Elisabeta пробај ја техникава. Јас видов многу разлика на лицето одкако нанесувам вака а и имам заприметено дека подолго ми стои шминката
Ако некој се спрема да ја зема L'Oreal true match да ви кажам дека е на попуст 667 денари во Космо и плус даваат остранувач за шминка 125мл е овој: http://www.superdrug.com/medias/sys_master/front/prd/8841678782494.jpg Јас ја земав ама уште не сум ја пробала.
И мене пудрава ми е одлична! Исто како тебе само пофални зборови имам, многу природно изгледа и многу пати ми имаат кажано дека лицето ми изгледа многу убаво кога имам ставено од неа. Јас ја имам купено најсветлата нијанса и ми е супер погодена. Мене лишаи ми се познаваа, ама јас си ги имав пред тоа без оглед на пудрата, ми се појавуваат некогаш на образите. Супер држи и не ми ја снемува од лицето, без и со камена врз неа. Течна е и прелесно се размачкува. За цената си вреди. Кој не сака да троши многу пари или не е во состојба да одвои повеќе, ова е тоа што го бара. Дефинитивно ќе ја купам пак, од мене има .
Имам комбинирана кожа со мнооооогу масна т зона. Дали би ми одговарала течнава пудра и колку сте задоволни од неа?
Иако не ја имам долго време, да пишам два-три збора. Стаклено шишенце со пумпица и вакво кое нема да ви се скрши доколку ви падне. Не сум сигурна дали е наменета за многу мрсна кожа, ама за мојата умерено мрсна Т-зона одговара. 5-6 саати не светнувам, а со камена пудра сигурна сум дека може и повеќе да издржи. Најважно е што дава природен изглед, дури и кога имам ставено два слоја не ми се познава. Не е многу покривна, повеќе е за изедначување на тен. Јас ја користам во комбинација со Catrice камуфлажот и сум презадоволна од крајниот резултат. Цена: 450 денари
Најсовршената за мојата сува до нормална кожа со мрсно носе. Лесно се нанесува само ако имате совршено хидратантна крема како подлога или пак силиконска база (за вечерни излегувања) одлично стои. Некој полу мат финиш, не сјае, ма не се познава воопшто дека имате ставено пудра, ептен е природна баш нуд под услов да си ја погодите нијансата, а тоа не е воопшто тешко поради одличните нијанси. Солидна покривност, поголеми недостатоци не би рекла дека покрива, мене црвенилото и ситните мозолки ми ги покрива одлично, па може да се каже и темните кругови дека ок ми ги покрива ама сепак коректор си е коректор. Во поглед на трајноста можам да кажам дека сум презадоволна, од утро до мрак. Лесно се отстранува. Несакани ефекти немам од неа иако ми се случи деновиве неколку пати да заспијам со шминка без да ја извадам па пак ми е супер лицето. Околу 2600 ден. ја имам купено во Космо пред неколку месеци. Нијанса 021 и од истата линија nude имам и пудра во прав со истата нијанса 021, совршен тандем. Вака кога припекува сонце, а сум надвор и во движење постојано обавезно тапкам и со пудрата во прав одозгора и си имам совршено лице. Неможам да се сетам на цената на пудрата во прав. Диор ми се број еден кога станува збор за декоративна козметика па и за препаративна. Да можам се би изнакупила од нив!
@mims-89 Фала ти за рецензијава, ептем сакам да ја пробам оваа или таа на Армани, сега имам многу пудри ама за понатака имам план да си земам некоја од овие. Ги имам пробано сенките на Диор и подобро нешто немам пробано, се гледа дека вредат за секој денар.
Да ве прашам нешто...Минатата недела бев да си купам пудра Manhattan Clearface Natural Matte во плаво паковање е.Ама кога го отворив тестерот потече вода од пудрата, а пудрата некако беше на крајот од шишенцето.Продавачката стоеше до мене и одма почна да ме убедува дека нормално било така од стоењето, дури шишенце пудра ми отвори да ми покаже и од пудрата потече водичка. Пудрата е со полесна формула од црната Manhattan и од Manhattan Clearface Perfect Matte. За оваа зборам...Океј ли е така што се прави??
