Пудрата од Артдеко што е на акција е наменета за сува кожа. Подобро купи си го коректорот посебно, штом сакаш да го пробаш, вака ем ќе си ги дадеш парите, ем нема да имаш пудра. Можеби и другите пудри што си ги користела не биле наменети за мрсна кожа, па си светела, еве од трите што ги наброја само Ревлонот е за мрсна.
не ми е толку битно која најмалце свети бидејќи ставам камена одозгора, а ако приметам дека светам или пак ставам или поминувам со салфетка си ја купив денес Артдеко зашто не можев да одолеам на коректорот, кој веќе ми е трет и планирам колекција да си правам нареден пат ќе ја купам Ревлон обавезно, нема да пројде непробана кај мене
Имам проблем со бирање нијанса на пудрата. Кога сум во продавница(Dm,Cosmo) ,пудрата изгледа нормално,но кога ќе дојдам дома избраната пудра е премногу портокалова.Конкретно со пудрите на Max Factor-FaceFinity и Lasting Performance.Како да го решам овој проблем? И ако може некој да ми препорача течна пудра со розеникава база,бидејќи,нели ако е таква со бронзер можам да го затемнам лицето во секој момент?
Порано ја користев оваа пудра од римел но веќе ја немаат во продажба. Гледам останато е само најтемна нијанса и не ги носат повеќе.Многу е тешко да најдам пудра бидејќи имам жолт подтон.Имам многу пудри купувано и секогаш се враќав на оваа од римел .Нешто да ми препорачате?Гледав од макс фактор -facefinity но и најтемната нијанса ми е премногу светла.Се размислува за Loreal Lumi или пак од ревлон...некој совет?
Пробај Лореал True Match имаат голем избор на нијанси, а како што приметив и Артдеко имаат жолт подтон. За Ревлон не знам бидејќи не сум користела до сега.
@lovelife бара пудра за мрсна кожа (бидејќи таа што ја постираше е за мрсна), а Лореал True Match е за сува кожа, ниту е долготрајна, ниту е мат. Во однос на нијансите на True Match да не се буните има по 3 нијанси за секој под тон, така да нијансите со C - cool се за розев под тон и ги има 3, N - nautral за неутрален беж тен, W - warm жолтите, топло подтонови. Лореал Lumi има светлечки пигменти и остава како сјај со светки така да не би ти ја препорачала за мрсна кожа иако покривноста и трајноста и се одлични.
Прoбaј јa нa Ревлoн пудрaтa зa мрснa кoжa, имaш избoр нa нијaнси сo жoлт пoдтoн a oвие нa Лoреaл пудриве се зa сувa кoжa
да ти кажам право, одамна не се замарам со тоа дали е за мрсна или сува кожа било која пудра. Гледам бојата да си ја погодам, зашто имам толку мрсно лице што мора на саат два да ставам пудра во прав така да сеедно ми е, ми нема спас
@Bloom19 Пробај ја пудрата во прав на Аура, ептем е добра и одма ја прави кожата мат и ефектот е траен. Баш имав рецензија на блогот за пудрава и јас сум изненадена од тоа колу е добра. Мене летово камените пудри не ми се баш нај нај исто морам после некое време пак да ставам. А не можам да се замислам да излезам само со течна пудра. Иако имам комбинирана кожа т-зоната во лето ми е премрсна и никоја течна пудра не ми држи долограен матт ефект.
Фала ви девојки најмногу на одговорите.Ќе идам деновиве ќе пробам тестерчиња.Мене кожата ми е нормална накај ненормална Значи имам делови околу/над устата каде што одма ми се суши кожата а на други места пак ми е мрсна.Римелот најмногу ми се погоди и бидејќи не се суши одма и бидејќи не се познаваат линии или брчки и порите не се познаваат.Значи јас имам чисто лице но поубаво ми е кога ќе е со пудра и мат..И не дека ми треба некоја огромна покривност ...ама пак да биде истонирано.
Пудрата на ревлон шо ја спомна @koritsaki ја користам и е стварно суперсупер покривност има. @lovelife два пати го прочитав тоа шо го пиша. Имаш нормална кожа но на места сува а на останиот дел мрсна? ? ! Нормална кожа не може да е на места сува, а на места мрсна. Комбинирана имаш значи или мрсна штом на сите делови освен околу устата ти е мрсна. Барем така кажа ти И штом ти е чисто лицети побарај некоја полесна пудра подобро,затоа што до сега што си ја користела Римелот е тешка пудра за лица кои немаат чисто лице ,за нив е супер. Пример како оваа . Лесна е но пред тоа одлучисе какво лице имаш ,тоа игра голема улога при избор на пудри. Оваа на Диор е за чисти лица баш, лесна е и го матира лицето убаво
@anni93 аман ја се извинувам што стручно не сум се објаснила каква ми е кожата ..не ми била нормална ете.Благодарам И не знам какво искуство имаш ти со римелот.Мене ми е одлична за моето лице кое пак ќе нагласам дека е чисто.Воопшто не ми беше тешка баш напротив ..со еден слој ми го тонираше лицето и не се познаваа никакви траги од пудра или нешто слично.Како и да е мене не ми беше тешка пудрата Ти благодарам на препораката за пудра
Освен што би светела малку, би имал ли некој лош ефект ако купам пудра за сува кожа а мојата е комбинирана? Образите во последно време многу ми се суви, и со лишаи. Ми се познава и онака кога немам пудра а не па кога ќе ставам, тогаш уште полошо.
@x.Daisy.x Не би требало, освен што ќе ти се мрси побрзо кожата што не ти е сува ама ќе средиш со камена или на тој дел ставај мат пудра. А изгледа кожата на образите ти е дехидрирана, мене ми се има случено од мат пудрите, добри ми се за т- зоната но образите ми ги дехидрираат. Некоја добра хидратантна крема и пилинг еднаш до два пати неделно и се враќа во нормала.
@lovelife Пробај ја ревлон 320 или па штом не ти треба покривност многу пробај некоја ЦЦ или ББ крем. Таа на Боржуа солидно покрива ама колку се задржува на лице не знам. А и е на попуст во Космо ако сеуште трае.
На ум сум да купувам пудра па се мислам дали да чекам дур не појдам на одмор и да си ја земам на Chanel Lumiere Perfecton и Illamasqua Skin Base. Скоро бев на шминкер и ме шминкаа со co Estee Lauder Maximum cover и така фино ми легна на лице,буквално ме освои па сум на мисла да ја земам. Трајност на жешково ми издржа од сабајлето од 11 до вечер до касни саати. Ми ја измеша со Bourjois 123 Perfect Foundation и ептен ми се трефна нијансава посреќна не сум била,абе детска радост си бев Што ми е најважно не ми створија иритација некако ја истестирав ама сум на мисла што да правам со Естево Не дека имам којзнае што да покривам ама па лицево стакло ми го направи и што е најбитно да не претерувам ама не ми мрдна цел ден од лице а немав фиксатор. Иако убедена сум дека во помала количина имаше ставено од Есте за да си заштеди. Кожава ми е сува и дехидрирана, на некои места и нормална ама образиве ми патат почесто зависно од временскиве услови па ептен тешко си наоѓам соодвена пудра. Ако некој ја испробал би сакала во кратки црти да се потруди да даде кратко објаснување. Тенк ју