Eпа фала феминки што ми кажавте за пудрата инаку бев спремна да ја порачам денеска и да ми стигне за 2-3 дена .. сепак maybelline
Што стана феминки, има ли некоја одговор за пудрата на Revlon, јас ги прашав девојките од Велес пошто таму си завршив средно и не ми е проблем да навратам, ама добредојден ми е одговор од секаде. Знае ли некоја каде ја има таа нијанса (Revlon colorstay combination/oily skin 110-ivory).
Хмм Ако не ти е проблем провери низ Скопјево во Јуник или Космо сто посто ќе ја има нијансата, бај да веј одлична пудра Последно ја набавив Estee Lauder - Double Wear и прилично се шокирав колку не ме фасцинира пудрата, лицето ми свети како препржена сланина, порите ми се познаваат ко на стара жена...барем ОК покрива, меѓутоа без минерална пудра одозгора нема шанса да се носи. Но, тоа ништо не мора да значи. Пудрата е бестселер на EL сигурно има причина зошто луѓето ја купуваат, само што јас имам многу шубе лице XD За некој ден пак планирам да се фрлам во потрага по совршена пудра, иако се мислам дека ова е ќорсокак ситуација
kонечно ја решив дилемата за пудрата за лице и мислам дека го направив вистинскиот избор . Не зедов од maybelline како секогаш туку од L`oreal ..имаше тестер ја пробав и баш како таа што сакав да земам .. нијанса : ivory
Јас ја зедов 740 денари и ја има за секаква кожа : сува, мрсна и комбинирана ..мојата е комбинирана само кај Т точката ми е помрсна ( носот и челото )
Фала на одговорот сигурна сум дека ако појдам во Скопје и разгледам некаде и ќе ја најдам добредојдени се и поточни инфорнации. Поздарав
Фала на одговорот и упорноста ај ако може поточната локација, ако не па јас имам подобра идеа... да и кажам на таа од парфимеријата кај нас да ми ја порача таа нијанса од кај шо ги зимаат ама не ми се чека. Поздравчеееееееееееееее Сепак ќе беше подобро да се укључи некоја Велешанка
girl1985 каде се наоѓа таа парфимерија ким? Не сум од Скопје па не го имам баш баш научено уште. Дали е таа парфимерија кадешто ревлон пудрата коштала 680?
Девојки, да не имате случајно некоја информација дали пудрава може да се најде и во Македонија (евентуално во некои поснабдени аптеки) ?
Ким има 2 парфимерии една во ГТЦ карши Спицикото до Палини за чевли, а втората во ТЦ Бисер до скалите во средина. И слободно можам да кажам дека е една од поефтините а и супер снабдена. Поефтина е одЈ уник, Шатце и Космо. А како што ги читав Ревлон пудрата ја има и во ГТЦ приземје во парфимеријата малецка што е одма под скалите кои одат за накај Кино Милениум, до трафиката, карши банката. Сега е пола акцесорис пола парфимерија и мора да кажам дека во неа се помалку и помалку избор има од областа на козметиката а се повеќе акцесорисот се проширува, а таа мислам дека е и најефтина во ГТЦ парфимерија. Баш од неа си купив Макс фактор коректор најефтин беше.
Пред да ги покачат цените увозниците, пудрава беше 900-980 денари, зависно од аптека. Сега бидејки сите креми им се поскапени околу 20%, сигурно и пудрава е поскапа.
Се мислам дека некој спомена дека се околу 1200 денари. Ама провери си иако во глобала би требало тука некаде да е цената. п.с. Само да те потсетам, да куцаш со македонска поддршка.
дали некој знае како се движат цените на камените пудри од аура бидејки сакам нешто така поефтинко за преку ден да шлапкам на лицето?
Ја има ли некој пробано Ideal Shade камената пудра од Avon? Течна само што си купив, ама камената ми е при крај, па ме интересира дали сте задоволни од пудрава и дали убаво покрива?
Девојки препорачајте ми пудра за нормална кожа да е до 600-650ден,убаво да прикрвива ми треба за 8мо мартовски поклон на сестра ми