Јас баш поради свадба пред некој ден ја земав на Макс Фактор Фејс Финити. Задоволна сум , плус беше на попуст под 600 ден. во ДМ (мислам дека и во Еликсир уште е на попуст). Ревлонот не ја земав бидејќи читав поплаки дека на некои феминки им создава мозолчиња, па не сакам да ризикувам со мојава полу-проблематична мрсна кожа.
И јас да си го споделам моето скромно искуство со пудри, како човек кој не се шминка многу. Се шминкам бидејќи морам, затоа што имам проблематично лице, со осетлива кожа која е подложна на акни, па ми пречат и дамките што ми остануваат на лицето. Како тинејџерка ја користев Seventeen пудрата, еве оваа бидејќи за млада кожа таа ми ја препорачуваа во парфимерии. За мој вкус не беше доволно покривна, ама тогаш ми вршеше работа. Потоа, неколку години користев пудра на Oriflame, која исто така не ми беше доволно покривна, ама со коректор ми вршеше работа. Во последниве година и нешто пробав две пудри. Едната беше Rimmel Stay Matte, која ми се допаѓаше поради мат изгледот кој го даваше, ама од друга страна не ми се допаѓаше бидејќи и најсветлата нијанса ми е некако портокалова и двои од мојот тен, а второ тие флеки и лузни (од поупорни акни) не ми ги покриваше доволно. Последна пудра која ја пробав е на Aura - Cover Me, нијанса Alabaster и за тие пари мислам дека е една од најдобрите и најпокривните пудри што сум ги имала, затоа што, како што гледате, се трудам да не чини повеќе од 400 денари. Прва причина е што не излегувам премногу, па не ми се исплати да купам понесекојдневна и поскапа пудра, затоа што мислам дека попрво ќе ми се расипе, пред да успеам да ја потрошам (а жално е да купиш скапа пудра, за вечерни излегувања, а да ја користиш за секојдневно и најчесто денско излегување). Од Аурата сум најзадоволна од сите претходно набројани пудри (иако и со оваа некои недостатоци ми остануваат непокриени), па купив и коректор (благодарност до сите вас кои секојдневно се трудите да пишувате рецензии, кои ми помогнаа да се одлучам за Catrice Camouflage). Сега сум комплетно задоволна од изгледот кој го постигнувам. Кај оваа пудра ми се допаѓа што е хипоалергена и наменета за проблематична кожа, па не ми предизвикуваше никакви реакции (обавезно ми излегува по некоја акна како „протест“ кога ќе почнам да користам нова пудра). Кога беше поладно, ја користев со крема за лице, а сега без никаква крема (знам дека ќе ме осудите, ама не сум нашла некоја хидратантна, со нормална цена, на која нема да ми реагира лицето). Проблем со оваа пудра е што, во зависност од подлогата, знае да биде нормална или да оксидира. Тоа е единствен минус од мене. Инаку ја препорачувам на оние кои сакаат да си купат пудра до 400 денари која добро ќе покрива.
Најзадоволна до сега сум од оваа. Ептен ми се погоди! Имам комбинирана кожа (повеќе накај мрсна), би одговарала и на мрсна, али на сува никако. Нема потполно мат финиш, така што доколку имате доста мрсна кожа би ви требала подлога или камена пудра. Али трае и трае буквално цел ден. Нијансите не се како на другата ластинг финиш, така што тестирајте си прво. Плус пишува дека има спф 20 што е супер за сега. Ја купив на попуст 320 ден во Шатци, а редовната цена не знам колку е.
Јас ја користам пудрата seventeen mat plus одлична е за мене но ми се здосади ... Сакам друга некоја слична на неа не е важна цената ...
Само што објавив пост на блог ама сепак тука на кратко да пишам некој збор. Max Factor Facefiniti 3 in 1 е мојата омилена пудра во последниве две недели. Подлога, коректор и пудра во еден производ кој го олеснува секојдневното средување на една жена. Јас немам навика да користам коректор, па пудрава ми е одлична. Има средна, до висока покривност, а може да се нанесат и два слоја со кој нема да изгледате валкано туку природно и свежо. Има лесна, воденаста текстура, убаво се размачкува и останува долго на лице. Не е целосно мат, туку полумат, сепак изгледа здраво и свежо. На мојата масна кожа издржува 6 часа, а потоа блеснува Т зоната. Сепак не исчезнува скроз од лице, ниту пак се лизга, а и останатата шминка останува пристојна до крај на денот. Од мене 10+ за пудрава.
Ми треба пудра за нормална кожа за секојдневна употреба со средна покривност ( со понормална цена), па ако има некој што може да помогни чекам предлог.
Девојки некој искуство со матт пудрите, ги немам користено па некој да сподели. Инаку користам на есенс па сега видов и мат имаат донесено па се двоумам...
Ми се чини дека Catrice All Matt Plus е слична на неа, плус поевтина. Околу 450 денари. Пробај ја на тестер, големи се шансите да ти се свиѓа.
Девојки значи го дотрошив и второто шишенце од Loreal Infallible 24h и трето нема шанси да земам. Многу тешко се размачкува и ако си побрза во нанесувањето арно, ако не отиде, пудрата се фиксира готово е втор слој нема шанси да ставиш. Ајде предлагајте за жештините сега.Лицето ми е осетливо, со Т зона мрсна, нормално накај мрсно, и барам покривност од пудрата. Инаку ја носам по 8h и несакам да е тешка. Кај нас во градот отворија нова парфимерија и ми ја предложоја на aura cover me и max factor facefiniti? Која е подобра
Пробај со True Match од Loreal, лесна е и покрива прилично многу за толку течна пудра. Од мое лично искуство е далеку полесна од Макс фактор
Love86 јa немa ли истaтa пудрa нa Лoреaл вo мк ,сaмo мaт верзијa зa кoјa oишaв oвде пред некoлку денa? Oвaa е мaт нo не е тешкa зa рaзмaчкувaње вooпштo. Спoред мене.не би ти препoрaчaлa дa земеш нa Лoреaр тру мaч и Аурa кoвер ми зaштo не се тoлку трaјни пoгoтoвo oвaa нa Лoреaл пoвеќе е зa нoрмaлнa дo сувa кoжa. Мoжеш дa прoбaш некoјa oд Мaкс фaктoр бaш мн девoјки јa фaлaт нa феминa
Бев денес да зрмам тестер од пудрата, и јас си мислам продавачката ми става од онаа новата во стаклено шише, истата што ја имаш ти, а таа ми ставила од онаа постарата верзија во пластично со црно капаче, и се изнервирав. Ама ќе ја купам на слепо утре, што сака нека биде Само да не е премногу тешка за преку ден
Јас користам иста пудра и за преку ден и за навечер. Мене не ми е тешка, а ако погледна на блогот ќе видиш колку е лесна и течна, а колку убаво покрива.
Да го погледнав блогот, и видов дека е покривна, само незнаев да не е тешка за преку ден и затоа те прашав. Инаку на сликата гледам дека имаме исти тен, па да ми кажеш која нијанса ја зема
@buba4e89 да, тоа што ми беше најважно за летово односо да е трајна и покривна исполнува. Е сега на т-зоната поминувам и со камена зошто јас сакам баш мат изглед.
Јас како што читав за оваа пусра баш и не била за сува кожа, бидејќи ги истакнувала сувите делови. Јас кога имав нормална до сува кожа на образите ја користев maybelline afinitone mineral, мене ми беше екстра. Но наеднаш ми се смени лицето во мрсно и пола шише ми стое недопрено. Да сме од исто место со задоволство би ти ја дала