според мене да, јас со четка ја нанесувам пудрата..мислам дека со четката рамномерно секаде и подобро се нанесува пудрата на лицето
Девојки сте ја пробале ЦЦ кремата на Биотен? Ме бунат нијансите, имам доста светла кожа, а како што ја видов Light нијансата на нет, ми изгледа темна. Инаку имам сува кожа.
Не знам колку приметивте, но MaxFactor FaceFinity e на попуст во DM (јас видов во Веро Џамбо), моментално изнесува 588 ден. (најголемиот попуст и е 640 ден. од редовната цена - 840 ден.) Не ја знам причината на ненадејниот попуст, дали рокот им е при крај, но дефинитивно ме стави на мисла дали да си направам залиха од истата...
Devojki da mi preporacate dali pudra dali bb/cc krema za letovo? Normalna mi e momentalno kozata samo kaj nosot mi e mrsna. Problemot mi e toa sto po samo dve min nadvor stanuvam crvena i ne mi se povlekuva.. Ja koristev na Catrice all mat plus ama dzabe se vcrvuvam kako ic pudra da nemam. Nekoja idea?
штом ти е нормална кожата и малку мрсна за преку лето можеш да ја пробаш цц кремата на Буржуа , јас ја гледам ептен покривна па и јас се мислам да ја земам да ти кажам. Само претходно пробај си на тестер јас обавезно така ќе направам зашто мене ми е мрсна кожата на тзоната и малку на носот. На некои со мрсна кожа им одговара истото го читам и за тие што имаат сува кожа
Јас ја имам пробано и искрено нема некоја разлика, а и кога ќе ја ставев базава некако чудно го осеќав лицево како да ми се собираше.Мислам дека за џабе ќе фрлаш пари
Денес ја купив Rimmel stay matte, и причниот впечаток ми е солиден, само мааалку барем повеќе да покриваше. Ама ми падна многу чудно, во дм кога пробував од тестерот бр. 200 ми беше баш погоден за мојот тен, па си ја земав таа нијанса, ама после кога нанесов дома од пудрата некако потемна ми е...
Не е причина рокотна мојата пишуваше произведена крајот на 2014 год(на некои 2015),а има попуст и на други производи МФ.
Во ДМ, како и сите останати продавници има штедливи сијалици кои нереално ти даваат слика за тоа како пудрата навистина ти прилега на лицето. Нареден пат излези на дневна светлина, така нема да погрешиш.
И мене истото ми се случи со истата пудра, 200. Јас па мислев дека ми оксидира на лице. Инаку да, ужасни се светлата во ДМ, па почнав да пробувам пудри само во продавници каде има дневна светлина.
@veronikaveronika не е само во ДМ светлото такво, и во Космо не е ништо поразлично. Јас кога пробував камена пудра, да не проверев на дневна светлина, ќе ја земев потемната, а нијансата што ја зедов совршено ми одговара на тенот. Немам такво искуство, да ми оксидира пудрата, но мој совет е кога планирате да купите некој производ од парфимерија, а има тестер, искористете го тоа максимално. Ако станува збор за пудра, тестирајте ја и издржливоста, нијансата, како ќе ви реагира на кожата итн.
Читам прво си ставала коректор па пудра редоследот е обратен значи ставаш прво пудра течна па коректор на критичните места па ставаш камена пудра , зошто доколку ставиш прво коректор па пудра со пудрата како потечна го рамачкаш и раствориш коректорот и ништо не си направила , ти препорачувам ревлон пудра и pan стикот на maxfaktor и плус кмена на maxfaktor пробај мислам ке делува но независно која фирма се прво пудра после коректор убаво натапкаш со прст да не се познава па изедначиш со камената
фала ти пишав после тоа дека го имам пан стикот ама не ми врши работа многу, а камена избегавам да ставам дека имам сува кожа и сите брчки ми се познаваат, ќе гледам да тркнам до белград да купам некоја од пудриве на Мак. За ревлонов тука читав дека не покривала ко порано
Од сонце ти се јавува црвенилото или цело време ти е таква? Ако е од сонце, земи тониран крем со заштитен фактор, ама некој поквалитетен, за да ја заштитиш кожата на лицето. Исто како да имаш пудра. Такви креми имаш на Avene, Eucerin и Heliocare, со тоа што Авене е за оние со посветол тен, другите даваат ефект на исунчана кожа, Еуцерин не толку многу колку Хелиокер (ова ми е инфо од дерматолог). Малку поскапи се, ама вредат за парите. За други такви креми во моментов не сум информирана.
@kjukli Се сложувам со мислењето на @Annath. И јас го имам овој проблем со црвенило на образите. По совет од дерматолог редовно користам крем за заштита од сонце со висок фактор. Нанесувај го на лицето пред употреба на друг вид козметика (коректор, течна пудра или база за шминка) според препораките дадени на упатството. Има голем избор на вакви креми кои се одлични за цената. Мој избор се оние од детскиот асортиман како најефикасни.