За сува имаш или за комбинирана?Јас од постарите за комбинирана имав и мислам 6 беше, а сега ништо не пишува Мислам дека за сува имаат поголем спф, што успеав да сфатам...
За мрсна. Сега гледав по нет дека пред некоја година беа спф 6 а сега се спф 15, а тие за сува изгледа имаат повисок спф. Сите што ја правите муабет пудрава, незнам колку ја знаете пудрава од порано. Ја сум долгогодишен корисник на пудрава, едно добри 8-9 години, секако со прекини и менување пудрии. Значи покривноста и издржливоста какви што и беа некаде пред 7-8 години сега е да речам гола вода. Се гледа колку сте задоволни сега а замслете колу попокривна ббила тогаш но беше и потешка на лице. Ја користев во време на пубертет и лицето ми го правеше стакло. Цена си држи уште од време. Иако да речам за мене и е расипана покривноста сеуште за мене важи една од најдобрите пудри. http://ecx.images-amazon.com/images/I/31qnMAbLcPL.jpg Додека беше во оваа амбалажа бев најзадоволна.
Епа ако е за сува кожа тогаш ништо и јас кај челото мноогу светнувам. Иначе подолг период воопшто не ставам пудра, работам на случајот целосно да го средам лицево и да немам потреба од пудра. Порите и мене ми се проширени кај челото поради тоа што тој дел е помасен. Ставам само коректор на покритични места; под очите, некоја акна. А нивната бб крема да не си ја пробала? Сакам органски продукти, инаку мислам дека и цц кремата на макс фактор е супер. Јас долго време ја користев и Боржуа flower perfection, нели дека има висока покривност, се' додека не сфатив дека пудрите со висока покривност прават да изгледам како акреп. Додуша можеби би пробала и од органските пудри Лавера/Хаушка/Гамард, и онака органските пудри немаат некоја покривност, ко тонираниве (бб/цц) креми се, повеќе за изедначување тен. Имаш искуство со некоја од нив? Вака рецензии што читам на нет, и немаат некоја оцена, и тоа ме предомислува. А изборов на продукти во Мк е благо речено оскуден...
Производи на Dr.Hauschka имаш и овде на странава подоле а гледам имаат и голем избор , сега незнам дали цените се слични како во мк , но еве разгледај баш гледам имаат и оцена од луѓе што ги користеле нивните произвоиди http://www.lookfantastic.com/brands...rchsuggestion&switchcurrency=EUR&locover=true
Спојлер: Oфтопик Со среќа во средувањето, да не те разочарам јас и на дерматолог бев,само заради мастење на Т зоната, инаку акни немам,еднаш до два пати во годината пред циклус може да ми излезе,а онака некои како точки црвенки не се ни приметуваат многу, ми се случува и почесто да излезат, ама сфатив дека ако не користам медицински креми кои регулираат себиум нема фајде.Дента кога престанав да користам пак стара песна.Башка проширените пори не постои никаков начин за намалување,може редовно да се чистат да изгледаат минимално намалени,ама не е некоја голема разлика,така да од моја гледна точка тешко дека некогаш ќе го доведам моево лице до состојба кога ќе си речам не носам пудра.Сепак и лично си е тоа,мене пример ако не ми е мазно и порцеланско не ми се допаѓа,затоа и користам потешки пудри. Mногу рецензии за Organic Wear велеа дека им одговара за комбинирана кожа,па сега може до мене си било.Ама и јас се изненадив за покривноста кога ја нанесував со сунѓерче, зошто сепак е ЦЦ крема.Исто мислам дека важи и за потешките пудри,правилно нанесување е многу важно и нормално каква подлога користиш,некогаш може и тоа да не одговара.Јас една пудра набрзинка решив да ја пробам со прсти а ми ја фалеа како високопокривна и изгледаше многу неубаво,а потоа вработената со четка ми ја стави и буквално како друга пудра да беше.Така да ако имаш некоја на залиха,дај и прилика,експериментирај.Баш имав пишувано дека се откажав од ревлонот колку бев разочарана па со неколку измени сега многу ми се допаѓа Инаку ја немам користено нивната ББ крема, а една работа што ми влезе во очи и ми беше чудно,мислам дека на кутичето што го фрлив(она во кое беше ставена тубичката)пишување 100% Natural Origin,70% Organic и не ми беше баш јасно што мислат со тоа
^Пред некое време девојката во Дм Гтц се чудеше кога и кажав дека течната пудра ја нанесувам со четка, инаку дојдов да се пожалам од @dm drogerie markt .Минатата недела имаше акција на пудрата Мејбилајн 1+1 гратис за 450 ден. ги немам користено ама си реков ај едната ќе се погоди веројатно ако не ќе ги подарам на некогоДвете беа спакувани во ќесичка и таму немаше шанси да се отворат,доаѓам дома и има што да видам двете пудри празни до пола т.е тоа да ти биле тестери,а сега ги ставиле на акција.На долниот дел на тубата кај што стои лепенката "тестер" ми се лепеа прстите,паметно од нивна страна добра заработувачка,ама мене ме разочараа.Периодов имам многу обврски и немав време да поминам таму да се пожалам (Дм Гтц).
