Ти кажав, ако си ја погодиш нијансата, не би требало да имаш проблем барем со тоа. Фино изгледа на лице. За другото, ќе си видиш сама - додека не пробаш нема да знаеш. Шизик на ризик, па ќе кажеш колку време отприлика ти држи мат на лицето. Баш ме интересира и мене.
Mishelka го цитирав оваа мислење бидејќи спомнуваш дека користиш max factor пудра. Може лу да ми кажеш за која точно станува збор и како си задоволна
феминки, според вас кои пудри се подобри за мрсна кожа, на Артдеко или Ревлон? Немам пробано ниту една од нив до сега. За Ревлон знам дека е околу 700-900 денари, а Артдеко не знам како се движат со цените.
^ Артдеко онаа која ја има кај нас и која е добра за мрсна кожа е 900 денари, некаде е и до 1000ка, но е премногу густа и тешка и не е во никој случај за летниот период, ќе ти се угуши лицето. Инаку @Love86 , ја користам Facefinity од Max Factor, имам пишувано многу за пудрата неколку страници наназад и навистина не би да се повторувам, се чувствувам како папагал кога зборувам едно те исто. Мој најискрен совет - повели на блог кај @marama, има напишано прекрасна рецензија за пудрава и мислам дека е доволно опширна за да сфатиш дали би сакала да ја пробаш или не. Јас сум задоволна и од нијансата и од пудрата во целост, но сепак не се осмелувам повторно да ја оставам така без да нанесам камена одозгора. Не знам, ми влева некоја дополнителна сигурност камената, дека нема на сред работен ден да се растечам или да ми засветат масните делови од кожата. Според мене, најпогодна би била за комбинирана и мрсна кожа, за овие другиве не сум баш сигурна, зашто не е толку хидратантна иако е со потечна структура.
Благодарам, инаку се извинувам не се навратив поназад во форумот, сега ќе исчитам баш... А го прочитав блогот на marama, па сакав да слѕшнам и друго мислење Сепак фала ти во секој случај
Моето искуство е речиси исто со она на Марама, баш пред некое време го правевме муабетов, затоа и ти ја спомнав рецензијата. Само го додадов тоа со камената пудра, зашто не ми е при ум дали таа го практикува тоа. Ако имаш таков сличен тип на кожа, мислам дека ќе ти одговара и ќе ти се допадне, не е воопшто тешка за топлиов период како што очекував.
@Mishela, Superbalanced на Клиник ја гледам веќе со месеци во Космо на акција некоја, конкретно во Космо во Сити Мол. Кај касата стои, во помало пакување е од стандардното (ми се гледа како 20 мл), чини околу 800 денари колку што памтам. Од Нова Година наваму цело време ја загледувам, и пред некое време таман да ја земам, еден друг сет од Есте ми фати око, го земав тој и заборавив на пудрава. Сега скоро не сум била, да не те лажам дали уште ја има или не, ама провери си
Гледам пишувате за пудрите на Клиник , Есте итн.. ако некоја од вас оди неделава во Солун може да си земе пудра (течна или камена) со попуст (и тоа добар попуст ) на пр. на Клиник и Есте пудрите 30% поевтини може да ги најдете ( јас тие за мрсна кожа ги имам земено со попуст 30евра на есте и 22 евра на клиник) Чисто онака да си имате во предвид
@Mishela и @Love86 јас не користам камена со оваа пудра. Имам пробано и со камена и без и некако исто ми е.
Јас си ставив денеска од пудрата, еве се гледм во огледало не светам уште.. Нијансата е како на marama 75 Golden. Инаку како подлога ја имам avene cleanance mat emulsion. Се мислам за нешто похидратантна подлога
Абе не еве се гледам, ама некако кога се измив сабајлево ставив од емулзијата и многу бргу ми се впиваше во кожата
Да, но само оној во долгата туба, за комбинирана и мрсна кожа. Мене многу ми се погоди, баш во лето и го користев. Попокривен беше и од некои пудри кои сум ги имала, ама не го купив повторно бидејќи нијансата ми беше проблем кога ми се врати кожата во нормала по сончање. Не знам за каква кожа ти треба, онаа во стандардната туба ја немам користено, не ми одговара.