорачала пудрава во никој случај, досега имам пробано милион пудри од Мејбилин , Лореал, Буржуа до Есте што ја користам и ниедна не ми направи гнојни акни како оваа на Ревлон. А по структура супер си беше стварно за тие пари и лицето стакло го прави и се..но ова незнам неможев лицето да го оправам од акните ситни со гној и по образите и брадата..јас никогаш скоро немам акни на лице (освен за време на ПМС) но еднаш ајде па втор пати дадов шанса и видов дека е од неа , нема друго. Земи некоја од овие што ги наведе и Славица па пробај ама за Ревлон едно големо не , а не се жалев само јас tuku и др феминки :)
     
    На crazylady и slavica999 им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Мене Ревлон не ми направи никаков проблем, дури ве читам се чудам дали правиме муабет за истата пудра. :)
    При крај ми е, ме нервира зашто веќе малку потешко се вади, а и гледам дека почнувам да блиштам од неа за кратко, па ја паузирам за да не ми се презасити лицето.

    Ако толку многу сакаш да ја пробаш - земи ја, само не знам колку е паметно да ја купиш онаа за мрсна кожа. Не дека се матира веднаш по нанесувањето, туку мене ми е малку потешка од онаа за нормална и сува кожа. Таа ми е супер во однос на тоа, не ја чувствувам до толку на кожата, ама не ми го држи лицето чисто ни малку, веднаш почнувам да светам во мрсните делови.
     
    На sesilija и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Незнам за тебе ама Сесилија (стр. 462), Секдибејби и Коритсаки ми текнува дека се жалеа. Јас тамн се решив па се премислив. Исто и за Макс фактор прочитав лоши искуства во темата за МФ и се премислив , знам дека секое лице е различно но што знам ваљда совеста си го прави своето
     
    Последна измена: 9 март 2015
  5. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Пудрава ке ми ја донесат од Америка за многу евтина цена затоа реков зошто да не ја пробам, плус за секој ден имам многу пудри оваа ке ја имам само за специјани пригоди кога ќе ми треба поголема покривност, а и ако не ми се погоди нема да ја користам нема да ја платам колку цената во Македонија него со пола цена.
    Многу сакав да ја земам на Есте Лаудер, ја користи снаа ми и имав прилика да ја пробам, ама претешка ми е, можеби така ја осеќам дека секогаш користам бб и цц креми.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    И мене ми е претешка Есте Лаудер, со душа чекав да ја извадам и да ми дише кожата на раат.
    Има фина и кремаста формула каква што ми одговара, ама ужасно е тешка за секој ден, поготово за некој кој носи пудра десетина, ако не и повеќе часови дневно.
    Плус, друга работа е тоа што масните делови ми светнаа како и вообичаено, по некои 2-3 часа, на нанесена завршница од камена пудра. Па не давам толку пари кога не ми е како што очекував, далеку подобра ми е Superbalanced на Clinique и ќе си ја набавам повторно.
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    seventeennaturalvelvetfoundation.jpg Devojki ja ima nekoj koristeno?gledam deka mat e i odgovara na mrsna koza s i dosta ja falat po forumite...Mislenja?
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.736
    Пол:
    Женски
    Росе пробај ја штом сакаш , сепaк не мoрa дa знaчи aкo мене ми нaпрaвилa прoблем декa и тебе ќе ти нaпрaви , се си зaвиси и oд сaмaтa кoжa :)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    @slavica999 јас не се жалев, само прашав за каков вид на акни станува збор, и ставив слика од тие што ми се појавиле мене, ама биле ептен мали и малку и не можам да тврдам дека се од пудрата.
    А ако не се лажам ти ја користеше пудрава, како да те имам читано порано, или можеби сум те помешала со Шкорпионка?

    Коритсаки, си мислам кај тебе можеби е поради промената на клима, сепак во Скопје сигурно е позагаден воздухот и е поладно отколку кај тебе во Грција, што знам...?

    Јас си ја користам уште пудрава, еве вчера бев излезена од дома повеќе од 10 часа- бев и на ладно и во топла просторија, и кога се вратив не светев туку баш пристојно делував. Да напоменам имав ставено и камена пудра, ама сепак да имав друга течна имаше да светам и да ми биде разлеана насекаде.
    Исто ми се допаѓа што не се пресликува ниту на телефонот, ниту на облеката што е голем плус.

    Не ја осеќам тешка на лицето воопшто, ама периодов ја нанесувам со прсти, така нема максимална покривност, ама не ми ни треба толку покривност, повеќе ми е за изедначување на тенот.

    Супер е пудрата, и слободно пробајте ја, па на крајот на краиштата 750 денари е, не е до толку скапа, некогаш се лажеме ќе купиме една од 300, друга од 400 и кога ќе видиш пак истите пари се дадени а пудрите се класи подолу од оваа.

    И друго да напоменам, најважно е добриот сон. Кога имам спиено малку, ништо не ми помага, делувам уморно, несвежо.
    Синоќа си легнав со кокошките, спиев многу (срам ми е да кажам колку:D) и денес лицето ми е свежо, со убав сјај, прекрасно делувам и тоа без пудра.
    Некогаш така дремеме пред телевизор или компјутер/таблет/телефон, наместо да си легнеме некој час порано и да имаме добар изглед на кожата.
    Ниеден препарат, без разлика препаративен или декоративен, не го менува добриот сон.
     
