Немам веќе опција да редактирам- да ви кажам јас од мерак си се нашминкав онака комплет. Треба да излегувам, ама не планирав толку да се шминкам, сега од коментарите за својствата на Ревлонот, пак ме фати мерак да ја нанесам со четка, па потоа ајде и туш, и сенка, маскара, руменило, мислам се по список. Многу ми е убаво што сум жена и што можам вака да си се тинтрам- да ви кажам најискрено.
После вакви измешани коментари не ми се чека да ја пробам хахахха Инаку мене скоро од секоја течна пудра ми се појавуваат мали поткожни акни или незнам како да ги наречам на добра светлина само се познаваат, иако никогаш до сега не сум спиела со шминка, имам читано дека исто така ако ви е дехидрирана кожата се појавуваат.
@sesilija За мрсно лице ја имам таа, ја имав т.е ја подарив не ми се допаѓаше ама воопшто и не планирав да ги влечкам до дома и да ми тежат дополнително. И неа и прајмерот и фотореди. Али не беа скапи сите три ги земав за 32 долари. Сто посто сум сигурна дека не беше старата, кај нив се трошат пудри ко алва, не останува ништо у стари залихи. Можеби е до мене, зашто таму ја користев или Mac или пак Clinique. А ревлонот може вода да им носи на двете, посебно на mac-от за мрсна кожа. Прво ми беше пребела,а не ја земав најсветлата нијанса. Да точно не е тешка, баш е некако лесна, фотореди па посебно е пенеста, ама се фиксираше пребрзо на лицето и ми ги истакнуваше премногу порите. Многу лошо изгледав баш сите запримерија дека сум сменила пудра. Може така ми изгледаше дека беше навистина многу бела, а ако се сеќавам добро беше втората по ред. И таа и онаа фотореди ги имав, и двете не ми се допаднаа воопшто. Можеби имав преголеми очекувања па затоа. Или па имаат различна серија за тука и таму, поима неам, а можно е да е до мене, зашто сите се презадоволни од неа како што читам, само мене ми беше ужасна.
Женчиња јас сепак си ја купив прееска Colorstay-от Во Космо ја намерачив нијансата 180, како створена за мене, од таму директива во Зегин од карши и си ја купив за 120 денари поевтино. Лицево моментално ми е џам, само ако ми се расипе ќе си апнам од задникот што не слушам
Јас ја користев Ревлонот последниве седум месеци доста активно, особено летото, мислам дека ја ставав секојдневно. Лицето никогаш не ми било почисто. И јас ја земав пудрата од Америка. Ги гледав Ревлонот тука и некако поразлично ми изгледаат, поинакви се шишенцата, а и нијансите не се исти, мојата нијанса од Америка ја немаше. Пудрата е доста покривна и е попогодна за вечерна шминка, но е далеку од лоша. Како и да е, не се обесхрабрувај, гледаш дека секоја кожа реагира различно на пудрава, пробај ја и сама процени си Да кажам прв впечаток за Facefinity - многу позитивен. Мат, а лесна структура, баш како што барав. Не сум ја носела доволно долго досега, но ми стоеше околу 3 часа без светнување. Палче нагоре од мене
Јас ја користев долго време, во право си, потоа сменив со Севентин Велвет као ај нешто полесно и потоа кога решив да се вратам на Ревлон баш се поклопија мислењата и се разубедив. Добро паметам дека некој имаше проблеми, но како што кажа Коритсаки сепак секоја кожа си е различна.
Јас мислам дека треба од Макс Фактор да ми пратат една пудра на поклон, зашто Facefinity не ја вадам од уста, само неа си ја зборам! Не знам зашто и се мислите толку, како што рече @Oxymoron -мат, со лесна структура, и стварно е долготраен ефектот! Јас до сега не сум имала потреба од поправање на шминката (со камена пудра и сл.), ама ипак ќе нагласам -се си зависи до типот на кожа. Сега на попустов у Cosmo немате појма колку му се израдував, истовремено малце се разочарав откако сфатив дека сум 'побелела', т.е. тенот ми се осветлил за некоја нијанса и веќе 60-Sand не ми одговара како што ми одговараше порано, а другиве ми се пресветли.. Не дека се познава многу, ама мене ме тепа психа. Како и да е, се надевам дека ќе се врати све у нормала откако времево ќе се врати у нормала и ќе ми се изедначат нијансите. Толку од мене, имајте убава вечер!
Леле девојки и мене ме настрвивте да ја пробам Мax factor facefinity. Ми треба нова пудра,некое време сум само на залихи од Bourjois healthy mix serum и една од Seventeen,но мака ми е кога ќе треба да одбирам нова пудра па треба да се одлучувам за нијанса.До сега најидеална ми била 52 ката од Bourjois healthy mix серумот,најубаво ми легнува на кожата,е сега според тоа која би ми одговарала од Facefinity ако некоја е запознаена со двете пудри па може да ми помогне?
