Во кое Шатци? Мислам дека тоа во Гтц нема таква цена! Околу 800 е таму и -10% пак не доаѓа до цена од 644 денари!
Eве во Ким пудрава на Боржуа (вајда го погодив имаево ) е 810 денари. А во Шатце на промоција 620. Арно ама во Шатце идам и ми викаат ааааааа немаме тестери Па отидов во Ким и ми дадоа, е така сега следниве денови да ја пробам па ќе видиме. Мејбилајнот е 570, а оваа е 620 нема разлика голема. И правев муабет со таа во Ким продавачката и вика Менхетенот пудрите пред се се за мрсни кожи и тие ги фалат многу, ама затоа за сува кожа се тапа. Плус мојава не била за сува била за нормална, мож затоа и одма лишајчиња ми се појавија, вајда не ја хидратира доволно кожата.
Ајде кажете ми каква да земам камена пудра , јас користам севентин ( јако е на мк ) , многу долго и супер ми е, само сега сакам да ставам камена, плус било поубаво, само која марка да ја земам и дали да биди потемна или посветла, оти до сега не сум клавала многу а и не се шминкам нешто, дали да биде иста фирма или нема везе тоа? ФАЛА
Баш ме интересира како ќе си задоволна, пиши ни. Инаку и мене баш ме интересираат препораки за камена пудра.
Камена пудра на менхетен, не е многу скапа а многу е добра, севентин скоро ја купив не сум задоволна воопшто (ја мешам со течни пудри па така излегува нешто од неа) Добра е, не се познава многу преку ден, за оние кои сакаат лесни пудри е ок...не прикрива многу за оние со проблематична кожа
еве пак ке ти напишам бидејки и вчера ти предложив неколку пудри ама мојот пост е избришан и не знам од кои причини ама пак ке кажам нема врска да биде од иста фирма камената пудра ама гледај да ти одговара со тенот значи да биде слична со течната јас така обично си гледам сега неможе да биде иста со течната потполно ама да не дели имаш камени добри од менхетен тие се докај 400 ден,севентин ти е докај 500 ден,гош и они се околу 500 ден,накс фактор камената е 400 ден и на дебора се докај 600 ден се надевам дека ти помогнав поздрав
Добра е, не се познава многу преку ден, за оние кои сакаат лесни пудри е ок...не прикрива многу за оние со проблематична кожа[/quote] И јас ја користам моментално. Мене ми се допаѓа многу, лесна е , не се осеќа , убаво ми покрива ама да за проблематична кожа не е. Јас ја зедов најсветлата нијанса оти од потемната немало , малце ми е по бледа ама јас ја мешам. Нареден пат ќе си ја земам потемната.
Женски јас од буржоа healthy mix ич не сум задоволна ми стои целата дома многу ми е свети лицето од неа,a имам комбиниранa koжа. ја купив од јуник ми ја препорачаа.во понеделникот отидов во космо и продавачката рече дека таа не била за мрсно лице бидејќи била хидратантна и затоа уште толку го мрсела лицето а во јуник ништо не ми рекоа ем убаво си прашав .ми ја препорачаа оваа си ја купив и многу сум задоволна.исто и од менхетен сум задоволна порано ја купував,ама отсега само deborah
Вчера таман да се нашминкам, и гледам пудрата во прав - нема веќе, се истрошила (инаку ја користев онаа од Авон, посветлата нијанса). Си реков ај ќе сменам, не купувам во прав , ќе земам камена за промена. Инаку сестра ми ми има кажано (работи во парфимерија) дека камената пудра на Дебора во црвено пакување им е најпродавана. Арно ама итно ми беше и тука кај што бев немаше тестери од неа, а имаше мислам 8 нијанси. Не сакав така на непробано да купам и случајно ја видов на камената на Афинитон, Мејбилин и тоа за смешна цена од 5 ипол евра. Имаше од неа тестери, 4 нијанси се, ми се допадна како изгледа на мојата кожа и си ја купив. Ја зедов најсветлата нијанса, а еве ја како изгледа пудрата:
Од кога знам за шминка, го користам Seventeen, прво no.2, а сега no.4. Ми требаа години да сфатам дека со бр.2 сум како дух а бр.4 ми е одлично. Често кога братучетка ми ќе ме шминкаше, ми велеше: „Многу убаво ти стои ова пудро, како порцеланска кукла си!“ И така...
И јас ја користам Seventeen само јас ја користам 5 задоволна сум лесна пудра не е многу скапа само сакам да пробам и некоја друга ај ве молам предложете ми некоја да не е многу скапа а да е добра.
Грл да те известам дека ја пробав пудрава и ок е. Имам за уште 3-4 пати да ставам од тестериве, ама сепак мислам дека купувањето ќе падне на Мејбилајн. Како порцелан ја прави кожата, зборам за многу сува кожа, презадоволна бев од неа. И оваа е супер, ама по мат е некако. Нели се е вкус, некој може сака повеќе мат некој повеќе по сатенски изглед. Мене ми се допаѓа таа зрачност што ја дава Мејбилајнот и мнооооооогу похидратантна е од Боржуа Хелти Микс
Maybelline Satin Liquid ја земаше така? Мене ми е многу жал дека нема соодветна нијанса за мене од неа Која нијанса ја користиш ти? И дали ти одговараше број 53 од Буржоа? За да можам да споредам
Е тука веќе имам проблем, ја фрлив пудрата Дури ни јас не знам која нијанса ја користев. А да таа пудра ја користев Maybelline Satin Liquid. Иначе Боржуа супер е 53ката ми одговара. http://www.maybelline.co.uk/PRODUCTS/Fa ... iquid.aspx Мислам дека Ivory ја користев или Cameo. Ах немам појма
Да дааа за сува е. Пудрата е добра, доста попокривлива е, хидратантна е сепак и покрај убавото покривање дава свежост, ама јас сакам лесна пудра за преку ден, оваа ми е добра за навечер и ја користам за вечерни излегувања. А плус мајка ми ја купи и ми е за нијанса потемна па тоа е една и од причините што само навечер ја користам. Ако имаш суво а попроблематично лице земи си ја. Мајка ми е мнооогу задоволна од неа и си ја користи секој ден!