Имам мрсна кожа, склона на создавање на акни, веќе една година ја користам пудрата на радиант мат навистина сум многу задоволна, издржува и до 8 часа дури сум на работа а за излегување ја користам доста е покривна и ми ги покрива сите несовршености на лицето. Цената е прифатливаоколу 850 ден е. Ја корситам над крема на Неострата матрикс сопорт која е исто многу добра и квалитетна.
И јас ја користам истава пудра но не сум задоволна не издржува ни еден сат кај мене и воопшто не е покривна. По 1-2 часа изгледа како воопшто да не сум ставила пудра на лицето. Под неа не ставам ништо, немам пробано со некоја ЦЦ крема или камена пудра над неа можеби ефектот ќе биде поинаков. Не вреди за парите дефинитивно. Сега планирам да ја дотрошам па во план сум да ја земам Ревлон За цена од 800 денари очекувам пудрата да ми издржува минимум 7-8 часа Се надевам дека таа ќе ми се погоди , значи уште не можам да си најдам идеална пудра.
Кратка рецензија за Римел Ластинг Финиш. Јас ја пробав во ДМ на лице и ми се допадна како стои, ми го изедначува лицето и солидно покрива. Прво што го забележав кај пудрата е дека не се копира на облека. Ставив малку колку да видам како ми се сложува нијансата и според пробано одлучив да ја купам. Денес официјално ја тестирав без подлога, со обична мрсна крема за лице. Прво во текстура не е многу густа, така нешто измеѓу густо и воденеста, потребна е мала количина за да изгледа како ББ крема, а после ако сакате можете да си додадете поголема количина. Јас ја зедов нијанса 300, ја фиксирам со камена пудра. Ми се допаѓа како се прилепи за лицето и не ми мрдна едно добри 7часа што е прилично добро за пудра од 299 денари со попуст. Не ме чуди што немаше веќе од неа, последното паковање го зедов. Солидно покрива не очекувајте дека ќе покрие бубулици и акни, дефинитивно не е за проблематична кожа, јас имам комбинирана кожа и мене ми се вклопи, но тоа не значи дека и кај вас ќе биде така. Доста рецензии прочитав дека е за комбинирана/сува кожа. Јас би и дала 7/10.
Имам комбинирана кожа, ја користам на лореал True Match. Задоволна сум. Претходно ја користев Radiant Нatural Fix, поубава пудра не сум користела. Не ми мрдаше од лице додека не ја извадам но, моментално ја заменив со лореалот бидејќи не ја најдов мојата бројка од радиант. Инаку има ситни флекички од акни.
Ај некој што ги има користено пудрата и коректорот на артедеко да ми каже што и како...имам проблематична кожа...
За кремастиот ќе ти кажам дека покрива бидејќи е камуфлажен. Јас многу време го имам иако е мал ќе ти служи долго време. Покрива темни подочници, флеки и тетоважи ама за тетоважи незнам точно. Мене некои мозолчиња ми ги покрива исто така.
Препорачајте ми некоја добра пудра (која има избор на светли нијанси бидејќи имам прилично бел тен) за проблематична кожа што прикрива флеки од акни и црвенила
Пресиоса пудрата е многу убава, богата е, не ја суши кожата напротив, има висока покривност, убаво го гланца лицето, мене ми се баш допаѓа.Незнам каква кожа имаш но дефинитивно не е за мрсна, јас имам сува и одлично ми стои. Коректорот е исто така убав, навистина има покривна моќ, но за сува кожа дефинитивно не е.Така да, ако ти е сува областа околу очите не ти го препорачувам воопшто.Мала е грамажата но ти треба минимално за да ти ги покрие подочниците или мозолче и сл.Ке ти трае многу време тоа сигурно.
Ајде и јас да се пофалам дека пред некој ден ја „добив“ Ревлон пудрата. Едвај ја најдов по аптекиве, а по парфимерии никаде ја нема. Најсветлата нијанса, 150, за комбинирана до мрсна кожа ја имам и ми е слеана со тенот. Се зачудив за пакувањево. Знам дека е без пумпица и све тоа, ама мислев дека за капачето ќе биде прикачена некоја шпатулка. Не очекував дека вакво ќе биде. Сега се прашувам кога ќе ми дојде до крај, како ќе ја соберам таа малку пудра од внатре... Ми се допаѓа инаку. Како за толку течна конзистенција, предобро покрива. Дури и со еден тенок слој тенот се изедначува. Лицето ми го прави природно матирано и нежно, а сепак со покриени помали недостатоци. Ми се допаѓа што не ми ги истакнува брчките од смеење околу устата (што ми се случува со Аурата), а исто така, цел ден ми стои (не се вади така лесно со допирање по лице) и сега на ладново не ни светнувам. Поголемите недостатоци (какви што ги имам често) во вид на неколку поголеми акни или красти (се извинувам што сум гадна, ама како да објаснам...) не ги покрива така лесно и тоа ми пречи. Или јас не сум испраксирана. Треба неколку пати да ставам, за да се припокрие, но ако е од типот на второто - уште повеќе се истакнува, бидејќи ова делува како лушпа. Се' на се', засега сум презадоволна од пудрава и е можеби најдоброто нешто што моеви лице го видело во животот. Фала за препораките, женски. Едит: Може мислењево беше повеќе за во соодветната тема за Ревлон, ама нема везе, нека стои тука како рецензија, за споредба.
Ја зедов од Зегин, како што кажа Мими - 749 денари, ама вреди за секој денар. Инаку, во ниедна парфимерија не ја забележав, не знам каде би можело да ја има. Ако знае некој, нека каже, за да знам за во иднина.
Ако зборите за во Скопје , јас пробував од тестер пудра на Ревлон во ГТЦ во Космо , ама тестерите им беа катастрофа - тестери од старата верзија , а продаваат други и сега да незнаеш дали се нијансите истите последен пат пред скоро година беше така сега незнам дали нешто промениле. И да ви кажам мојата нијанса ја купив без да ја пробам зашто толку се згрозив од тестерите не ни пробав.. малку сменив тема но ете тука ги гледав пудрите , и видов дека беа поскапи и така си отидов во тој Зегин во ГТЦ исто што е и од таму ја земав
Devojki pred malku bev da si go kupam pan stikot na max factor,no nikako nemozev da si ja pogodam nijansata sto mi odgovara,a i bev vo brzanje i nemozev ubavo da probam.Od revlon pudrata ja koristam 180,a od bourjois flower perfection 53,aj kazete mi ako nekoja od vas znae koja brojka od stikot bi mi odgovarala
На али експрес има + и по пристапни цени. Незнам колку ти е за брзање инаку лично немам користено но едно девојче имаше порачано и е задоволна. Ако се решиш од таму да си порачаш види кои се со највисок рејтинг и оцени и одлучи си.