Прилично е тешка, посебно првиот саат по нанесување се познава прилично многу, по неколку саати подобро легнува на кожата и супер изгледа на тенот, но дефинитивно не е лесна пудра. Некои денови од месецот, зависно од самата кожа во каква состојба ми е, пудрава одлично ми легнува на лицето, други денови се познава премногу и истакнува пори и други недостатоци. Текстурата е многу специфична, леплива е и не се нанесува баш најлесно... Лично мене ми се допаѓа ефектот кој го дава и ми се допаѓа тоа што има SPF 20 и има солиден избор на нијанси, НО дефинитивно е тешка пудра која бара трпение за да и се фати редот добро, така да не би ја препорачала...
Може секако, јас овој го користев. Малку е пожолтеникава за мојот светол тен, ја имав лајт нијансата и кога бев исончана малку ми беше супер. Види ја, може ќе ти се допадне.
http://images-its.chemistdirect.co....pg?q=75&o=Q7JwH5BI8luM0CXzuf65K7aOmRoj&V=cnJO sto mislite za ovaa pudra?? inace drugarka mi mi kaza za nekoja pudra 8 vo 1 bila so zelena pakovka da ne znae nekoj za koja pudra stanuva zbor?
Мислам дека нема тестери. Единствено да разгледаш по блоговите како изгледаат нијансите па да споредиш. Или ако некоја веќе ја има, да пробаш.
Леле, па тоа им е утка. Да купуваш пудра на диво, без нијанса да се пробаш. Патем некој спомна и за CC крем на Боржуа била идеална за во лето, но денес на факс една колешка ја фалеше Гарниер била лесна за во лето за денски и навечер, ја матирала со камена пудра навечер, а денски така ја нанесувала. Ќе разгледам, фала уште еднаш за мислењето.
Малку доцнам со одговоров ... Мене ова не ми е тешка пудра, а не е ниту паштетеста. За преку ден само неа ја ставам, за навечер додавам и камена и бронзер, па топ ми е. Инаку не е за сува кожа дефинитивно, и треба добра хидратација и пилинг. Во спротивно истакнува суви делови, барем кај мене.
Maybelline SuperStay Better Skin ја купив зимсока на некој попуст. Имам комбинирана кожа што оди од екстремно сува во зима до доста масна во лето. Зимово воопшто не ми одговараше, ама минативе пар месеци ми е баш супер. Не би ја купила пак ако не е на попуст (а сега мислам дека е), ама 300-400 денари за пудра што е трајна, не се отсликува и има заштитен фактор не е воопшто лош deal. Ако имаш нормална кожа веројатно ќе ти се погоди, мене со мааалку камена ми е одлична и можам да кажам дека е доста трајна. Голем плус е исто што не се растекува ако дојде во контакт со вода, а лесно се вади со нежен отстранувач за шминка.
Денес ја имам цел ден оваа пудра на мене, ја имав и заборавено дека ја имам затоа што нијансата што ја имам е претемна, денес ја искористив затоа што имам ставено лосион за самопотемнување на телото. Ова е дефинитивно една од најлесните пудри што ги имам користено, дури полесна ми е од бб/цц крема. Има лесна до средна покривност, одлично изедначува тен и дава свежина на лицето. Не е мат, ама не е ни премногу сјајна нешто измеѓу, ама сепак не би ја препорачала на премногу мсна кожа. Пудрава е одлична за луѓе што немаат проблематична кожа, и што бараат лесна покривност. Мене ми траеше цел ден со исклучок на т-зоната каде што за неколку часа си засветив, не ми истакна пори или други неправилности. Се мислам да си ја порачам во посветла нијанса за да си ја користам за секој ден. Многу убава структура има, по густа е па треба многу мало количество за цело лице.
Еве maramka да ти одговорам Суви делови пудрата ми истакнува кај носот заприметив. Инаку и јас камена не ставам. Ама тие денови како да ми треба хидратација некако...
Еве и јас сум пред "оние" денови во месецот и кај мене кожата е многу сува на одредени места, дури се перути. Нормално е да има некаква промена во одредени денови. Ставај помрсна крема навечер пред спиење или ако имаш масло.