јас искрено ставам крема за лице под цц кремата, само бидејќи имам кожа што е подложна на акни и некако ми е страв да не ставам крема што ќе го регулира лачењето. меѓутоа доколку се нема таков проблем, доволна е и само цц кремата.
Во Шатци пудрата на Артдеко rich treatment за сува до нормална кожа со нивниот камуфлаж коректор е 860 денари моментално.
Многу е покривна, преубаво мириса, а не се осеќа тешка на кожата, една од поубавите пудри што сум ги користела. Мислев дека ќе ја снема, ама скоро ја видов во ДМ, значи не ја повлекле од употреба, чини 295 денари.
Ги барав на Essence таа Stay all day и All about matt ама ги немаше и ја видов оваа на Miss Sporty So fine skin matching Спојлер Прбоав тестер убава ми беше. Сега дома ја пробувам и многу е течна, како со вода да е растарана, на лицето не се ни познава дека воопшто имам ставени нешто, како крема само.
Ако има некој искуство со пудрава нека сподели на попуст е во Шатци 860 ден. плус гратис коректор. Новата на Римел ластинг финиш со црвено капаче е на попуст во Дм 220 ден.
Да,ја нема во каталогот.Со оглед на тоа што попладнево бев во Дм,Космо,Шатци и Еликсир99 %сум сигурна дека ја видов во Дм Беко
@kala21, пудрата на Artdeco - Rich Treatment е наменета за сува до нормална кожа, мислам дека зборувавме за неа пред неколку страници, не се сеќавам кога беше. Мене ме спаси кога кожата ми беше посува во зима, многу ми одговараше тогаш, ама за овој период не би ја препорачала, башка што ми останало во глава дека имаме сличен тип на кожа, мислам дека во моментов не ни вреди понудата. Баш штета, барем за мене. Прекрасна е и пудрата и коректорот.
За сите кои се загреани за MAC пудрите, посебно течните, од моето искуство не се нешто ваууу по квалитет. Пробани ми се Studio fix и Face and body. За тие цени не се реално вредни. Според моето искуство значи ова го кажувам.Бидејќи се канадски бренд, очекував многу повеќе.
Комбинирано е моето лице(во зима и суво),ама може да се купи сега па да си ја чуваме за на есен,зимаАј ќе размислам.Фала
Да не е некаде на попуст моментално ЦЦ кремата на Буржоа или Healthy Mix? Или Лореал True Match? Таа што е на попуст таа ќе ја земам
Мислам дека Хелти Микс е на попуст во Шатци. Не знам дали уште им трае попустот, но знам дека минатата недела Хелти Микс и Флауер Перфекшн беа намалени.
Кога ја размачкувам пудрата се прават како топчиња р‘ѓа од кожата, како да не ми е миено лицето. А го мијам со тоник и ставам крема пред ставање на пудра. До кожата ми е нешто или можно е да е до пудрата?