Исти се нијансите на Seventeen time plus и Seventeen matt plus? Пред некој ден ги гледав тестерите на matt+ и некако сите ми беа слични, се изгубив скроз, па посигурно би ми било да ја земам нијансата од time+ што ја користам моментално, АКО уопште се исти.
Дефинтивно најубава пудра е MANHATAN EASY MATCH MAKE UP ! Проверено значи кога ставам од пудрата лицето ми е стакло,го израмнува тенот и го прави природен и рамномеренн,значи преубава е .
@Jordanovska-K, ај те молам сподели од други пудри која нијанса е еквивалентна на 60 Sand, да стекнам впечаток за нијансата. Двапати одам во Cosmo, ама касно навечер ме фаќа и викам не купувам веќе навечер нова пудра, па до таму.
Види ја 45 или 50. Не знам колку е жолта HM 52, ако е како другите 52ки на Bourjois, можеби ќе ти биде ок 50, ама пробај, бадијала ќе ти каже некоја од тука; додека не видиш на сопствена кожа, џабе муабетот. П.С. Ако ти одговара Хелти Микс и Тајм плус или Натурал велвет од Севентин, не сум баш убедена дека Фејсфинити би ти одговарала, ама види си, си знаеш сама. П.П.С. @senza.parole провери на findation.com сајтот.
Хммм во врска со пудра имам едно прашање ... немам некое суво лице, користам крема пред да ставам пудра ама сеуште ми се прават онака како точки кога ставам пудра, како лушпи да не речам па дури страв ми е пудра да ставам ... имам една другарка ми рече дека најверојатно е до пудрата и дека ми треба некоја поквалитетна и сериозно немам идеја каква да земам ...можи некој предлог или можно е да не е до пудрата туку до кожата па да земам и подобар крем или почесто да прам маски за лице или како ... ? :/ Можеби малце сум згрешила темата, ама сепак зошто мислам дека е за пудра овде ја ставив ... и ваквов проблем немав до пред два месеци ... сега онака почна така да ми се прај.
имаш пудри за суво и мрсно лице..ако ти ставаш на сува кожа пудра за мрсно лице ќе ти прави лушпи т.е. уште толку ќе ти го суши лицето.. треба прво да си знаеш каква кожа имаш па таква и пудра да купиш. А која пудра ја користиш?
Па Хелти микс серумот ми одговара,за преку ден ја користам најчесто иако е наменета за сува кожа,а јас имам нормална кожа со малку проблематична т зона,некогаш ми е сува,а често и се масти и ми светнува по некое време,е со Хелти микс серумот не ми правеше некој голем проблем за чудо многу минимално светнував и тоа по неколку часа одкако ќе ја ставам,а Севентин тајм плус помалку ми одговара ептен брзо ми ја масти и светнува т зоната. А колку што разбрав оваа на Max factor е исто со средна покривност,и полесна структура плус има мат ефект па мислам ќе ми одговара Или предложи ми некоја друга ти имаш големо искуство со пудриве и козметикава воопшто,доволно ми е да има средна покривност,а може и поголема,но да изгледа природно на лицето и да не ми ја масти премногу т зоната.
Не се исти бројчињата но нијансите се многу слични. Кажи и на продавачката кое бр. користиш и ќе ти најде соодветно од мат плус
Прашање до @Mishela: Дали ја има кај нас нијансата 47 Nude од МаксФактор Фејсфинити 3 во 1? После лошото искуство со Ревлонот, останувам во потрага по добра мат пудра за секој ден, не ми се троши Есте-то за таа цел, па читајќи ве во темава, истражував на нет и наидов на доста позитивни критики за Фејсфинити. Од тоа што го прочитав, се уверив дека е за комбинирана/масна кожа, мат е и долготрајна, само што нијансиве ми се проблем. Сите накај розево некако ми одат, единствено оваа Nude ми се виде пожолта, ама па од друга страна и доста е бледа. Не знам која би била најблизок еквивалент од МФ на Ревлонот 180 Sand Beige? Знам дека Сенца те прашуваше за истово, ама некако 50 и 55 ми се розевки бајаги А и ме плаши тоа што знам дека на МФ се доста бледи дури и потемните нијанси, па ми треба совет. Инаку, не сум била да ги видам нијансите на Фејсфинити во живо, на памет зборувам, а и од тоа што го видов на нет. Збунета сум тотално, ми останало во памет од порано кога ја користев Ластинг Перформанс дека им се доста светли нијансите, дури и потемните.
Во план сум да ја пробам L'oreal True match пудрата, имам позитивно искуство со Лореал.. претходно ја користев Infallible, па ако знае некој да ми каже која е разликата помеѓу овие две пудри, да знам дали да ја земам True match или да се вратам на Infallible пак