Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Имам комбинирана кожа на лицето и ја користам Revlon Colourstay за комбинирана / масна кожа веке 6-7 години. Единствена пудра која ми ги покрива сите недостатоци и што ми е многу важно, се фиксира на лицето и останува така до отстранување. После ставање на течната пудра, нема потреба од камена или во прав, лицето е стакло. Пудрава сум ја носела на температури преку 40Ц, под нулата, дури и сум плачела со неа :^) и верувајте не се брише :D

    Лани сурфав по нет да најдам нешто слично со цел да го одморам лицето. Estee Lauder Maximum Cover имаше многу позитивни критики и со цел памет ја купив во Солун 36-38Е. Еднаш ставив од неа и толку, ми стоеше на лицето како паштета :( После другарка ми ја пофали Loreal Infallible, демек 16 часа не се брише. Ја купив и таа, не е лоша, убаво покрива ама лесно се брише, нема шанси со Revlon Colourstay. Е сега јас другарка ми ја навлеков на Revlon :D

    Според мене има само една мана и тоа е што потешко се вади. Бидејки имам проблематично лице, обрнувам многу внимание на хигиената. Ја отстранувам пудрата со Божен ракавица, па се мијам со гел, па после млеко и тоник, па крема. Цел ритуал имам навечер ама вреди. Што се однесува до шишето, напротив мислам дека повеке се искористува вака, ја цедиш целата количина во однос на пумпа каде што секогаш останува малку на дното. Навика...
    Revlon Colourstay ја купувам во ГТЦ во парфимерија што се наоѓа на приземје, отприлика испод влез во кино Милениум и тамо чини 680 денари.
     

    Прикачени фајлови:

  2. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Ја земав пред некој ден и одлична е.
     

    Прикачени фајлови:

  3. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Mене во космо продавачката ми кажа дека е тешка пудра,ама ја немам користено.јас здедов исто од дебора и баш ми е ок и добро покрива.
    [​IMG]
     
  5. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    И јас ја порачав пудрата, другарка ми ја користи и ми кажа дека е нова и дека е за млади. :)
    Иначе ја бев пробала кај неа и навистина е убава,лесна е и покрива.
    Некој ја има користено , јас чекам да ми стигне. Иначе Менхетен ја користам сега.
     
  6. Sani.Z

    Sani.Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
  7. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски

    И јас ја користам севентин пудрата за лице, течна но сега сакам да си купам камена можи да ми кажете која ке ми одговара на оваа пудра и дали да земам посветла или потемна од таа што ја користам

    ФАЛА
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    ми изгледа одлично колку кошта?и за каква кожа е? :)
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    За сите типови на кожа е. Јас лично би рекла дека е за сува до нормална кожа. За мрсна би било добро врз неа да се нанесе и камена. Но не е комедогена. Инаку моментално е 620 денари секаде, со промотивен попуст од 20%. До кога ќе трае попустот не знам. :*

    Инаку да додадам. За сите што користите Revlon ColorStay пудра, најефтина ви е во гтц во парфимеријата на ќошот на приземје (под кино Милениум односно карши тоа тобакото што е на приземје). Чинам парфимеријата се вика Ива и таму пудрата е 680 денари. Секаде на други места е 799 денари.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Бонжурот е 620????

    Иначе јас ииииииич не сум задоволна од Менхетенот.
    [​IMG]
    Значи ја користам 2 недели, ај прво што не покрива добро ок, ај со тоа се справив, ама почнаа мозолки да ми излегуваат па си реков дека е од менструацијата, која дојде и заврши а мозолчињата ситни останаа. Плус и јас имам сува кожа и ми се појавија лиши пак.
    И еве денес официјално се откажувам од неа и и ја поклонив на мајка ми.

    Е сега се мислам дали да си ја земам Мејбилајн од која бев презадоволна, не покрива премногу, ама лицето свети. Супер е за сува кожа, дава хидратација нежна е кожата.
    [​IMG]

    Aма сеа се мислам меѓу Мејбилајн и оваа на Bourjois?
    Да експериментирам или да се вратам на она што си е сигурно?
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Цуцо Бурожоа! Ќе те карам оти Бонжур монамур :D

    Јас викам вака. Да си одиш фино лепо во Космо или Шатци и да си побараш тестер од пудрава на Буржоа (во кесичка, земи си неколку за да ја тестираш повеќе денови). Нијансата е 53 (стандардна нијанса која мислам тебе ќе ти одговара на тенот). Инаку, и оваа е хидратантна пудра, не е многу покривна ама лицето изгледа чисто, мазно, преубаво! А знам дека немаш потреба да се фасадираш така да и Буржоа ти е добра опција во моментов со оваа цена.
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ја у живот немам учено француски мислиш дека знам како се читаат зборовите :D

    И јас не ја спомнував пудрата, туку те поздравував, Бонжур :rofl:

    Иначе баш утре ќе тркнам до Шатце за тестер, сигурно ќе ми дадат? Да не речат нема па да ги затепам?
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Зошто па да не ти дадат? Мене ми дадоа. Не гледам причина тебе да не ти дадат. Ако не, јас имам дома тестер ќе ти го проследам некако :D . Сериозно! Видов тестери и во Космо и во Шатци. Кесички од 1мл некаде се. Има знам и во најновото Јуник тестер од пудрава па ако некоја твоја пријателка има купено и не ја пробува нека ти го даде тестерот.

