Сакам да си купам од оние BB или CC креми, за секој ден. Имам комбинирана кожа, па ајде девојки вие што се разбирате повеќе со пудриве, препорачајте ми која крема да ја земам
CC кремите се по-покривни , јас ја имам на Клиник ЦЦ кремата , густа е, убаво покрива и трајна е , но нијансата ми е темничка и ја носам почесто во лето. Ако не ти се дава толку пари , на Буржуа е исто така убава , убаво покрива , многу ја фалат и на Биотен. Имаш тестери и можеш да пробаш. Лошото е што од ББ и ЦЦ кремите има малку нијанси по 3-4 , Буржуа имаат мислам 5 нијанси и можеш некоја да пробаш , има и за посветла кожа
Јас имам дома една CC на Max Factor утре ќе ти пишам што нијанса е и ако ти одговара ти ја подарувам,еднаш ја ставив само.А и Bourjois 123 нијанса 53 ,и Manhattan powder mat make up нијанса 82 ,па ако сака некој поклон нека пише .
@srekice Веројатно дека имаш мрсна кожа не ти одговара Макс Фактор, за сува е прекрасна. Јас ја пробав еднаш, лицето ми имаше прекрасен природен сјај многу ми се допадна, но не би дала 800 денари за ЦЦ крема. Инаку моментално јас ја имам ББ кремата од Авон. Во структура има од оние честици како Вејк ми ап од Римел. Ми се допаѓа како ми стои на лице, многу е нежна воопшто не ми ја досушува кожата. Има добра покривност, одлично изедначува. Единствено не ми се допаѓа нијансата , има само две јас ја имам посветлата и малку ми е потемна. Се на се, ми се допаѓа за мојата сува/нормална кожа, а за тие со мрсна кожа има од истава мат.
хаха ете гледаш еднаш едно лето зедов мат пудра од менхетен баш таа ама ја згрешив нијансата и ми остана дома.. може пак да идам да ја пробам
Дали некој знае дали има во Скопје бела пудра? Ама буквално бела. Си купив пудра Maybelline, имаа тестер за потемната нијанса, а најсветлата немаше и помислив дека ќе ми одговара најсветлата. Ама ми е ептен потемна и сакам да ја осветлам.
Космодо крајот на месецов@kjukli Инаку мене лицево почна да ми се суши ќе морам да паузирам од Аир матот (лушпи ми се прават), дајте препорака за друго нешто да се проба,нешто што не е толку мат како оваа
Јас ја мешам со афинотон минерал 21 nude ,затоа што нијансите се исти со аир матот 03 и поеади тоа што аир матот почна да ми го суши лицето додека другава е похидратантна
@Mishela Едно прашање, знам дека и ти ја имаше користено од Seventeen Velvet Natural, не можам да се сетам која нијанса ја користев, 03 ми изгледа како најсветла па кажими каква е нијансата во споредба со Revlon Colorstay 150 buff? Ми е страв да не е пресветла, а 04 ми беше темна.
Не ме фаќај за збор, но мислам дека ја мав 03. Мене ми беше многу погодена на тенот, ама ептен ми се собраше во мимчките бори и кога малку ќе ми се појавеше себумот на површината, се собираше и изгледаше грдо. Инаку е прекрасна, не го суши лицето ама ете, не ми издржуваше долго на лице дури и со камена и матирачка подлога.
@Mishela Фала многу, инаку и мене сега ми е премрсна кожата ама сакав со мат подлога сепак да ја пробам, паметам многу убаво ми изгледаше на лицето плус сега иде зима, а во зима скоро секогаш лицево ми е нормално со суви делови. Ќе пишам и тука што како ми се допаѓа, плус и каква е покривноста.
Фино покрива, мислам дека ќе ти се допадне. Јас ја користев баш овој период кога фати постуденото, но се уплашив кога се видов во wc на огледало - целата ми беше како накисната кај мрсните делови и напикана во мимичкит борички, посебно околу устата. Се средува со матирачки марамчиња, ама за кратко ситуацијата кај мене е повторно иста. Можеби со некој поквалитетен прајмер би била добра, ама премногу ми е да ставам крема, прајмер, течна, па камена пудра. Никогаш не ми изледа лицето убаво без крема, па не ја изоставам.
BB - beauty balm, ова е повеќе препаративна козметика со нијанса. Има состојки што ја негуваат кожата (антиоксиданси, витамини, сосотојки против стареење или акни...). CC - color correction, со состојки за изедначување на тенот. Целта е да се намалат црвенила, подочници, и такви несовршености. Нема да го подобри квалитетот на кожата за разлика од ББ чија цел е тоа, ама треба подобро да изгледа кога ја носиш. ЦЦ ти е повеќе нака пудра, ББ е повеќе нијансиран крем. Патем @koritsaki, имаше пишувано за ЦЦ на клиник дека е покривна и мат. Ја имам ЦЦ и воопшто не би ја опишала така. Не е ни премногу сјајна, најдобар збор што ми доаѓа на памет е - хидратантна. За тие пари, ЦЦ ич не ми се допадна. Јас не ни сакам мат пудри, па тој природен сјај ми е супер. Ама никакви црвенила и дисколорации не покрива со еден (нормален) слој, а повеќе не ми се нанесува затоа што и со малку ми се топи на лицето и го чувствувам неудобно. А немам ни мрсна кожа. Над неа употребуваш нешто за сетирање или не? Според мене, ББ повеќе оди кон мат и остава можност за дополнителен слој. Ама тоа е - секоја кожа своја приказна.
Па ЦЦ кремава на Клиник не би рекла дека е баш мат има некој сјај со тоа се согласувам , но во врска со покривност сакав да кажам дека е попокривна од ББ кремата , но не и толку покривна како една течна пудра а и густа е , погуста од некои др ЦЦ креми , бар ова е мое мислење а да , малку се топи кога ептен ќе се испотам , тоа ми се случува на челото само доколку на останатиот дел од лицево си стои. На моево лице од прилика ја имам тестирано највеќе 5-6 часа на топло време и да ти кажам не очекував дека толку часа ќе стои една цц крема. Инаку да секогаш користам камена пудра кога нанесувам ЦЦ крема зашто мислам дека одма ке светнам , вака без пудра не сум ја пробала кремата никогаш