Женски, кажувајте каде е МаксФактор Фејсфинити на попуст Знам дека последен пат беше во Еликсир, ама дали е сеуште немам појма. И дали оваа новата на Буржоа е веќе во продажба? Не ги обожавам баш како бренд, ама паѓам на се' што го содржи зборот мат во називот, па би ја пробала Останав без пудра неочекувано некако, МФ ми беше при крај ама ми се виде дека има за уште неколку пати. Ставив вчера и сабајле едвај три капки исцедив од пумпицата, последните. Почетнички грешки правам значи Итно ми е, да одам сега после работа да си купам Фала однапред на инфо.
Мислам дека не е веќе на попуст, во Schatze на попуст се други пудри, а во Космо намалена е Rimmel Stay Matte и тука-таму нешто друго. Во Еликсир немам влезено со месеци, најнеомилени ми се. А новата од Буржоа, според моите претпоставки, би требало да стигне кај и да е до крајот на месецот. Излезе пред неколку дена, како што видов, ептен е тазе. П.С. Да ти ја дадам мојата МФ , мене многу ме нафрла во последно време, не знам дали само мене ми се случува тоа.
Ту, некако се надевав дека Буржоа ја има, секогаш сум расположена за нешто ново, ама ќе морам пак да ја земам МФ изгледа. И мене не ми се допаѓа баш периодов, малку тешкичка ми станува после неколку часа, веројатно e до топлово. А со нафрлање за среќа немам проблем од МФ, ама затоа Ревлонот ме осакати последен пат кога ја користев, само заради тоа не би ја пробала пак Ништо, ќе поминам во Еликсир, таму последен пат беше на попуст, па може ќе имам среќа да е сеуште. Фала @Mishela
Денес кога бев да си купам пудра - (ја користам римел 103 и јас) ми кажаа дека овие му биле нови паковања + подобрени. Читам дека си задоволна така? Исто и поскапени се така? Значи нијансите не се исти? Која ја зеде ти? Да ја земам исто 103? Или е многу посветла? Едвај си најдов соодветна пудра и сега ми ја менуваат
Да, формулата е подобрена но е слична. Новава формула содржи некаков серум и затоа е малку похидратантна. Јас ја зедов 103, не е многу посветла туку е поразлична нијансата некако пожолтеникава (на лице мислам нема многу да се приметува) мене новава нијанса повеќе ми се допаѓа попридона ми е. Не знам колку и е цената јас ја зедов на акција 370 денари, но не сум од Скопје. Во предходниот коментар заборавив да кажам, лепливото чуство кое се јавуваше после нанесување кај старата формула кај оваа новава го нема.
Ја има ли пудрава во ДМ? Ако не каде можам да ја најдам? Бонус ќе ми биде ако ја има некој пробано да ми каже како му се чини. Се надевам ќе најдам светла нијанса. Сто пати имам гледано на Есенс производи ама не ми текнува дали ја имало или не.
Денеска видов во Веро козметика на Римел баш се зачудив.Пудрата со црвено капаче мислам дека беше 320 ден,Wake me up 460,лакови по 99 денари.
Имам сува кожа, и баш во парфимерија барав некоја покривна пудра за сува кожа ама не можев да најдам, и ми предложија да ја пробам Menhetn Mat, и искрено да кажам дека не ми се перутеше кожата кога ја ставив. Обично кога ставам некоја пудра која што не е наменета за сува кожа, кожата многу ми се перути,ама овој пат изглеа Ингрид подлогата вешто ја заврши својата работа. Дојдов дома и го измив лицето, не дочекав да видам што ќе се случи покасно. Сеа се мислам дали да ја земам или ќе има негативен ефект покасно. Некој совет да ми даде? Некој што бара покривна пудра дефинитивно вреди за парите.
Подобро земи ја другата со заоблено капаче, не дека и таа е наменета за сува кожа, но е попријатна на лице за разлика од оваа. Не би ти препорачала да ја купуваш оваа, затоа што мене на мојата мрсна кожа ми беше тешка и ужасна, а можам само да замислам како би било кај некоја со посува кожа. Не ги ставаат бадијала ознаките на пудрите за кој тип на кожа се наменети. Јас би ти ја препорачала оваа, мислам дека е сосема во ред за сува и нормална кожа, но сепак, пак ќе кажам - ти си ја знаеш кожата најдобро.
@Mishela дали и оваа е добро покривна како матот? Зошто другата ептен густа беше и многу прекриваше. Од оваа немаше во парфимеријата па немав можност да ја пробам. Утре ќе побарам да видам дали ќе ми одговара. Ти благодарам многу
@Talita јас сакав да ја земам Endless Stay, но ја немаше овде кај мене. @mims-89 ми ја препорача како одлична за сува кожа, еве таа нека ги спореди во однос на покривноста доколку ја има и матот пробано.
Endless Stay има послаба покривност од класичната мат, би рекла дека е средна, но надоградлива. Многу фина пудра е и е милион пати подобра oпциja за твоjaта кожа. Барем jac така мислам.
