Феминки, јас имам едно прашање. До пред некое време користев Макс Фактор пудра, ама сега сакам да ја пробам Менхетен. Видов во претходните постови дека ја фалите, ама постиравте две различни слики од пудрата. Прашањето ми е: што е разлика меѓу овие две пудри? Има разлика во квалитет? Или пак во однос на тоа за кој тип на кожа е? Која би ми ја препорачале? И ме интересира како се движат цените на двете. Однапред благодарам
втората ја има користено другарка ми, и нејзе и беше добра . Мислам дека е околу 350 денари , бар тогаш беше
Мислам дека втората е антибактериска. п.с. Revlon ColorStay се се е супер, ама нема никаков механизам (пумпица или слично). Тоа малце ме нервира. Планирам да си ја купам во скоро време и да ја користам за посебни прилики, за секој ден е јака... п.п.с. Користи ли некоја од вас прајмер за пудра? Гледам кај нас го има Gosh Velvet touch foundation primer. Некаде околу 500 денари е.
Јас конечно си ја пронајдов пудрата за мене. Ова е вид на пенаста пудра (мешана течна и камена), и одлична е. Ја прави кожата кадифеста, а и покрива бубулички. Ја има во три нијанси.
Втората е за проблематична кожа,ги имам користено и двете.Од поодамна ја користам првата и искрено задоволна сум
Мм ми изгледа добра пудрава вели мешана е и течна и камена , уу ке спасам некој динар со еден удар две муви , а колку чини и од каде ја купи , бидејки деновиве треба да се подновам
800 е сега,тазе инфо,од претходната недела,арно ама многу,многу,многуууу ме нервира што мораш да си СИПНУВАШ!Увек потекува повеќе од што ти треба,а плус внимавајќи секако ќе допреш со врвот на шишенцето на дланката,па колку и да е чиста,кога се работи за козметика не смее тоа да се случи.Супер си е пудрата и се,ама...ова ужасно ме нервира!
Ја купив во една парфемерија во Бисер, долу на првиот спрат, десно од главните скали. Околу 250 денари е. На декларацијата пишува дека е мат-крем пудра. Нема многу во пакувањето да знаеш, ама многу е убава навистина.
Па мат е, и јас немам бубулички (освен моментално една што штрчи ), ама многу убаво ја прави кожата. На пр. подочњаците супер ги покрива. Искрено до сега од оваа сум најзадоволна, зошто не е течна, туку е кремаста некако, а убаво се размачкува. Не знам што друго да ви кажам , освен да ви ја препорачам
Jaс имам користено мат пудра на Авон и беше прилично скапичка и мене мат пудрите тешки ми се некако. Многу покривливи, а јас сакам полесни пудри. Така да оваа уште стои непотрошена. А иначе дека покрива подочници тоа да, подобро за коректор ќе си ја користам
И јас ја имам користено оваа пудра и она што не ми се допаѓа е нејзината непрактичност! Амбалажата им е катастрофа на ревлон пудрите! Па особено се јавува проблем кога пудрата е при крај, треба да го тресеш шишенцето врз прстото за да капне пудра! Мене тоа ме нервираше и затоа само еднша ја земав и не ја повторив! На оваа пудра и фали четките за нанесување пошто вака тешко дека ќе се искористи целосно (барем јас сакам максимално да ги поторшам пудрите пред да ги фрлам) Инаку колку што се сеќавам беше покривна и цената беше околу 750 денари!
Цури дај препорачајте ми некоја добра пудра за мојава проблематична кожа. Што пари исподавав по пудри и ниедна не ми се погоди до сега. И, секогаш пред да ставам пудра,нанесувам крема на лицето поради тоа што ми е сува кожата,и после пак имам како лушпички мали по лицето
Ако имаш осетлива кожа, ако сакаш нормална покривност, изедначен тен и лесна пудра која нема да ја чувствуваш мислам дека е добар избор за тебе. Има убав избор на нијанси, сите се со жолтеникав подтон, има убава хидратантна структура. Цената на оваа пудра е 810 денари а ако имаш среќа може во некои од парфимериите (Космо, Шатци, Ким, Еликсир) да најдеш пакет со гратис Буржоа маскара или коректор од истата палета. Така е ептен поволно.
Јас си купив ваква Ме чинеше 420 денари, sand нијансата ја земав. Убава е пудрата, ама некако не ми е подобра од Макс Фактор. За оваа треба да ставам прво крема зошто тешко се размачкува, ама во секој случај сум задоволна бидејќи имам мат изглед на лицето и без да ставам камена пудра