Девојки ве молам за совет. Порано користев пудра, но ја исфрлив од употреба бидејќи имам чисто лице и сметам дека немам потреба за пудра но имам белег на носот од скршеница и понекогаш од ненаспаност или замор ми се појавуваат темни кругови околу очите. Се мислев дали да почнам со употреба на некој ББ или ЦЦ крем. Инаку имам многу светол тен. Што би ме советувале која марка, кој производ, инаку цената не ми е битна само да не е она претерано скапа.
Пробај ја цц кремата на Буржуа , многу ја фалат низ нет а и овде на форумот , и пудрата не е лоша од истата линија но ете штом не сакаш пудра , земи си ја цц кремата
Jс ги користев двете а првата на есенц уште понекогаш.Од втората не бев задоволна ама ич а од првата сум.Убава покривност има и убаво мириса 290 e
Zenski aj nekoja kamena pudra ili vo prav koja e podobra da mi preporacate? Ako idam nakaj mak da si kupam bidejki tuka se dosta skapi. Dobro da prekriva da ne bide kako vo prasina da sum bila cena okolu 400den,inaku imam problematicna koza so crnki i dupcinja nekad so nekoja akna
Значи препарати на природна база му е мајката. Мојата кожа 100% одговара на описот и обавезно ќе ја купам пудрава, само ако може Lilit да напиште каква точно подлога користи. Благодарам
Оваа... Иако одговорно тврдам дека не согледав разлика со оваа... Мислам како чувство на кожата и негата, а со пудрава заедно, искрено не сум ја пробала,па не гарантирам. Уште едно предупредување, ако преминувате наеднаш на ваква козметика очекувајте лицето да ви биде катастрофа еден месец... Кожата си прави дитокс и јбг,тоа е цената. И не оди мачкање на креми без подмачкување на тело од внатре, те и внатрешен дитокс. Чајчиња,смутија, свежо јадење и така натака. Поврзан си е процесот, да не се лажеме.
И јас сакам да ја купам Sante,со повеќето препарати преминав на природно,и долго време сакав да почнам со природна пудра,но или ми се прескапи,а поефтините на Алверде не ми изгледаат како некои што покриваат добро и не се размачкуваат рамномерно,како водести се,барем по тоа што сум пробала од тестер,е оваа според описот е одлична, 1200 денари ми е ок и така по 800 имам давано за други,не ми е преголема разлика,само Lilit можеш да ми кажеш каде се може да се најде и дали има тестери? А за подлога мене ми е одлична матирачката крема за нормална и комбинирана кожа на Alverde Beauty and Fruity,има матирачки ефект,ја затега кожата по малку,но не ја суши и останува мека.
Треба да ги има, јас во петокот ја купив мојата и беше на попуст. Требаше до 22.03 да бидат, ама го продолжија попустот. Само не знам до кога би траел.
^ Се надевам дека ќе е и 1во априлски попуст, зошто не сум завршила со порачките. Кога сме кај Космо, може малку глупаво е прашањето, ама да си прашам. Другарка ми ми земала картичка и мене, она што не ми е јасно е како се користи? На секое купување со неа има попуст на секој производ или се берат некои поени?
Ништо не одбрав. Немаа нијанси, немаа тестери, саде розови имаа. Еми јас не сум од тие розовите. Па во меѓувреме од ладното и од водата кај што бев ми се излушка лицето, ми се пресуши, па крлушки, па грубо ми стана, абе хаос... па на тој фронт водев борба. Еве сега гледам последнава недела-две ми е нормализирано ама што знам дали ќе ја купам па сега. Додека ја купам, ќе фане топлото, па ќе светнуваме сите пак. Не знам стварно шо ќе правам, Окси за малце ќе ме убедеше и Макс фактор да ја земам ама и лицево ми порасна, не ми е веќе мрсно и мислам дека ќе ми дојде ту мач, ќе ме досуши пудрата уште толку.
Пред некој ден бев во Зегин за сосема нешто други и начекав проверка на лице од Логона па си ја земав дневната кремата со органско алое за осетлива кожа, маската Age protection -хидратантна на база на бобинки,шеа путер и хијалуронска киселина и макста од роза и алое за сува и осетлива кожа. Ми ја препорачаа пудрава на Санте ама јас скептик да не се разочарам не и обрнав внимание Инаку следуваше подарок ако земеш два производи,со повисока цена следува поклонче и можев да си бирам ама не ми беше до поклон. Во последно време од мојата брзоплетост изнакупував доста производи дома и ко за беља ништо не ми одговара на мојава комплицирана и осетлива кожа. Што е најтрагично ништо не ми ја хидрира ама кремава е предобра,се мислам и ноќната и таа околу очната да ја земам ама дома ќе немам место кај да ги ставам Lilit ме итересира дали пудрава има масло во неа ? Јас имам дехидрирана кожа периодов со минимална масна Т-зона,инаку образиве ми се доста суви, па се плашам да не ја утнам со пудрава Иако ретко користам пудра ама па ми е жал да лупнам за џабе пари а да ми стои така. Не видов дали имаат тестер отворен да се проба па да знам да си понесам кутивче за да ја испробам натенане дома? На слики како испаѓа? И малку оф топик- од кремата како си задоволна,ми беше страв да ја земам да не ми е премасна зошто ми рекоа дека е погуста од оваа со алоето. Па да имам во предвид,со оглед на тоа дека сега ќе затопли па сакам нешто по лајт варијанта. Инаку мојава упива во рок од 2 минути и морам барем 3 пати да нанесам во денот осеќам дека лицево ми е жедно,ќе да е од внатре проблемот. Мене синко ме шинува од цицање и никако да надокнадам во течности. Alverde mineral make up ја имам дома и ова ми е второ пакување,со оглед на тоа дека споро ја трошам ама ја купив пак како солуција за често користење што пак ретко се случува. Јас ја имам 01 Naturelle. Незнам колку точно нијанси има околу 4 ако не се лажам, мислам дека оваа е најсветлата,ја земав одамна ама ич не памтам. Ама чим ти одговара 1 на Санте и 01 на Алверде ќе ти биде таман,ама сепак пробај си. Најпаметно ти е да одиш до Дм да си земеш некое мало пластично кутивче и да ставиш од тестерот па дома да пробаш,за да видиш како ќе ти одговара. Што се однесува до пудрата има средна покривност ама ако имаш чисто лице само за изедначување на тенот ќе ти заврши работа одлично. Најбитно од се не е комедогена и не предизвикува алергии. Проблемот е што треба да имаш природна подлога,зошто инаку се лупи (мислам ме разбра) во твојов случај со Логоната би требало да седне убаво. Јас немам проблематино лице,не светнувам па ми трае дури 8-9 часа. Лавера како поскапа солуција не ми заврши работа како оваа,во поглед на покривност и нијанса. Ако се одлучиш би сакала да пишеш кратко резиме