Оваа пудра е баш за сува кожа. Јас имам комбинирана и мене не ми одговара воопшто. Кремаста е и лесна, на масните делови од лицето не ми трае повеќе од два-три часа.
Нема на што, @SunnyGirl2. Моментално ја користам Revlon Colorstay, имаш и од неа верзија за сува и нормална кожа.
девојќи препорачајте некоја добра пудра за нормална кожа што не е мн тешка и дава природен изглед на лицето Ви благодарам однапред
Минералната Афинитон од Мејбилин. Другарка ја користи и има ист тип на кожа, мене навистина ми се допаѓа како изгледа на лице. Меѓутоа, зборувам за оваа во стаклено шишенце, онаа во тубичка не се сеќавам за каква кожа беше.
Женски незнам кој нијанси кај нас тешко се наоѓаат од Ревлонот, но ако ви е од помош видете го линкот, цената е како кај нас, пристигнуваат за 10тина денови порачките. http://www.ebay.com/itm/Revlon-Colo...-Shade-/301533804251?var=&hash=item4634d0b6db
Моментално користам ББ крема на Балеа и една пудра од Кетрин Арли , наизменично Добри се А дали некој ги пробал пудрите од Фармаси , препорака ако може
Ја купив од аптеката Еурофарм на Рекорд во Центар, а може да ја има и во другите Еурофарм аптеки дека продаваат производи на Dalton. Инаку 2.000 денари е, не е евтина, ама вреди за парите
200ката Nude ја нема во Македонија, а баш од ebay пред неколку месеца братучетка ми ја порача и дојде за многу брзо време
Ме заинтересира оваа бб крем и разгледував на нивната страна,пишува дека е 1100 ден. Ме буни дека е една нијанса,каква боја има?Не е баш ефтина да ја земам ,па да не се погоди,а тестери нема.
Пудриве нема да се прозиведуваат веќе па затоа се на попуст и немаат бројчиња..ако случајно налеташ на 52 пиши каде да си земам