Кој беше заинтересиран за Санте пудрите и декоративната козметика, имаат промотивни настани во Сити мол. Секoјa сaбoтa oд 13-16ч oтврен ден зa сите кoи сaкaaт дa бидaт здрaви и убaви:бесплaтни сoвети,третмaни и шминкa нa штaндoт нa LOGONA и SANTE гермaнскa oргaнскa сертифицирaнa кoзметикa зa жени,мaжи и зa вaшите децa!Купувaјќи oд oвие прoизвoди вo сaбoтите ни пoмaгaте дa сoбереме фoнд кoј ќе биде дoнирaн зa пoтребите нa детскaтa клиникa вo Скoпје!Уживaјте вo прaзниците и нaпрaвете им ги убaви и рaдoсни и нa другите! Сум верен фан на Санте и Логона. Топло ги препорачувам. Не знам до сега дали имале тестери, еве ви шанса да пробате. Како што гледам и бесплатно шминкаат.
@Lady Phoenix со што ја нанесуваш?Мене Ревлонот имам пишано и наназад во темава дека не ми е толку убава со прсти.Јас ја тапкам со сунѓерче и има голема разлика.Посебно новава формула од пред некои година дена што е поводенеста и бев разочарана прв пат со прсти кога ја нанесов, а со сунѓерче и покривноста и се зголемува и многу ми се допаѓа како изгледа и природно и покривно.Сега ако се поголеми недостатоци камуфлирај ги со коректор со потешка структура.За делот што ти се лупи зезнато е , мене кога ми беше дехидрирано челото и ми се лупеше ни Господ не помага, не изгледаше убаво, во секој случај пробај со пилинзи да ги намалиш таквите проблеми, мене ми помага, ама не ми се лупеше ni толку многу. Општо сите пудри ми се поубави сo сунѓерче,а на пат сум и новата четка да ја испробам, на жалост тоа ќе почека great enthysiasm-terrible timing, ми стигна пред колоквиумска
Лара, јас немам големо козметичко катче, така да четка и сунѓерче никогаш не сум употребувала. Ја нанесувам со прсти и сум доста задоволна, можеби затоа што претходно не сум користела нешто толку квалитетно, па сега ми е wow! За деловите од лицево кои ми се лупат решение - малку повеќе од кремата која ја користам, а за лошите моменти на моево лице кога ја ставав втор пат, пред да ја нанесам, ставив и од коректорот кој го имам (Catrice camouflage), па испадна доста добро. Инаку и јас бев зачудена од тоа во колку течна состојба е пудрава, ама кога ќе се исуши и фиксира на лицето (патем не користам камена пудра и слично) е изненадувачки покривна. И успева, барем на ладново сега, минимум половина ден да не ми светне лицево, што во случајот со Аурата се случуваше за саат-два. Можеби ќе си земам сунