Здраво, дали знаете каде можат да се најдат пудрите на Estee Lauder во Скопје и некоја препорака за многу светла пудра ( за бледо лице ) . Благодарам .
Имаш пудри на Есте по Еликсир и Космо , нијанси има многу но мислам дека не се сите достапни во Мк , но оди и види си пробај некој тестер. Еве ја од прилика листата со нијанси. Мојата нијанса која ја користам е 1N2 Ecru. Многу светли ти се овие - 1C1 cool bone , 1N1 Ivory nude , 1W1 Bone..
Дефинитивно никогаш нема да си ја погодам пудрата! Или не ми одговара на тенот, или пак е премногу густа, не е трајна, ми ја иритира кожата итн. Последна што ја земав е менхетн, и едно големо НЕ за пудрава. Имам мрсна кожа, па пудрава ми изгледа како да ми го цементира лицето. Да дека има мат ефект, ама многу неубаво стои. Ептен вештачки... не се размачкува, иако претходно ставам крема за лице. Не е воопшто трајна, а ниту нијансата не си ја погодив... така да, во потрага сум по пудра која ќе ми стои природно на лицето и ќе има убав сјај. Предлог?
Здраво на сите! Денес ќе читате за еден продукт кој што е доста популарен последниов период. Се изначитав позитивни критики и морав да го купам, иако немав потреба од нова течна пудра, се работи за ЦЦ кремата на Боржуа (ако се изговара така). Паковњето е во туба од 30мл, што е одлично и мене многу ми се допаѓа. Одлично е за патување или носење во чанта. Достапна е во 4 нијанси од кои што јас ја имам најсветлата 31 Ivory. Прво морам да пишам, има одлича покривност. Дури и се изненадив колку добро изедначува тен и покрива други неправилности, особено одлично прекрва црвенило. На кожата му дава сјаен и блескав изглед, кожата изгледа здраво и свежо. Ја намалува видливоста на порите и одлично ја хидрира кожата. Се работи за еден одличен продукт! Кога прв пат ја нанесов пудрава мислев дека никогаш нема да купам нешто друго, го добив она што секогаш го барам од течна пудра одлична прекривност и природен изглед ама се разочарав кога после неколку часа се погледнав во огледало, лицето ми светеше а пудрата ми беше разлеана. Продолжив да ја користам ама морам со плус камена пудра а така се губеше блескавиот сјај од лицето. Би ја препорачала пудрава на девојки со нормална/сува кожа, ако имате мрсна кожа би требало плус камена пудра за фиксирање. Мислев дека ќе ми биде одличен продукт за летово, ама сега ќе ја оставам за есен/зима се надевам дека тогаш ќе ми одговара повеќе, затоа што на мојава мрсна т-зона не трае повеќе од 5 часа. Во однос на нанесувањето одлично се нанесува и со четка и со сунѓерче за течна пудра. Пак ќе пишам одличен продукт, кој вреди да се купи особено ако е на попуст, ама јас незнам дали би ја купила повторно пудрава затоа што за жал не ми одговара. Ако имате некој предлог за подолготрајна цц крема ви било супер ако ми напишето. http://rosee96.blogspot.com/2015/07/bourjois-cc-cream-review.html
Loreal true match ми е речиси потрошена и сега пак се мислам што пудра да си купам. Не можам никако да си погодам, имам комбинирана кожа.Се мислам помеѓу некоја на макс фактор или новата на Боржуа, да биде до кај 700-800денари. Совет?
Од се срце на сите што можете да си ја дозволите ви ја препорачувам Double wear-Estee Lauder. Долготрајна, со прелесна текстура и според мене совршена покривност која трае со часови. Мојот холи греил Знам дека на сите ви е добро позната затоа нема да пишувам многу за неа туку сакам да прашам летна замена за естето, ја користам повеќе од две години така да немам појма какви се пудри извадиле другите брендови во меѓувреме. Само сакам лесна варијанта во овие месец, два да си ја користам преку ден, а да не ме светнува во т-зоната
Ти ја препорачувам CC кремата на Clinique , лесна е и многу трајна , идеална за мрсна кожа , исто така е и 30 спф , јас сега преку лето почнав неа да ја користам и јас ја ставив во пауза пудрата на Есте
@koritsaki изгледа јас и ти за исти работи се фаќаме Ја купив пред некоја недела таа на Клиник ако збориме за розевата и воопшто не ми одговара. Премрсна ми е за моето лице и признавам не се информирав пред да ја купам, само пробав тестер набрзинка и ја купив. Затоа сега си барам мислење
Знам за која зборуваш , таа во розева опаковка ама не јас ја имам таа во зелената, и добра е , не е премногу покривна но за преку лето ок е. А искрено незнам која е разликата меѓу овие две?
Еве сега гледам, на мојата пишува moisture surge, а на твојата superdefense... Ај баш ќе ја пробам утре зеленава да видам разлика Фала ти @koritsaki
Зошто кога нанесувам пудраа, секогаш носот ми се лупее.. Нормално на хидрирана и чиста кожа ја ставам, а имам прилично сува кожа, но пред да ставам пудра ја хидрирам и и ставам малку крема, помадаа.. До што е проблемот, инаку користам различни пудрии, еднаш една друг пат друга и таака ..
Ја има и мислам дека ќе ти се допадне, наменета е за позрела кожа. Не знам која цена е, ама најверојатно стандардно како за Артдеко - над 800 денари, претпоставувам.
Ти препoрaчувaм дa земеш некoјa пoквaлитетнa пудрa , пoгoтoвo зa oвaa нa мaленa имaм прoчитaнo декa е зa жени нaд 40+. Имaш гoлем избoр зa сувa кoжa дoбрa е нa буржуa healthy mix или еве некoјa нa loreal lumi истo тaкa е супер
имаш на есенс, катрис , менхетен за тие пари , само оди во космо или дм и прашај си кои се за сува кожа