@Rose96, јас ја имам најсветлата што ја имаат кај нас, 45 warm almond. Многу ми се допаѓа навистина, ама споредена со Revlon CS 150, Max Factor е многу пожолта, потемна е барем пола нијанса секако. Не се познава воопшто откако убаво ќе ја изблендам и покријам со пудра во прав, па добивам одличен природен изглед. Во последно време почна да ми здосадува, па пак и се вратив на Revlon CS, зашто навистина нијансата ми е непребол и не ми се познава на дневно светло. Мислам дека ќе ти се допадне истата нијанса, имај си предвид дека можеби ќе ти треба минимална корекција на прегибите кај виличните коски.
Да ве известам има попусти во Шатци парфимеријата на пудри Буржуа , Лореал и др , еве го постот на фб
Шатци е ок како парфимерија, ама ме нервира што за разлика од Космо каде што во сите продавници истите производи се на попуст, во Шатци не се. Отидов еднаш да купам пудра што не знам уште каде не изрекламираа дека е на попуст и на крај за џабе отидов, ми викаат девојче овде можеш да ја купиш по редовна цена, попустот е во Центар И за да не бидам оф топик, дали ја има артдеко на попуст во Бисер, ако некој може да ми каже?
Ја користам веќе една година Revlon за комбинирана и масна кожа ( мојата е сува кожа, али ја купив и таа пудра па воопшто не ми се допадна) и прилично сум задоволна од оваа, некоја слична на неа па и подобра?
Пудрата на артдеко со поклон коректор е 860 а не 900, пишувајте точни цени кога веќе објавувате. Инаку @Mishela јас бев и ја пробав 10ката, 28цата ја барав во повеќе парфимерии на шатци и во космо и нигде ја немаше, а 10ката и мене како на @anastasijaki ми е ептен темна, и нема шанси таа да е светла нијанса нешто утнале
@alisijad - ако ова се однесува на мене , јас постов го копирав од фб , не сум го напишала самата @Marinelce92 - ако си задоволна од пудрава воопшто и не ја менувај зашто за истиве пари нема шанси да најдеш подобра за мрсна кожа. Ако сакаш подобра би ти препорачала на Есте и на Клиник ама тие каде каде се поскапи. Јас зимата што помина ја купив истава на Ревлон за мрсна кожа се супер ми се погоди и нијансата и се но почнаа акни да ми излегуваат од неа и морав да престанам да ја употребувам. Штом тебе не ти прави проблем среќна си
Во врска со пудрата maxfactor facefinity, не ми е јасно како може барем кај нас во градот да нема потемна нијанса од 75 Golden. Сега ми е некако мааалце светла... Ами ко ќе се подисунчам.. Се надевам ќе донесат и потемни нијанси
Ја има некој користено Max Factor miracle touch и како сте задоволни од неа, гледам дека е за комбинирана кожа.
Да ми кажете збор-два за пудрава?За каква кожа е? Дали можат да ја користат помлади или е за зрела кожа? И колку е покривна?
Најдов чаре за пудрава, ја купив најсветлата нијанса што ја најдов во Космо, на севентин тајм плус и ја мешам и алелуја добивам боја што не ми се дели од вратот
Јас ја имам користено пред неколку години.ПреДОБРА пудра.Посебно за некој со нормална/сува кожа.За мрсна не е баш,ама ако размислам убаво,за секаква можи да се користи(иако таа со црното капаче е за мрсна/комбинирана,ама оваа е попокривна).Не сум сретнала досега таква кремаста пудра.Ако не се лажам,20 мл. е,ама вреди за парите. И + си добиваш коректор(камуфлаж) сега со понудата во Шатци.Планирам пак да и дадам шанса
Девојки, ајде ако некоја оди деновиве во Космо нека ѕирне дали ги има нијансите 200 и 300 од Ревлон Колорстеј за мрсна кожа. Се мислам меѓу 200 (nude) или 300 (golden beige). Знам дека сме збореле дека ја нема 200, ама наводно ја имало, така ми кажаа. @mims-89 ако не се лажам, мислам дека имаше другарка која работи таму, можеби си пишала дали ги има, ама не се сеќавам- доколку не ти е тешко прашај ја, навистина ме интересира. 320 и 340 ми се премногу темни. Јас не сум во можност да одам периодов, па затоа пишувам овде. Инаку решена бев да ја земам Фејсфинити, задоволна бев како ми реагираше денот кога ставив од 75ката, си земав и тестер со нијансата 60 (75ка подобро ми одговараше), меѓутоа последните два дена ставав од неа и дали бидејќи беше пожешко, не се чувствував убаво со неа како со Ревлонот. Плус треба да добијам, па имав две бубулици мали, не сум најзадоволна како ми ги покри. Имам за уште еднаш од тестерот, ќе ставам утре или деновите, па ќе донесам конечна одлука дали да ја купам. Ревлонот ми е проверена, неприкосновена на жештините, и знам дека и да ја купам Фејсфинити на крај пак ќе купам и Ревлон.
Loreal Lumi Magique или Artdeco Rich Treatment Fondation Која од овие пудри е подобра за сува кожа? И која нема жолт подтон? Во моментов ја користам Loreal True Match, ама не ми одговара на лицево. Цело време ја чувствувам кожава како сува, а користам хидрантен крем претходно. Најверојатно не е за сува кожа.
@koritsaki имам мрсно лице и што и да ставам пак сум си лампионче. Лореал ја користев до сеа ама некако ме мами Артдеко гратис Камуфлаж Кремот