Koristam kamena od avon no ne stavam sekogas nekako na dnevna svetlina mnogu mi se poznava vrz tecnata
Јас бев денеска во Космо ама само за да ја видам пудратаСпоредував со мојата МФ 75 и веројатно ке треба да ја земам 3 или 4 иако сите ми се некако многу жолти.Продавачката незнаеше да ми каже до кога важи промотивната цена.
Јас не пишав затоа што одвај два пати ставив, па сакав да си дадам повеќе време. Не се шминкам толку многу деновиве, а тогаш кога се шминкам несвесно посегнувам по Ревлон. На тема Bourjois Air Matt - не знам колку ќе ви се допадне, затоа уште од старт ќе ви кажам да не се ориентирате по коментари, туку да одите и да пробате доколку имате намера или желба да ја купите. Мене ми е супер, но имам чувство дека нема да биде баш по сечиј вкус, гледано наназад по бројните искуства - мои и на останатите со други пудри од овој бренд. Секогаш сум пристрастна кога се работи за Bourjois - омилена drugstore козметика ми е и не знам дали воопшто имало нешто што не ми се допаднало од нивните производи, но за тоа друг пат. Пудрата има фина текстура, мене ми е мешавина од CC кремата и 123 Perfect, што значи дека има нежна формула, мат финиш и кадифена, т.е. прашкаста е откако ќе ја нанесам на лице. Нијансите се жолтеникави, освен првата Rose Ivory - таа е розеникава, но мене најмногу ми одговара и не ми делува розево на тенот, со фино блендање се соединува со мојот блед тен. Покривната моќ е средна, не сум ставила повеќе од еден слој и не знам како би изгледала така на лице затоа што лично не сакам да нанесувам пудра во n-слоеви, а оваа брзо се суши и треба брзо да се работи со прсти/четка, па мислам дека засега вака ми е сосема доволно за да ги сокријам сите недостатоци. Не видов некоја голема разлика меѓу нанесувањето со четка и прсти, јас преферирам четка за да добијам таков изглед каков што сакам и мислам дека така ќе продолжам да ја нанесувам. Во неколку наврати кажав дека секогаш нанесувам камена пудра на Т-зоната, без разлика каква течна пудра користам, па и оваа не е исклучок од тоа „правило“. Пристојно се држи на кожа 3-4 часа, па си правам корекција со матирачко марамче и повторно изгледам средено. Не знам како би се покажала на високи температури, времето не беше баш во тоа расположение овие неколку денови. Вака сумирано - сосема просечна е, ништо навидум ново и спектакуларно со не знам колку часовен мат ефект, ама мене ми остави убав впечаток затоа што сметам дека ми го дава тој ефект што го сакам на лице, а од оној услов „постојан мат ефект над 8 часа“ се откажав веќе години наназад, па не ми смета и ќе ја користам периодов зашто баш добро ќе ми дојде било каква промена од Ревлон Колорстеј.
Koritsaki која пудра ја зеде,првата или втората,или пак двете се исти кажа дека си задоволна,да ја земам и јас да ја пробам
Нескафе25 - ја земав оваа првата , и двете се исти само ова пакување десно е достапно за Америка а ова лево кај нас супер е пудрата , на форумов ќе прочиташ различни мислења едни велат за сува други за мрсна кожа , јас имам мрсна кожа на челото и таму ставам обавезно камена пудра и не свети лицето со саати. Мислев дека нема да ми одговара но баш ми се погоди
дали знаете некоја пудра за младешка кожа бидејки јас имам една но таа некако е тешка и ги затвара порите а скапо ја платив и сега сакам да земам полесна и за младешка кожа и некоја по квалитетна
Ајде и јас да се изјаснам за новата пудра на Буржоа Air Mat (ја купив уште првиот ден кога ја донесоа во Космо, мислам типично) Веќе 4 дена ја користам и засега сум задоволна. Не прави чуда, веднаш да разјасниме, освен Есте немам сретнато друга пудра блиску до „чудо“, ама е сосема солидна. Да почнам од почеток: Структурата е течна, а кога ќе се нанесе на лице и избленда, финишот е мат. Меѓутоа, не оној ептен прашкаст мат што истакнува се' што е и најмалку суво на лицето, туку би го нарекла свиленкаст мат. Со добра подлога во вид на крема под неа, не ми истакува никакви суви делови, никакви брчки и линии. За мрсна/комбинирана кожа е полн погодок (пак ќе нагласам, со подлога под неа). За нормална и сува кожа мислам дека не би одговарала, впрочем, не е ни наменета за таквата кожа. Навистина е лесна на лице како што тврди на амбалажата и изгледа природно, а покривноста кај мене - со еден слој - е медиум накај фул (ја нанесувам со buffing brush на Real Techniques). Да нагласам, јас пудра нанесувам секогаш во еден слој, мене ми е доволен, така што не можам да зборувам како се однесува Буржоа при надградување на покривноста со втор слој. Меѓутоа сигурна сум дека ефектот би бил екстра фул покривност. Со прсти не сум пробала да ја нанесам, ама ми се чини дека со четка подобро би се изблендала. Впрочем, веќе со години не нанесувам пудра со прсти и не ни планирам да почнам, така да во тој поглед не сум компетентна да зборувам како изгледа на лице. Инаку, навистина имам чувство дека ја остава кожата да дише, впрочем, така и е рекламирана, и го нема воопшто оној маска ефект, туку како да имам ставено лесна крема, ете така ја чувствувам на лице. Во споредба со Мак Фактор Фејсфинити (која последна ја користев), Буржоа е далеку полесна. Во однос на трајноста, а со оглед на тоа дека камена пудра воопшто