Најверојатно подолго време стоела така, па пред да ја употребиш протреси ја убаво и нема да го имаш овој проблем. Барем не би требало. Провери го и рокот на употреба ако има втиснат на опаковката или декларацијата, за секој случај.
Јас моментално ја користам. Прилично лесна пудр. За нормална кожа ја бива, за комвинирана и мрсна можеби но мора и камена.
Rose96 , незнам дали во Мк ја има но овде кај нас во Грција да , баш пред некој ден ја видов во Сефора и реков дај ќе ја пробам од тестерче. Оваа е многу, многу попокривна од другава на loreal infallible , за трајност неможам да кажам зашто само еднаш ставив од неа (толку беше тестерчето за еднаш ) ја препорачувам за многу мрсна кожа и лице со акни , ти знам дека имаш сува кожа па незнам како ќе седи на твоето лице , да не ти го суши лицето ако ја донеле пробај ја па види , инаку е доста покривна и баш мат. Цената овде и е 13 евра кај вас можеби ќе е нешто поевтина
Јас ја користам Infallible 24h но онаа во стаклено шишенце со бордо капаче.Дава мат изглед, јас имам мрсна кожа. Но кога ја нанесувам треба да бидам побрза бидејќи мн.бргу се суши и неможам да ја размачкам. Ја носам по 7h дневно колку што сум на раб. но неможам да кажам дека е трајна, а и плус светнувам. Затоа планирам да ја заменам но се мислам за која. Е сега ако има нова верзија што е потрајна и за мрсно лице баш ке се распташам и јас колку е кај мене во градот ако ја има
Дa oвaa е мн пoпoкривнa oд oвaa сo стaкленo шишенце. Тaa сo стaкленo шишенце мoже дa јa кoристaт и тие сo сувa кoжa дoдекa oвaa е 100 % мaт бaрем нa мoевo лице штo јa прoбaв и незнaм кaкo ќе седи нa лице сo сувa кoжa. Штoм ти имaш мрснo лице сигурнo пoвеќе ќе ти се пoгoди
Дневната тонирана крема од Клиник која ја користам не е повеќе во продажба а паковањето ми е ептен при крај. Истото ми се случи порано со една пудра од виши. Штета, баш ми одговараше на типот на кожата (сува осетлива) а нијансата идеална за мојот блед тен. За вечерна набавив течна пудра од Клиник која иако не ми е толку добра како кремава, си ја врши солидно работава. Имам чисто лице на кое му е потребно само изедначување за постигнување на нуде ефектот. Ако има некој искуство со диор, др. хаушка...или некоја друга со сличен квалитет, секој совет би бил добредојден.
Си се вратив пак на мојата L'oreal Infallible, само си ја земав една нијанса посветла 130 инаку имав 200 и позадоволна не сум била никогаш, одозгора и ставам камена од Rimmel Stay mate и цел ден сум без гајле, знае да светне минимално ама не е ништо страшно и воочливо. Мислев дека никогаш нема да пронајдам совршена комбинација на две пудри ама ете ова е тоа.. И најмногу ми се бендиса тоа што лицето не изгледа како зациментирано, дава баш онака свеж изглед и боја.
Луѓенца препорачајте ми пудра за кожа со жолт тен, очајна сум никако да погодам соодветна нијанса, последната што ја зедов ми оксидираше и сега пак има некоја црвеникава нијанса, а мојата кожа е апла жолта, маслинесто жолта, не сум бела и имам нормална накај мрсна кожа.Препорака ве молам.
која пудра ја користиш? а да пробаш пудра на loreal true match? имаaт избор на нијанси за секој тен мислам дека од нив ќе си најдеш соодветна нијанса