Случајно да не ја има некаде на попуст Римел ластинг финиш 24ч? Бев во ДМ во четвртокот и беше околу 450, што искрено не вреди до толку.
Ме заинтересира пудрата Дермабленд на Виши.Е сега, во Зегин во Штип ја гледав дека е 1409 денари.Може некоја што знае да ме упати каде ја има поефтино/да ја најдам на попуст или секаде е толку и да си ја платам полната цена?Имам проблематична кожа.
Секаде е толку, во некои аптеки е дури и поскапа, ја имам забележувано и по цена од 1500 или 1600. А порано имам пишувано многу за неа, пребарај низ темава ќе најдеш опширни одговори за оваа пудра.
Па да, ја пребарував темава( не сакав по милионити да прашувам, а бев сигурна дека некој има пишувано) и ти ги прочитав мислењата.Се мислев и помеѓу Нормадерм која е погодна за кожа склона кон акни, ама твоето мислење ме предомисли дека има алкохол и е парфимирана. Така изборот падна на Дермабленд сепак ми треба нешто што нема да ми ја иритира кожата дополнително, а гледав и рецензии на нет дека е многу покривна.И нијанса имам пикирано. Само ме интересираше колку е и на други места бидејки не сум во можност да проверам, дали ќе направам ,,добра зделка'' и тоа.
Немој да се мислиш, вреди да се оддели малку повеќе за ваква пудра. Мене единствено не ми се допаѓа тоа што не е доволно мат за мојата кожа, а со камена пудра не е изводливо да се постигне ефект каков што сакам. Ајде, купи ја, па чекаме импресии.
Во ДМ преска гледав, гледав и не се одлучив Никогаш не сум знаела пудра да си одберам. Ако има некој кандидат со мене деновиве да бара пудра, нека се јави. П.С. Барам нискобуџетна, исклучиво, имам 4 отворени пудри дома. Последна ја земав на Орифлејм Илускин, ама тоа бре ептен некако проѕирно ми е
@CameliaMiller, не знам каква кожа имаш, но во ДМ пред продолжениов викенд видов некоја од пудрите на S-he беше на акција - намалена на 200 денари. Како да прочитав „мат“ некаде на опаковката, ама не сум сигурна. Не знам што пудри си користела, но јас ти ја препорачувам ЦЦ-кремата на Биотен. Има две нијанси, мирисот е љубов на прво душкање и покривноста е слаба-средна, зависи какво лице имаш. Во ДМ е 200 денари, а во Тинекс можеби е и поевтина, не сум сигурна. Од другите нискобуџетни фирми имаш на Аура, Римел, па тука би ги сместила Есенс и S-he. Малена, Импала, па и другите слични не би ти ги предложила како добри опции, освен можеби Голден Роуз - за нивните пудри имам поделено мислење и тука би ја спомнала онаа минералната течна пудра во тубичка со пумпица. Е, таа е прекрасна - штета што не е за комбинирана кожа како мојата. П.С. Имаш и Deline пудра, на Ilirija ако не се лажам, исто околу 200 денари во ДМ - фина е, но не е за мрсна кожа.
Немам мрсна кожа, дури пресува ми е на образите и под очите, ама па носот ми е мрсничок Сакам некоја како Moose - от на Essence, само уште појќе да матира Не сакам невидлива да е де, не до толку природно Немам неправилности некои на лицето, ептен некоја бубуличка да излезе на 6 месеци, ама малце имам пегички и некако дури се нервирам кога не ми се скроз покриени Затоа и шлапам прво пудра па камена, со надеж дека ќе исчезнат Не ми е мене толку до формулата, со тоа ќе се снајдам, нијанса не знам да си погодам. Значи секогаш ја утнувам, се пресветли купувам
Напиши тука или во ЛП неколку пудри кои си ги користела и какви нијанси обично ти одговараат, па ќе се потрудам да ти предложам нешто од мојава ризница.
Највеќе ми одговарала на тенот Sunny Beach на Gosh. Дури и малце потемна ми беше некако Ама па, некако недоволно матирачка за мој вкус...
Разгледај ги нијансите на онаа мус-пудра на Голден Роуз. Мислам дека ќе ти се допадне ефектот, само ќе треба да видиш која нијанса ќе ти одговара најдобро. Пробувај од втората нијанса натаму - ќе се најде некоја солидна, убедена сум.
Ако е кремаст како мусот на Essence - ќе си го имам новиот partner in crime Кажи ми само кај има вакви, оти во парфимеријава кај што купувам кармини на ГР ги нема овие пудри.
Ја имаш во продавничките на Голден Роуз, јас најчесто купувам од онаа во ГТЦ, таму сигурна сум дека ја има.
Јас моментално ја користам минералната на Голден Роуз. Не е лоша, меѓутоа не ми се допаѓа покривноста. Немам некој изразен недостаток, освен некоја пегичка на носот, но имам впечаток дека оваа пудра ниту ми го изедначува нешто нај тенот. И јас како Camelija сум во потрага по нискобуџетна пудра. Се мислам за на Аура cover me илина есенс стеј мат. Ако имаш некој предлог за секојдневна пудра со солидна покривност до 400 ден би ти била благодарна.
Римел Стеј Мат течната пудра, или Римел Ластинг Финиш во стаклена амбалажа. Овие две пудри ми оставија впечаток на солидно покривна формула, па пробај ги ако не си ги користела. Првата е баш за мрсна кожа, оваа другава ќе помине и за комбинирана или можеби нормална кожа. Зарем одолеа до сега да не ја пробаш Cover me? Разгледај ги Српските блогови и читај коментари, ако сè уште се двоумиш, јас мислам дека постои веројатност да ти се допадне, ама факт е дека е чудна пудра и мора да се внимава и со дозирањето и со нанесувањето. А посебно пак со нијансата.
@Luna91 јас пак се вратив денес на Римел ластинг финиш во стаклено со црвено капаче, во Шатци е 330 и во Космо моментално е тука негде на попуст. А во ДМ бев и е 450 некаде. Пудрата е за мрсна/комбинирана кожа со солидна покривност и навистина трае барем 8 часа. Ја имав од Аура Cover me и ја мешав за да ја дотрошам некако. Доста покрива, но многу ги истакнува брчките иако ставам крема под неа. А и нијансите исто така ми беа чудни.