Ако имаш нормална до мрсна кожа пробај го овој на Гарниер. Јас го користам секојдневно веќе 7 месеци и сум ептен задоволна од тоа како ми ја чисти кожата, а при тоа не ја суши.
Ако ставаш крем пред пудрата можно е од тоа да ти се прави. Јас ставав и исто ми се правеа топчиња па пробај без крем да ставиш пудра за да видиш дали е тоа. И тоа што ти се прави не е рѓа од лицето, туку самата крема најверојатно
Женски,се мислам за камена пудра. Макс фактор,Римел....или нешто друго? Која е најдобра?Да го измазнува лицето,да не е како брашно
Само што се вратив од ДМ и римел ластинг финишот со црвено капаче беше со попуст, али околу 350 ден., а таа со црно капаче беше околу 220 ден., а и имаше само нијанса 300
Сигурно ти е од пудрата... Дали пред употреба ја промучкуваш? Те прочитав дека спомна дека ти е некако водеста, така кога стои пудата се двои смесата и затоа пред употреба треба убаво да се промучка, кај секоја пудра важи ова. Ај пробај и така... Како што видов пишува за сите типови на кожа е, но не им верувам на такви пудри, неможе едноставно да е и за мрсна и за сува кожа...
Јас мислам дека кремата која @pamelche ја користи како подлога не соодветствува со стуктурата на пудрата. Мене истото ми се случи со флуидот Балеа и Лореал тру меч. И оваа пудра мене ми е малку воденаста, па ми се случува истото и внимавам која крема ја користам. Единствено ми одговара Еуцерин Аквапорин, но само со пудрата на Лореал, со други немам проблем. Пробав и со протресување на пудрата пред употреба и се` по ред, ама додека не сменив крема не се среди.
Пробај со пилинг, ама мислам дека не е проблемот со твојата кожа. Пиши ми што ќе направиш ПС и јас не ставам пудра без крема, едноставно ја сменив и немам проблеми
А да те прашам која пудра? Зошто мене така ми се прави од ББ кремата на Менхетн, онаа антибактериска што е. Имам 3 креми за лице, која и да ја ставам пред тоа пак ми се прави така. А и кога немам крема исто. Не знам зошто ама најверојатно е до пудрата. Знам дека не е исто ББ со пудра ама прв пат ете некој да спомне ова дека му се случува освен на мене.
И јас мислам дека е можно да е до кремата, исто и јас не можам дирекно пудра без крема оздола оти имам сува кожа, со друга пудра исто се случуваше и видов дека не е до пудрата туку кремата не ми одговарала на лицето. Кај мене и без да ставам пудра самата крема (користев лореал трипл актив за комбинирана ради т-зона) ми правеше топчиња изгледаше ко немиено лицето а иако претходно и пилинг и свашта, но откако ја сменив кремата веќе го немам тој проблем.
Јас денес ја зедов пудрава на Артдеко Rich Treatment Foundation со гратис камуфлажер од Шатци, првично ми се допадна и фала богу конечно светлата нијанса е навистина светла. Во сабота сум на свадба и ќе видиме како ќе се покаже цел ден на топлово време.
Не издржав до утре и денеска се нашминкав туто комплето Камуфлажерот покрива феноменално, буквално се покри, пудрава исто со два слоја има огромна прекривна моќ, дава свежина на лицето, сјај, сето она што и треба на мојава сува кожа. Но, во однос на нијансата пак проблем. Првично кога ставив на мал дел од лицето делуваше светла како што и пишав погоре, но денес кога ставив на цело лице видов дека не е светла, добив и коментар од мм дека ми е темна малку. Па како е можно сите пудри да ми се темни, јас изгледа не сум за тука треба пудри од скандинавскине земји да купувам. Најсветлата нијанса број 10 ја зедов и таа се двои. Ќе се откажам најсериозно од пудриве, па веќе неможам колку пари изнафрлав и пак не можам соодветна боја да си најдам
леле како така темна а јас баш ја гледав акцијата во шатци и се наканив конечно да ја купам @Mishela твојата што ја имаш користено кое бројче беше бидејќи паметам спомна дека си имала светла нијанса?
Истата нијанса ја имам и јас @alisijad, aма мене ми е супер, не ми дели од природниот тен, ми се совпадна и изгледаше супер. Пред да земеш пробај ја, ако не ти одговара, побарај ја нијансата 28. Мислам дека и таа беше светла, ама со розе подтон, не се сеќавам баш како одеа, ама провери ги и другите нијанси за секој случај.
@Mishela @alisijad 28-цата ја нема во Македонија најсветла е 10ката. И јас сум светла и мене не ми одговараа нијансите. Ја користев пред една година и знам дека се утепав барајќи ја посветлата нијанса и никаде ја немаше. Мене и коректорот ми беше темен ( оној што јас си го користев го повлекоа исто од продажба во Македонија) најсветлиот што моментално го има кај нас е многу зелен. Ама лето е, и онака од движење ќе фатиш малку боичка, па нема да ти стрчи толку многу.Само незнам колку ќе ти одговара пудрата за овој временски период. Јас од неа во лето светнував за неполни два часа за зимо ми беше во ред.
28 ја нема тука да, оваа како демек најсветла ама везе си нема. Значи пукнав од нервоза не можам ни со камена да ја осветлам, а ја купив утре за шминка за свадба, што да правам сега. Имам 7 пудри дома сите ми седат неискористени, сите земени во најсветли нијанси и пак темни. Зар е возможно да сум волку бела
@kolovoz, од помала парфимерија ја купив мојата пудра, се сеќавам дека пробав и уште една светла нијанса (28 ), но бр.10 ми се допадна повеќе, најверојатно заради подтонот, не ми останало во сеќавање, но знам дека имаше две светли нијанси затоа што видов и пробав. @alisijad, јас ти предлагам да ја пробаш 10-ката, па да видиш дали ќе ти биде во ред. Оваа пудра е со помала милилитража од стандардните пудри, а и сигурно ќе потемниш минимално, па мислам дека ќе ти биде во ред.