    Последна измена: 10 март 2015
    На mims-89, anuskaNESTLE, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.
  10. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    564
    Ми треба помош да си ја најдам соодветната нијанса од макс фактор фејсфинити 3 во 1. На findation ми дава дека 75 ми одговара, но искрено мислам дека ќе ми биде претемна. Обично земам пола нијанса посветла пудра затоа што се "шлакам" со бронзер. Нијансите од пудрите што ги имам користено се: 52 од боржуа 123, 103 од римел ластинг финиш, d3w3 од лореал тру меч (летна нијанса, а инаку n2 би ми одговарала сега), 20 од нуд илужн на катрис. Ја пробав 45 од макс фактор, вака океј ми личи, а 50 ми е некако розева. Совет?
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.736
    Пол:
    Женски

    Сесилија , јас додека бев ов Ск во јануари ја користев и по некој ден почнаа бубулици да ми се појавуваат. И реков ај може некоја др е причината и реков за момент ќе ја прекинам. Потоа по некој ден од кога се вратив почнав пак да ја користам и повторно почнаа да ми се појавуваат акни на лицево. Што да ти кажам , криво ми е , убава си е пудрата само мене ми се појавуваа акни , ама не значи дека кај секој ќе се појавуваат :D кој сака нека ја проба стварно е добра , трајна , не се копира на облека, покривна.. :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ве читам за Revlon Colorstay и проблемите па ме интересира @koritsaki @Sexybaby86 и друг не ми текнува кој имаше лошо искуство, од каде ја имате земено?

    Можеби сум грешка, ама има ли шанси да е различна пудрата во Зегин и во Космо? :^)
    @Mishela мислам дека од Космо ја има земено и е ОК, @sesilija ти од каде?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    Оваа покривна е?
    [​IMG]
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @Artemission јас мојата од Космо ја купив. Да не ги набавуваат преку различен увозник, што не ми се верува... Не знам стварно што да мислам :wasntme:

    Пудрата е преубава на лице навистина, и трајноста е одлична, за тоа немам збор, ама еве, повторно ја пробав пред некое време и повторно се нафрлав. Не знам што да кажам, составот е дефинитивно сменет (тоа се гледа и по многу погустата структура), и за жал, мене новава верзија не ми одговара никако :doh: Штета, ама тоа е :|
     
    На Artemission и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.736
    Пол:
    Женски

    Јас од Зегин во ГТЦ ја земав
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Артемисион, зборевме за тоа со Сенца, пудрата е од ист извозник и во Космо и во Зегин, Мишела потврди дека на нејзината пудра купена во Космо го пишува истото што и на мојата пудра купена од Зегин.
    Увозникот е Илирија Словенија.

    Ете на некои ни одговара, на други не, кој сака да ја проба или ќе ја користи, или ќе треба да ја подари на некој што ќе му одговара.
    Ајде ќе чекаме рецензија и од Розе кога ќе ја проба.
    Во САД сигурно е многу поевтина бидејќи тие ја произведуваат, додека да стаса со овде се додаваат многу давачки на нивната цена.
     
    На Rose96 и Artemission им се допаѓа ова.
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    @sesilija не мислев на извозникот (имам читано поназад во темава), мислев да не имаат некаква врска условите во кои се чувала или па датумот кога е произведена. Јас некако во глава си увртев дека лошо искуство имаат тие што ја земале од Зегин и затоа прашав ама ете @Sexybaby86 го потврди спротивното.
     
    На sesilija и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    И во Космо и во Зегин си стојат пудрите на рафтови, без некои посебни дополнителни или специјални услови, како и се` останато од козметиката.
    Не е до тоа, составот на пудрата е сменет одамна и како што кажав, си зависи од самата кожа и од ништо друго.
    Мене баш ме чуди - имам доста осетлива кожа, но ете немам никаков проблем со пудрата.
    Ми нема подобра пудра од Ревлонот за во лето, нека ми стои и ќе ја финиширам тогаш, засега и Макс Факторот ми е океј, не ми треба ништо повеќе.

    Туку, кај е @Doozy, ја купи ли Менхетенот? Баш ме интересира што одбрала и таа. :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    За фамозниот ревлоно колорстеј...
    Во САД е oколу 10тина долари. Некаде е 12 па и 13-14 може да се најде, ама во Волмарт беше 9,99. Џабе.
    Али јас не сум воодушевена ич од пудрата, не знам дали не ја погодив бојата ама ич не ми се допадна кога ја ставив на мене, како гипс картон да имаш ставено на лице. Многу неприродно.
    Можда е до вкус, ама ете ја не бев задоволна. Џабе фрлени пари за мене.
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Хипстер, за кој тип на кожа ја имаш, и која нијанса?
    Со што ја нанесуваш?

    Чудно ми е што ти дава таков ефект навистина...
    Да не си ја земала таа од старото издание, со помал спф? За неа имаше коментари дека е тешка и дека веднаш се фиксира на лице, па треба да не нанесува дел по дел, оваа со новата формула не би рекла дека е тешка, плус не е баш мат мат, дава некаков dewy ефект, не да светиш на критичните места, туку баш онаму каде што треба за да изгледаш природно.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.