    Бонжур монамур :*

    п.с. ако не ти дадат тестер, затепај ги :D
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    ако немаш некој проблем со лицето овие од бонжур се добри не се многу покривни јас за мојата комбинирана кожа од нив не можам никаква пудра да си најдам а еднаш по грешка на продавачката ми ја даде таа од мејбилајн што ја има погоре на сликата пудрата е добра ама за сува кожа и добро покривна штета што мене не ми одговараше па ја заменив со дебора и во принцип мислам дека пудрите на мејбилајн ми се подобри за некој степен од буржоа кои се дури и поскапи
     
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    @ Rosonerka Јас пред 2 недели ја купив пудрава од Космо и стварно е добра ,лесна и не се приметува дека имаш пудра,но многу се брише кога намерно или ненамерно ќе се допреш со рака (мене ова ме разочара бидејќи ова страшно ме нервира).Инаку гел пудрата е 620 ,а пудрата е 800 (ова се цени во космо) и како што ми објасни девојката гел пудрата е за сува додека другава за комбинирана кожа.
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Росси само поздрави го газдата од мене...и добиваш. ;)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ааа..да! Заборавив и на оваа опција, по Тетовска линија. Саде све Тетовци работат таму а Шатци е Тетовска парфимерија. Ќе му каеш ваќе и ваќе, Џули кажа да ми даеш тестер од Буржоа пудрава! :lol:
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ооооо фала Џули, ако има проблеми веднаш те спомнувам. :D

    Добро ќе побарам тестер и онака имам друга пудра Дебора таа ќе си ја користам деновиве.
    Зборот за тестерите ми е што стандардно тестерите си ги зимаат продавачки, ги даваат на пријателски, еден мој комшија порано беше дистрибутер па имав дома секакви тестери за креми, маски, парфемчиња, пилинзи :)
    Не се секогаш пријатно расположени за тестер продавачките. Барем јас така мислам дека си ги даваат на блиски најчесто.

    А ти Грл си ми ептен запознаена со се. Која парфимерија е најефтина? Шатце, Космо, Јуник, Еликсир, Ким?
     
  19. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Од мое искуство Јуник и Ким се најскапи а Шатце ми е најевтина
    Во Шатци можеш да си побараш картичка за редовни муштерии имаат 10% попуст јас на пр. пудрата Ревлон ја зимам за 644ден Ч)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Па во глобала Шатци и Космо нудат најдобри цени. Но, додека Космо има универзални цени во било која продавница, тоа не е случај со Шатци, да внимавате! Па така на пример, ако редовна цена на D&G Light Blue во Шатци Бисер е 3990 и на него даваа -15% попуст излегува цена 3390. Додека во Шатци во гтц истиот е 4390 чинам и може да се добие 10% попуст! Во Космо пак истиот тој парфем е 4990 денари без никаков попуст. Зборувам за количина од 100мл. Затоа пак има некои парфеми кои во космо се поефтини за разлика од Шатци. Вака за декоративна козметика, во глобала Шатци и Космо се држат до препорачаните цени. Точно е тоа, дека во Шатци со клуб картичка при секое купување имате -10% попуст, истиот не може да го користите на веќе постоечки акциски попуст. Така да Буржоа, Макс фактор, Дебора, Лореал, имаат +-иста цена во Космо и Шатци, со тоа што во Шатци со клуб картичка имате -10% а во Космо моментално собирате поени 1поен=1денар па на крај од секој месец може да си земете вредносен ваучер од поените и да си го искористите. Па ова на крај му излегува ист есап за цените со тоа што Космо те врзува попустот да го искористиш пак кај нив. Предноста тука на Космо е тоа што 1поен=1денар важи за сите производи па тоа значи дека ќарувате и на акциските производи. И така :D Инаку Ким и Јуник по мене се најскапи. Не знам зошто, ама во Еликсир немам навика да влегувам. :geek:

    p.s. Тоа со тестерите навистина е така. Имам пријателка што работи во Еликсир и стандард има тестери од све и свашта и само раздава. Веројатно така е со девојките и од другите парфимерии. За жал.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.