@sesilija и од seventeen е со опис само на страната не е напишан. Мојата 03 natural beige е најнеутрална пудра што ја имам пробано, баш beige нијанса. Само 02 rosy beige е чудна нијанса многу неприродна ми делуваше и накај розево, другите се сите beige само разликата е нијанси посветли- потемни. 01- light beige 02-rosy beige 03-natural beige 04- medium beige 05- dark beige 06- caramel.
@choko покрива премногу и многу е густа, внимателно и брзо треба да се нанеси, мене ми е како коректор и не ми се допаѓа, ама има многу позитивни критики види по српските блогерки пребарај. Би ја ставила ко ќе ми треба целосно покривање за некоја пригода, ама за секој ден не.
Ги има некој користено L'oreal Infallible и L'oreal Lumi? Има светли нијанси кај нас? Имам комбинирана кожа што во есен и зима станува ектремно сува, L'oreal True Match ми има идеална текстура, покривност и трајност, ама овој период од годината ми ги изразува сувите делови и ми се собира во ситни брчки. Препорачајте и од друг производител ако не, битно да е околу 800ден., да има светли нијанси (по можност со неутрален подтон, не жуткаст или розев) и да биде океј за сува кожа.
@mimi**** пишува за сите видови кожа и дека е водоотпорна и хипоалергена, ама не знам колку би одговарала на сува кожа, може само ако е добро хидрирана пред тоа. А цена околу 320-350 ден.
Loreal Infallible е баш за мрсна кожа и повеќе ќе ти прави проблем плус многу ми се портокалови нијансирте дури и најсветлите. За сува кожа е оваа Луми , можеш да ја пробаш и на Буржуа Хелти микс и таа ќе ти одговара
Фала многу за објаснувањето Кристина, веројатно и мене 3ката би ми одговарала, баш ќе видам. Инаку овие два дена ја тестирав Cover me од Аура и немам баш целосен впечаток, ќе треба да нанесам уште неколку пати за комплетен заклучок. Ја пробав нијансата 104 beige, мислев ќе ми биде темна, ама кога ја нанесов на лице не ми делеше од вратот. Се изненадив колку е покривна пудрата и колку мала количина е потребна за да се покрие цело лице. Вчера нанесов со прсти, а денес со сунѓерчето од Орифлејм- со сунѓерчето изгледаше поприродно. Вчера се разочарав, после кратко време имав впечаток дека пудрата оксидирала, на дневно светло приметив како да ми доби портокалов тон лицето, плус кај веѓите малку ми се имаше собрано. Пробав да го размачкам тој дел, но тешко ми одеше, пудрата беше како фиксирана. Имав ставено и камена пудра, но после 3 часа почнав да засветувам, нешто што не е невообичаено за мојата мрсна кожа. Некако тешко ја осеќав на лицето, цело време сакав да се измијам. Лесно излезе со гелот за миење лице Anew за кожа 25+ од Авон (патем ви го препорачувам, многу сум задоволна од него), потоа на тупферчето натопено со мицерална немаше ни трага од неа. Денеска како што кажав ја нанесов со сунѓерче, не ми покри толку како со прсти, не знам веројатно ставив помала количина, ама не приметив дека оксидираше, плус не светнав толку брзо, ама после неколку часа имав чувство дека ми се губи, не знам како да опишам, како да избледува. Во секој случај нанесување од два пати не е доволно за целосен впечаток, она што е сигурно за пудрата е дека е многу покривна, не е наменета за сува кожа, па ни за мрсна без соодветна хидратација пред нанесување, и треба да се внимава со количината која се нанесува. Ќе ја пробам и нијансата 103 sand, па можеби тогаш впечатокот ќе ми биде целосен, вака во два дена, две различни искуства. Вие што ја имате, дали имате забележано дека оксидира? Тоа е нешто најлошо според мене, си се средил, самоуверено си шеткаш и после некое време се гледаш во огледало- морков .
Расположена ли е некоја од вас да го испроба ова? Јас немам таква translucent пудра а баш ми е promising ова.
da oksidira i toa mnogu posle nekoe vreme e duplo potemna jas ja frliv radi toa inace ja imav najsvetlata nijansa
Не знам ни дали да пробам друга нијанса, тоа со оксидирањето е најлоша маана, а никоја од блогерките од Србија не сум забележала дека го има спомнато. Денес си ставив Фејсфинити и така убаво ми изгледа на кожата немам зборови и веднаш си помислив додека ставав дека не го цениме тоа што го имаме се додека не видиме полошо, порано мислев дека Фејсфинити не е нешто посебна пудра, ама има и тоа како разлика меѓу неа и Аура. Фејсфинити е лесна како крема, а сепак покривна, се надоградува, не оксидира. За девојките што се жалеа дека им е прашкаста да им кажам дека и мене така ми се случува ако во брзање несвесно сум заборавила да нанесам крема, што значи така се прави кога кожата не е доволно навлажнета. Јас нанесувам крема, па чекам некоја минута, па после ја нанесувам пудрата, така ми има најубав ефект.
Да кажам и јас за пудрава на Аура. Ја пробав пудрата уште почетоков на годинава чинам беше, ја зедов на попуст. Исто така најсветлата нијанса оти сум многу бела. На почеток беше ок, но потоа почна да оксидира, да поцрвенува. Уште ја чувам , еве баш сега зедов и ставив на лицево потемна е отколку што беше, со тек на времето оксидирала ми се чини до најтемната нијанса.
Девојки во потрага сум по потемна нијанса за контур, ми треба некој производ кој добро се бленда, не се разлева и разбива. Некој кремаст производ (било во форма на стик или крема или креон) што е соодветен за контур.
Препорачајте ми пудра што е покривна,ја користев пудрата Radiant но не ми се допадна.Сакам да пробам некоја друга...
Zemi si korektor (concealer) vo potemna nijansa barem ne se so crvenkasti pod-tonovi i ubavo lezat na kozata.
Пудра за нормална кожа, средно до целосно прекривање, да одговара на 180 Sand Beige од Ревлонот или 60 Sand од Facefinity, ама да има розов или неутрален подтон...?