@MayDiamonds Последната ја имам користено и многу убава пудра е, има средна покровност и сјаен финиш што значи не е никако за мрсна кожа. Инаку ревлонот кај мене не пишува спф. Или незнам каде да го најдам
Има ли некој на кетрис пудра користено, сега намалени се во ДМ па да се почастам нешто. Или некоја друга, само да има светли нијанси, јас сум Каспер. Не знам за каква кожа да земам пудра, образите знаат да ми се суви понекогаш, а челото ми е мрсно на допир, ама не светам скоро никогаш ( ? ? ? ?) Само ми е важно да има добра покривност. Сега не мора нешто фотошоп ама еве средна покривност да биде. Се мислев се мислев и не знам за што да се одлучам, сега во моментов ич не ми се даваат многу пари за Ревлон или некоја поскапа пудра.
Јас имам користено catrice photo finish и тогаш не ми беше волку суво лице како сега и ми беше погодена. Користев најсветла нијанса 010 sand ако добро се сеќавам. Знам дека лицето ми беше ко фотошопирано, посебно на сликите. Не знам за покривноста да кажам, јас немам многу што да покријам, мене ми одговараше, не е тешка пудра, па види, барај тестер.
И јас немам нешто многу што да покријам освен подочњаци - си ги покривам како и да е со коректор, ама не сакам да ми биде ко некои пудри од (пример) Авон како да не си ставил ништо да ми е лицето, туку да ми е изедначен тенот, да се гледа убаво мазно хаха
Нема сигурно да ти биде како да ништо немаш ставено, сепак е покривна пудра, го измазнува лицето, само да ти се погоди нијанса, јас мислам ќе бидеш задоволна. Сепак побарај тестер.
Дa мислaм јa имaм виденo. Нијaнсите штo ги немa вo мк (бaрем јaс не сум ги виделa ) се: 110, 200 и тие oд 350 пa нaгoре мислaм дo 410. Нaјубaвo oди вo кoсмo и прoвери си. Акo немoжеш дa нaјдеш некoјa нијaнсa oд oвие штo ги пишaв сите ги имaш нa ebay. @lal
Јас имам ептен проблем кога станува збор за избирање пудра. Долго ја користев на Римел ластинг финиш и изгледа ми се презасити лицето од неа. А и периодиве кога има премин од едно време кон друго мене кожата ми станува ужас. Оваа римелов на почеток кога ќе ја нанесам ми е ок, но за неполн час веќе лицето ми изгледа како суво, исто како мат пудра да сум нанела а по неколу часа лицето ми е мрсно, ми светка. Јас не знам што е проблемот, кога почнав да ја користам бев презадоволна од оваа, сега сум многу разочарана. Мат пудра воопшто не сакам, ептен лицето ми изгледа како да ми е натапкано во некој прав. Ја користев онаа на менхетен во црното пакување и паштета е благ збор за таа пудра. Ревлонот го баталив така ми стои премногу тешка пудра ми е за преку ден. Вчера ја пробав новата на Боржуа и не ми се допадна, иако ниајснсата што ја одбрав е повеќе од совршена, ама финишот не ми се допаѓа воопшто. Претходно ја користев онаа со сунѓерче на капачето flower perfection, и на Лореал true match. Користам како база наизменично кога како, или новата на аура, или онаа на кетрис. Сакам пудра што ќе си остане во таква состојба во каква ќе ја нанесам. Во ред е по неколку часа да ми светне лицето, се средува со камена ама повеќето од нив на почеток прават да ми изгледа лицето суво.
Имам еден проблем поврзан со пудрите. Нијансата која ја користам потполно ми одговара на тенот (римел ластинг финиш 103), но на фотографии со блиц изгледам пресветла. Исто и контурирањето и ружот воопшто не ми се забележуват, иако за навечер имам баш фул мејкап. Нешто што би помогнало?
Пробај Артдеко rich treatment, мислам дека така се викаше. За нормална до сува кожа е, дава најприроден изглед - ни мат ни сјаен.
да, има спф 20 :/ има нешто што можам да го ставам под или врз пудрата што ќе помогне? пошто ептен ми е погодена