Пудриве се на попуст бидејќи рокот им е до октомври,матот е 299 а другава околу 700 ден.има ли некој искуство со нив ?
Здраво јас ја пробав. Веќе го ставив линкот претходно ама еве види го ефектот на пудрата http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/dr-hauschka_23.html
Ми се чини као да ти е темна оваа нијанса или до тенот е, блицот. Околу очите и вратот ти е побел. А за каков тип на кожа е?!?!
Здраво малку сум потемнета во лицето од Водно затоа е така (обожавам да планинарам). Според мене одговара на сите видови на кожа, затоа што претходно секако треба да нанесеш крема за лице па потоа пудра. Многу лесно се впива, не ја масти кожата што е најважно, фантастично мириса (мирисот не е воопшто јак, многу суптилен).
Штета што 00 е повлечена од пазарот, посебно е добра за оние со светол тен. Скептична сум за новава 01 но прва прилика ќе и дадам шанса. Секогаш гледам со резерва кога еден продукт е наменет за сите типови на кожа, посебно поради екстра сувата и осетлива кожа која ја имам. Едит: @Biodevojka секогаш со задоволство ти ги читам рецензиите. Секогаш корисни информации и совети за нега. Веќе ме поттикна да набавам некои производи. Од мене чиста 10 и продолжи понатаму несебично да го спдоелуваш своето знаење со нас.
Кога сме веќе кај пудрите сакам да се пожалам. Пред некое време купив ваква essence течна пудра. Бев и сеуште сум задоволна од самата пудра, но не ми се свиѓаше едно нешто. Пудрата ми беше пред крај и кога отидов до dm (од кај што ја купив) да земам нова, за среќа ја немаше истата боја па останав без пудра. Викендот требаше да искочам и зашто немав пудра ја исеков и бев сигурна дека на тубата ќе има од пудрата. Ама.. целата туба била празна. Само во едно мало делче имаше пудра. Јас се зафркнав еднаш, немојте и вие хаха
Пробај ја Афинитон мат, нијанса Golden Beige... Може да ти изгледа претемна на почетокот ама не е, се впива некако по неколку минути и баш си фаќа убава нијанса. Се сликав на сонце, со блиц, без блиц, на неонка, на нормално светло, нииииишто ама баш ништо не се познава. И јас многу тешко си наоѓам соодвета нијанса на пудра, имам ист тен како твојот. Мислам дека ќе те бендиса, на сите ја испрепорачав. 450 ден, ја имаш во сите парфимерии. Ако сакаш некоја друга пудра, исто мислам дека и Лореал имаат добар избор на жолтеникави нијанси, точно не знам да ти кажам, а и мојот долгогодишен хит, Севентин велвет, од 6ка па натаму, до 5ка се розови. А за понатаму, која и пудра да ја купуваш.... Прво види ги нијансите од дома, види кои се класифицирани како жолтеникави, кои како розеникави, па кога ќе отидеш, со тестерите ќе пробуваш да видиш која жолтеникава нијанса е најблиска до твојот тен.
Леле драга колку сум среќна, навистина ти благодарам за убавите зборови, секако дека ќе продолжам, сега подготвувам многу нови рецензии за органски мејкап, масла за нега на тело и масажа и креми за сончање. Кога станува збор за пудрата Хаушка, верувај ми дека новата колекција оваа во црно кутивче бојата 01 одговара на старата 00, и наменета е за ептен светла кожа, порцелански тен за норвежанки. Јас ја пробав на мене вчера и беше премногу светла (сега пак и во лето кога ќе потемнам уште повеќе ќе двои). Затоа и се одлучив за 02 затоа што е поприродна. Сега не знам јас каков тен имаш ти, можеби и ќе ти одговара. Поздрав.
На времето кога ја користев Ревлонов дефинитивно имаше поголема покривност, очигледно ја смениле нешто. А, баш ми беше следна на список за купување, ме премисли сега слабава покривност.
Нешто кај Ревлонот е сменето дефинитивно. Лично јас ја користам од прва или најкасно втора средно.Скоро 7-8 години минимум,нормално со паузи. Никогаш од Ревлонот не сум се нафрлала.Ако некој е компетентен најмногу да зборува за Ревлонот мислам поради долгогодишното искуство комотно можам да кажам дека оваа Ревлон што сеа ја користам и таа од пред некоја година не се исти. Како што кажав правев паузи само поради критиките кои ги добивав дека е мн тешка пудра а јас сум млада нема смисла толку тешка пудра. Презадоволна бев до пред одреден период.Правев подолга пауза од Ревлонот , некои добри 6-7 месеци ... И зедов пред месец дена. Прво различна е покривноста,а и кога ќе ја нанесам веќе се познава. Гледам дека и другите се жалат.Околу покривноста,мислам дека е покривна но не како порано.МОј совет афини мат е соодветна замена. А доколку има некоја феминка што ја користи и не е задоволна од покривноста мој совет е над Ревлонот мал слој на камената пудра на Дебора (таа што е 600 и нешто денари во злато/жолто пакување). Од дебора камената ден денес веќе 8ма година не сум пробала подобра и понежна камена пудра и по покривна.Вреди за секој денар.А доколку се наводени сунѓерчето што е во паковката може како кремаста да се користи.
Прв пат ја купувам ама е мноогу убава сум ја видела на другарка а и сум ја пробала о стварно убаво ми стоеше на лице. Кога ке исуши нема потреба од камена, скоро како да имаш и камена пудра изгледа. Ма да јас не користам баш камена и таман ми дојде. Ви ја препорачувам @Adina eve za sto stanuva zbor canim.
Дали некој ја има користено течната пудра од Радиант и доколку ја имате кажете ми дали сте задоволни?..
За која поточно Радиант те интересира? Јас ја имав како тестерче оваа на сликата и не бев нешто којзнае што задоволна во врска со трајноста ,а по нет читам дека по кратко користење се расипувале испуштале нешто како течност дали не ги чуваат ко што треба по продавнициве којзнае.. Инаку оваа е за мрсна кожа
Ми треба нова пудра за комбинирана кожа, последно ја користев од римел мат што е, но не сум многу задоволна. Пред тоа ја користев bourjois flower perfection, но сега се двоумам меѓу новата на аура и 123 на bourjois. За аура читав убави работи, а исто и за таа од bourjois - но и дека оксидира на кожата. Што ме советувате која да ја пробам?
Нa Буржуa 123 перфект убaвa ми беше пудрaтa нo јa сменив зaштo сaкaв нештo пoпoкривнo. А мене личнo не ми oксидирaше. Инaку пудрaвa е зa мрснa кoжa
Дали некој има користено пудрa на римел? Слушнав добри биле, ме интересира цена и каде можам да ја најдам и дали одговара за сува кожа?