Добро јас ја купив во акција на менхетен за 2 работи добиваш 3та бесплатно. Па така ја земав пудрава 500 денари, камена пудра за 400 и туш за 300 вкупно доаѓа 1200, а јас 800 платив камената ми беше гратис Иначе сигурна си дека оваа пудра е 412 денари? Не велам дека нема шанси. Aма слични се, е оваа и е околу 400. а оваа 500
За втората зборев да, ама сега се сетив дека имам клуб картичка па затоа ми излегла толку изгледа, знам дека првата е поефтина, инаку добра работа си напраила со тоа плати 2 земи 3
Веќе незнаеме што купуваме купив пудра од космо дебора за комбинирана кожа,кога ја донесов дома полна беше со воздух,имам ставено 5-6пати од неа а имам за уште толку катастрофаааа Спојлер и ај сеа спрема вас-кои продаваат најквалитет -космо,јуник,шатце,ким??? јуник поскапи беа,ама лека полека и космо ги достигнаа скрос истите цени како јуник.
Девојки ајде ве молам за помош, ова важи посебно за девојките од Велес, ќе може ли некоја да провери во Ести Лаудер дали ја има мојата нијанса од пудрите на Revlon зашто не сум од Велес и да не идам за џабе, а кај нас ја нема (Revlon Combination/oily skin 110 ivory). Ви благодарам однапред
Како бре така? Не ми се верува. Јас да сум на твое место би им се вратила, сериозно... Кога ја имаш купено? Од кое Космо?
Комбинирана до мрсна кожа имам и на сите со таква кожа им ја препорачувам mat efekt од menheten.Најдобра е, а мило ми е што гледам дека пола и повеќе од вас ја користат.
Oна во центар што е јас ќе појдев да ја вратам,не ми е срам ,сум дала пари и лом ќе ги направев,ама јас откога ја купив си отидов дома цела недела-пошо не сум од ск,и сега после толку време...не е тоа тоа само се нервирам едвај чекам побрзо да ја истрошам
Кога сме кај тоа Космо, и јас имам замерки! (Она Космо карши Мекдоналдс, ако е тоа Космо од Центар, пошто има уште едно на улица Даме Груев) Пред две недели, бев со другарка излезена до центарот, и баш имаше сонце, абе милина. И ајде да одиме до тоа Космо, чунки ново, па да видиме што е како е, а и пријателката требаше да си купи маскара. И влегуваме пријателкава прашува, а јас (како љубител на буржоа одма се нацртав на стендот за буржоа). Девојки, сонцено одеше дирекно во стендот, ги печеше буквално производите, што и те како не е добро за нив! На пудрите пакувањата жежеа! А имаше тука уште еден стенд до буржоа не знам на која козметика, битно се првите од десно одма кога се влегува од вратата. Катастрофа! Ништо чудо да е на Дебора стендот до Буржоа и да си купила испечена пудра! ilent: Кога ќе дојдеш во Скопје, да им појдеш! И да ми кажеш, макар и да не ја вратиш да им дадеш до знаење. А на твое место би пишала и мејл до службите нивни.
Кога сме кај тоа Космо, и јас имам замерки! (Она Космо карши Мекдоналдс, ако е тоа Космо од Центар, пошто има уште едно на улица Даме Груев) Пред две недели, бев со другарка излезена до центарот, и баш имаше сонце, абе милина. И ајде да одиме до тоа Космо, чунки ново, па да видиме што е како е, а и пријателката требаше да си купи маскара. И влегуваме пријателкава прашува, а јас (како љубител на буржоа одма се нацртав на стендот за буржоа). Девојки, сонцено одеше дирекно во стендот, ги печеше буквално производите, што и те како не е добро за нив! На пудрите пакувањата жежеа! А имаше тука уште еден стенд до буржоа не знам на која козметика, битно се првите од десно одма кога се влегува од вратата. Катастрофа! Ништо чудо да е на Дебора стендот до Буржоа и да си купила испечена пудра! ilent: Кога ќе дојдеш во Скопје, да им појдеш! И да ми кажеш, макар и да не ја вратиш да им дадеш до знаење. А на твое место би пишала и мејл до службите нивни.[/quote] Aj kaжи ми како би можела да ги исконтактирам и би им пишала и све би се испожалила што ќе ми текне ама знаеш што-нон стоп ги мењаат девојките на кој дас е пожалиш,ќе кажеш ај на шефицата-не е ни таа крива,не снабдуваат со роба тие...сакав да кажам дека незнаеме дали е оригинал или не...не само за пудрава за цела козметика,,,,еве ви еден пример Спојлер си седам на тераса доаѓа еден чичко со количка ми вели-девојче сакаш нивеа шампони имлека за тела продавам?и тоа за смешна цена беа некојси 80-90 ден плус спакувани во пакет јас радосна ги вика цимерките-ова во ск,и трк се изнакупувавме.глеаме дома-полни со вода и меури најбитно од се е што маалската продавница до мене му купи све и потоа ги продаваше и тоа по редовна цена значи некој еве што никогаш не купил нивеа незнае како мириса и че си мисли-оригинал е.ова беше лоша копија на нивеа, ама има и добри копии и тоа на сите прозиводи во нашава македонија ,така ми се чини мене
Eли, напиши им еден имејл и убаво пиши си се што како, изругај ги! Како може да си дозволат такво нешто! Не е толку за парите колку за срамот да продаваат такви производи, еден таков ланец на дрогерии! Мејлот еве го: Спојлер cosmo@cosmotinex.com.mk Обавезно да им пишеш! Јас за такви работи ич не се срамам. Мои се парите и си сакам производи на место, а не расипани, со поминат рок, и какви све не, а да ми ги продаваат по редовна цена. Не дозволувам да ме праат будала у здрав памет.
сакав да ја пробам пудрата од орифлејм Giordani Gold но не го знам квалитетот ...па што мислите вие , ја има некој користено , некои препораки ?? за оваа пудра велам -течната
Majка ми ја има и мислам дека е за зрела кожа инаку јас имам еднаш двапати ставено ама не прекрива доволно ептен е лесна
Ако имаш многу мрсна кожа што многу светнува јас би ти рекла да не ја земаш на виши, пудрата покрива ама многу брзо светнува а плус и се брише многу, сега секое лице е различно, ако најдеш некаде тестер на виши можеш да пробаш да видиш тебе како ќе ти одговара на лицето.
Прво, пудрата е за зрела кожа (мајка ми постојано ја користи) а како второ воппшто не покрива. Мене ми е многу безвеза оваа пудра, мада што кога ќе снемам ја гребам мајка ми (повремено тоа, 2,3 пати, додека не си купам), и не знам зошто уствари е нај форсирана пудра од Орифлејм, кога има поубави а поефтини.
ако зборуваш за пудрата колор копи на дебора онаа зелената јас ја имам ја зедов од ср и да ти кажам мислев дека е празна некако се сомневав во неа а и нејзината цена е солена и малку потешко излегува пудрата бидејки е не е баш течна густа е растреси ја повеке јас така правам и ја користам одприлика 5 месеци и имам уште од неа а ако не е до тоа се согласувам со другите дека треба да им ја вратиш јас да сум би го сторила тоа бидејки не е евтина и не се може секој месец да се купува од поскапите пудри.очекувам да напишеш што си направила во врска со тоа.поздрав
да таа е истата ,colour copy ,и многу тешко излегува па затоа помислив дека е празна,бидејќи скроз долу над капачето ја стискам за да искочи,секогаш ја протресува по малку,ама кога ќе се вратам дома ќе ја растресам убаво да видам дали ќе биде фала