Ревлонот е стварно прекрасна пудра со покривност и дефинитивно се задржува најмногу на лицето не изгледа како да си нашлакан со пудра. Јас сум многу адоволна од пудрава но ете за жал новата формула ми го прави лом лицето.
Незнам што се не сум пробала од пудри само купувам и раздавам по другарки,најубаво ми покрива Loreal true match ама за саат време лицево ми е ко аргета паштета буквално,за Double wear само позитивни коментари ама што е многу многу е за секој ден толку пари па и не ми се даваат,ќе купам цел сет шминки за тие пари а ова да стои 6 саати на моево лице ќе бидам пресреќна навистина.Купив и на аура прајмер што го имаше некоја феминка постирано па ќе видам како ќе делуваат едно со друго
секако дека не... кога ги имало убавите производи кај нас со месеци чекам да ја донесат пудрава и коректорот true match
Коректор на true match оној во молив што е го има ,нешто најдобро на свет освен ако мислиш на некој друг
Би сакала да ги замолам поискусните за еден совет, конкретно за пудрите на Аура, Cover me, Refresh me i Take care of me. Имам комбинирана кожа, светам во т-зона; одвреме навреме знае да ми се појави мозолче, но не можам да кажам дека имам проблематично лице. Ми треба пудра која е повеќе за изедначување на тенот, не сакам тешки пудри, туку поприроден изглед. Прочитав разни мислења за пудриве, па според описот на мојата кожа, ако може некој да помогне, ќе бидам благодарна. И како им се движат цените ако некој купувал најскоро?
@Libera од овие ја имам користено Аура кавер ми и не би ти ја препорачала, тешка пудра е, лош избор на нијанси и каква подлога и да ставев ми ја сушеше кожата некако, не изгледа воопшто природно.
Ја чекам којзнае од кога а незнаејќи ги нијансите како изгледаат во живо не ми се ризикува од интернет да нарачам.
Женски, барам пудра за мрсна кожа на лицето оти брзо знае да ми светне. Немам проблематична кожа со акни, секако знае некоја да ми излезе што ќе расчепкам но ништо страшно,така да некој тежок малтер не ми треба на лицето. Барам лесна пудра од која немс после саат, два да ми светне лицето како лампион во целост. Инаку досега ја користев на Авон calming effects -nude нијанса. Земав и на Колор Тренд камена пудра за одозгора исто ефект. Употребувам Колор Тренд коректор исто е се.
Не, не тој за течниот мислам се изначитав пофалби за овој дека е еден од најдобрите консилери од тој ранг, можеби и најдобар. Го споредуваат со тој како моливче и знам дека е катастрофа во однос со овој
Овој го земав поколу 350 на попуст од еликсир а овој еднаш го добив на поклон и е нешто најдобро што сум пробала,за жал кај нас го нема
Инаку пиши обавезно како делуваат едно со друго зошто се одлучив ке го купам и јас тој прајмер и ревлонот а и лореалот изгледа зошто неможам да се одлучам.
@IloveScience Прво пробај ја пудрата на лореал,ама многу се вовлекува во линиите под очите и околу уста и мене ми го правеше лицето изморено а и апла се познава на кожа.А инаку прајмерот на аура го земав зелениот што е за Т зона.Преубаво мириса,и денес го пробав прв пат.Се нашминкав во 13ч денес и сега се гледам на работа откако ме пофалија убаво ми е лицето ,се гледам во огледало и стварно изгледа супер,свежо ,као на оние 16 годишни девојчиња мазно убаво здраво јас сум презадоволна стварно,мислев никогаш нема да се откажам од ЕЛ ,ама сега како што викаат многумина ревлонот и мене ми е како МАЛ ГРАЛ.Совршен