@Mishela Колку време трае на лицето без да светне ? Според тебе која повеќе покрива Ревлон Колорстеј или Bourjois 123 Perfect ? Се двоумам помеѓу овие две, но не сакам да ризикувам со Ревлонот бидејќи читам многу негативни коментари во последно време и реално за таа цена очекувам стварно одчична пудра Jaс ја зедов Radiant но не сум баш задволна има мала до средна покривност и некако многу брзо ми светнува лицето и изгледа исто како ништо да не сум ставила . Многу е лесна исто како кремче да имаш ставено, делува многу природно на лицето, само што потребно е повеќе да ставиш на лицето за да го добиеш посакуваниот ефект. Немам пробано со камена пудра можеби повеќе ќе трае, но за таа цена искрено очекував повеќе. Мислам дека повеќе ми ги откри недостатоците..... Дефинитвно не е за летен период. Инаку имам прилично чисто лице, но сепак сакам некоја пудра која делува природно на лицето, а има голема покривна моќ.
@crazylady, двете пудри се сосема различни во повеќе случаи, ама ќе се потрудам да ти направам некоја паралела според моето искуство. Буржоа е полесна, побрзо се фиксира на лице и треба брзо да се работи додека се нанесува, мат ефектот е поизразен и има прашкаст финиш. Никогаш не сум нанела пудра на лице самостојно без камена или пудра во прав одозгора, па така комбинирана ми трае 4-5 часа сигурно. Потоа постепено светнувам во помасните зони и правам корекција. Ревлон има потечна, но потешка формула (мене не ми е воопшто тешка на кожата, но споредено со формулата на Буржоа - потешка е), попокривна е и финишот на лице не е сосема мат; тоа мене не ми се допаѓа, но покрај фактот дека секогаш нанесувам камена/п. во прав - не ми смета воопшто. Ми трае слично како Буржоа - 4-5 саати сум сосема во ред, а потоа кога-како, корегирам доколку има потреба. Иако, ретко ми се случило да правам корекции, кожата не ми свети толку нападно како со други пудри и изгледа фино. По толку години користење и после толку потрошени шишиња од Буржоа, малку ми здосади и мислам дека не направив грешка што се навратив на Ревлон. Мене многу ми се допаѓа, но пак ќе кажам - мора да се внимава со дозирањето, затоа што многу лесно може да се добие изглед на растечена торта доколку се претера со количината. Несакани последици немав, ниту се нафрлам, ниту ми истакнува суви делови, но сметам дека тоа е индивидуално и тука никој не би можел да ти каже со сигурност нешто повеќе. Еве на пример, ретко каде сум прочитала лоша критика за МФ Фејсфинити, ама мене лицето ми стана за никаде од неа, како штотуку да сум влегла во пубертет, така да, не препорачувам да се раководите според такви коментари. Кожа е, нема логика да се однесува исто кај сите. Слична цена се и двете пудри, но не се ни малку слични една на друга по предности/негативности. Затоа би ти рекла - пробај ги и двете, јас не би се осмелила да ти сугерирам која е подобра и која треба да ја земеш, мислам дека сама подобро ќе процениш што сакаш.
Гледам пудрава на Гродани од Орифлејм е на попуст, па кажете ми дали сте ја користеле, како сте задоволни и дали е за сува кожа?
@coconaut ја користев две години пудрата,и јас имам сува кожа. Океј е, лесна пудра, мала покривност, ама мислам дека можеж да најдеш за истите пари подобра пудра
Можеби е малку офтопик ама сакав да покажам само како одговараат пумпиците од серумите за коса на Авон со Revlon Colorstay пудрата за лице. Конечно ги стокмив трите и тоа намерно во различни бои за полесно да си ги распознавам нијансите. Сивата за најсветла, зелената е моја мешавина на две нијанси за да ми одговара кога сум малку поцрнета и плавата за најтемната нијанса. Мачно беше чистењето признавам, особено ако претходно се користени капките ама после тоа си нарачав 2 нови и различни пакувања па многу поедноставно поминав. Силиконските капки може да се затворат со капачето од пудрата и да се користат и така. Патем на сликава е и Estee Lauder која иде без пумпица и за неа имам од MAC што совршено одговара.
Баш ти е весела колекцијата, @Artemission. Мојата е зелена, ама шишето е празно и валкано и не изгледа така слатко како твоите пудри. Со душа чекам да ја наместам на новото шишенце. Инаку, јас многу лесно поминав со чистењето, затоа што серумот беше нов и неупотребен, па мицеларната вода ми заврши ептен голема работа околу чистењето на цевчето од пумпицата. Мислам дека има видеа низ youtube за чистење на пумпицата, ако случајно не си погледнала, иако не верувам.
Фала @Mishela Јас имам OCD и мирувам само кога знам дека сум си ги подредила работите како што сум ги замислила. Инаку за пудрите, шишенцата си се оригиналните само ги ставив пумпите на нив. Мене зелената ми беше користена и душа ми излезе буквално додека ја очистив како што треба. Користев алкохол од аптека и стапчиња за уши, па во вода ја вриев... Абе чуда За другите две си нарачав скроз нови и освен цевчето и малку внатрешноста, останатото беше нечепнато и лесно за чистење. И срам ми е да кажам ама не, баш за тоа ич не ми текна да погледнам на YouTube
Пумпичката на Фејс Финити совршено одговара на Есте. А, верувам и на Ревлон, ја фрлив, па не можам да пробам.