не ми покриваат на мејбилин ги имам користено ми треба нешто ептен покривно до 1000 че а оваа на артдеко некој ја има користено? Прочитав на нивтана веб страна дека е за сува кожа погодна
Пудрава е одлична за сува кожа, имам пишувано за неа поодамна. Ја добив на користење за да напишам рецензија, а бидејќи тогаш имав мрсна кожа не ми одговараше баш за во лето. Во постудениот период од годината кога кожата ми се менува, супер ми е. Со малку камена ептен ми ги задоволува критериумите. Ја користев и зимава повремено, затоа што имав огромен проблем со суви делови и лишаи. Многу е нежна, има свиленкаст финиш и не сјае, но дава навистина природен изглед на здрав тен. Покривноста е супер, средна која лесно се надоградува без проблем. Тоа што најмногу ми се допаѓа кај неа, е што нијансите се повеќе од одлични за некој со многу светол тен како мене. Мислам дека веројатноста да ти одговара и да ти се допадне е многу голема.
Малце е потечна, полесно се нанесува, тоа беше и причината зошто ја сменив старата ластинг финиш со оваа. Али за секој случај пробај си тестер.
Јас планирам да ја земам утре,не ми дадоа тестер па сега барам мислења за покривноста и не сакам да е тешка. Како си задоволна?
Моето ново откритие за комбинирана кожа .... прекрасно нешто...реков не фалам веќе пудри зошто после секоја моја пофалба почнува нешто да не чини но оваа морам да ја пофалам... прекрасна ....
леле фала ти многу ме израдува јас и со нијансите проблем си имам бела сум ко сиренце уште утре одам тестер да пробам..а заштитен фактор нема нели?
Тоа не сум проверила. Баш го зедов шишенцето да го „проучам“, иако ми е старо и малку излитено, сепак не гледам никаде наведен заштитен фактор. Мислам дека нема, ама ако кремата што ќе ја користиш како подлога има заштитен фактор, тогаш немаш причина за грижи.
И јас ја мерка пудрава на Артдеко некое време, пробав и тестер ептен ми се допадна, да дојдам при пари и ја зимам одма Инаку мислам дека има заштитен фактор, ова го пишува на нивната официјална страна за пудрава. The ingredient Squalan smoothes the skin, while UV filters protect against environmental influences. For normal, dry and sensitive skin.
Долго време ја користам Ревлон, ја имам неколку пати сменето и на крај секогаш и се враќам. Сега на ум ми е vichy dermablend, па ме интересира колку трае на лице (комбинирана кожа имам), дали се познава денски (за на работа ми е), и дали трпи горештини (лето иде). Благодарам.
Ако си ја погодиш нијансата, нема да ти се познава воопшто. Мене малку ме нервира, бидејќи и најсветлата (15 opal) ми е малку жолтеникава и ми дели минимално. Сакам пудрата да ми се слева со тенот исто како што е случај со Ревлон нијансата 150. Не дека реално се познава, ама мене ми смета и коса ми се крева кога наутро ја гледам на полицата. Не е тешка, не се собира во линиите на лицето и многу фина формула има; јас ја носам строго со камена пудра одозгора (Rimmel Stay Matte) и совршено си одговараат, не ми се разлева и не ми го поти лицето. Имам комбинирана кожа која во лето станува мрсна и баш ми се погоди Дермабленд, што искрено и не очекував. Бидејќи сум премногу светла и имам нелагодност кога мислам дека не сум ја погодила нијансата на пудрата, оваа ја користам за вечерни излегувања, на прсти се брои колку пати сум ја ставила при дневна шминка, само на почеток додека не ми помина меракот, но задоволна сум како се покажа на високите температури. Без камена не знам како би се однесувала, јас дали од навика, дали поради превентива, секогаш ставам. Заклучок - ако си најдеш идеална нијанса, немој да се двоумиш. Дека е како Ревлон, да не се лажеме, не е , но барем немаш грижа на совеста бидејќи ставаш проверен производ на лице.
^ Баш ова последното што го напиша најмногу ме интересира, споредбата со Ревлон, зошто не е, во што е полоша? А скоро дупло е поскапа од Ревлон.
Ме интересира дали има некоја која што користи од пудриве што ги нема во македонија..како mac nyx naked nars chanel..колку сте задоволни
Па единствено од Ревлон успеав да си најдам идеална нијанса. Онаа навистина идеална, кога дури и наутро не ти се познава дека имаш нанесено пудра, иако си се шминкала несмасно, а кожата на лицето сепак изгледа чисто и уредно. Многу тешко наоѓам така добра нијанса, кога бирам пудра тоа ми е приоритет и досега само Ревлон ме има оставено баш без зборови, кога правиме муабет за нијанса. Од Виши ги имам Дермабленд и Нормадерм, а дека забележав нешто посебно откако почнав да ги користам - не. Цената им е висока бидејќи нели, станува збор за медицинска козметика, а таа секогаш си држи некој ваков висок стандард. Пре би одбрала Ревлон, бидејќи сигурна сум дека нема да ми потфрли на високите температури дури и ако не нанесам камена пудра, за Дермаблендот се сомневам. Ја немам пробано без камена, тоа го кажав претходно, ама по самата структура ми остава таков впечаток дека би се растопила или би ми го потела лицето без соодветна матирачка завршница. Самата по себе не е доволно мат како што е Ревлон. Дермабленд ме остави без зборови кога видов како покрива тетоважи. Отековме денес со тетоважите, ама вистина тестирав и останав подзината. Совршено покрива и покривноста на Ревлон е мачкина кашлица во однос на оваа, ама познавајќи ги формулите на двеве пудри, пак ќе кажам - се сомневам дека на кожа како твојата и мојата би стоела мат цел ден како Ревлонот. П.С. Со Дермабленд се шминкав кога се сликав за табло пред неколку години, се шминкав и за матура, поминав многу свадби, веселби и други глупости и навистина вреди да се има ваква фотошоп-пудра по потреба. Уште стојам на тоа, дека ако најдеш нијанса која тотално ти одговара да ја купиш, но мислам дека пак ќе се вратиш на Ревлон.
^^ Мене и Ревлонот не ми стои мат цел ден, после 5 или 6 часа ставам малку камена на т-зона па сум ок до крај на работно време. Значи ако и виши ми држи 5-6 часа без да светнам супер е. Но штом ја немаш носено без камена не можеш да ми кажеш колку држи а тоа ми е битно, да не морам цел ден да се поправам со камена и на крај на ништо да не личам. Покривност голема не ми треба, немам проблематично лице, малку темни кругови околу очи и црвенило тука и таму, што нема да биде проблем да изедначи со оглед на покривноста која е најмногу фалена кај оваа пудра. Ќе ја земам за проба и тоа уште утре па ќе пишам. Најголем страв ми е да не се познава на лице и да не светнува бргу оти лоша пудра е нешто што лично најмногу ме одбива кај жена.