не користам, кај мене издржува 4-5 часа без да светне. Во текот на работниот ден корегирам само еднаш со тапкање и тоа е тоа. Мислам и дека од drugstore пудра не може да се очекува подобро од ова, така што јас сум задоволна во поглед на трајноста и издржливоста. Се вели дека е 24-часовна пудра, со што не би се согласила, меѓутоа издржува на лице 10 часа (толку најмногу сум ја носела и изгледаше сосема пристојно на крајот од денот). Најбитно ми е што после некое време не изгледа како да ја „снемува“ околу носот, на брадата и на други критични места, што е за пофалба. Сепак, при тапкање со палома гледам дека се пренесува малку, така што тоа е нешто што треба да го имате на ум. Далеку е од Ревлон или Есте на пример, што ни со триење не се пресликуваат и не излегуваат од лице, но исто така и далеку од тоа дека се растопува и растекува. Како што реков, кај мене е постојана и покрај малото пренесување, ми издржува и гушкања при поздравување со луѓе, и бакнежи од драги луѓе и се' Генерално не сум фан на производите на Буржоа, особено не на пудрите, кои досега ми беа благо речено очајни (уште не можам да се помирам со оној ужас 123 Перфект што не може ни пудра да се нарече, а чини преку 800 денари ). Само руменилата им ги сакам, ама еве засега пудрава ме поби во „омразата“ и ми ги задоволи очекувањата Со скептицизам ја купив, ама секогаш давам шанса на нови производи макар и да погрешам во изборот, меѓутоа ете за среќа овојпат не згрешив Мојата нијанса е 03 - Light Beige и одлично ми одговара на мојот среден тен со жолт подтон. Сите нијанси се со жолт подтон освен 01, која е розеникава и е најсветла нијанса. Цената (со 20% попуст) е 584 денари во Космо. Сеуште трае промотивниот попуст, чисто за инфо П.С. Извинете за рефератов, се заборавам кога зборувам за шминки
@kala21 според мене да, одговара. Од МФ ги имам користено и 60 и 75, од кои последно 75, па 03 од Буржоа ми одговара супер. 04 е доста потемна од 03, ептен е жолта. Пробај си најубаво на линијата помеѓу лицето и вратот, мада мислам дека 03 повеќе ќе ти одговара
Пак јас со досадниве прашања за пудри,ама морам да прашам не ме карајте. Повеќе од една година ја користам пудрата Тајм Плус на Севентин ама искрено ми здосади,многу брзо ко да ми светнува лицево. Значи не ми треба некоја којзнае каква покривност,најмногу сакам за изедначување на тенов некоја пудра,битно ми е да е квалитетна..Немам некоја потреба од покривност,бидејќи имам чисто лице(кога викам чисто мислам на тоа што немам акни и други бубљици) имам само темни кругови околу очиве и пеѓи кои си ги сакам! Е сега ако може некоја љубезна да ми препорача нешто до крај 500 денари... Фала ви многу. Да спомам имам користено Мајбелајн,ама не сум нешто многу задоволна. Инаку сум речиси бела,односно имам некој порцелански тен... Или ако не да си ја земам оваа,пример од оваа сум задоволна и од покривност и од трајност од се. Ама имам проблем со нијансиве...Кај мене по парфимерииве никако не можам да си најдам нијасна се се некој темни,последно барав во ДМ во Веро Џамбо што е и таму исто...Се што останало одмана. Па ако може кажете во Скопје кај можам да е најдам пудрава со повеќе избор на нијасни. Фала многу однапред
Оваа пудра мислам дека нема избор за светли нијанси, секогаш кога сум гледала многу биле темни за мене, инаку и јас имам многу светол тен. Сакам да си купам и јас некоја нова пудра, и јас користам на Мејбилајн ама течна е, а и сакам малку да сменам.
@Anna-Banana, види ја Natural Velvet од Seventeen. Поскапа е од твојата предложена цена и чини шестотитни и некој денар, но верувај дека е одлична и не се сомневам дека ќе ти се погоди. Не е мат, не е тешка, има средна-јака покривност и фин мирис поради екстрактот од пчелин восок. Пробај ја, има прекрасен избор на нијанси.
@Anna-Banana Не знам која пудра си ја користела на мејбилајн, но ако не си ја пробала "новата" Betterskin разгледај ја како можност. Лесна е, чини помалку од 500 денари, мене ми е одлична
Nutri lift gold - Loreal Пудрата е наменета за зрела кожа бидејќи содржи anti-ageing серум со повеќе состојки меѓу кои хијалуронска киселина, про-ретинол, витамин Ц, колаген. Со кремаста структура, фино се нанесува, многу лесна, без ефект на маска и чувство на тежина на лицето. Во однос на нијансите, јас ја одбра rose beige и одлично ми се вклопи на тенот бидеќи сум балаго потемнета. Но, на зима мислам дека би ми била претемна. Освен тоа, на лицето му дава некој дискретен златест ефект поради златестите микрочестички. Така да, мислам дека е идеална за летен период, особено за благо потемнета кожа. Покривноста е солодна, но не за 5. Но, во периодот имам доста сончеви пеги така да не верувам дека и со било која друга пудра ќе добијам порцелански тен. Она што е најдобро кај оваа пудра е лифтинг ефектот. Навистина дава еден мазен, нежен изглед на лицето. Мислам дека би била најсоодветна за нормална до сува кожа. Кај мене дури при крај на работно време се јави сјај на Т-зоната, но ништо страшно.
Девојки, дали би можеле да ми предложите некоја пудра за мешовита-масна кожа, прилично бел, порцелански тен, што би била лесна за секој ден и по можност да не оксидира. Цена 800-900 ден максимум. Ова беше mouthful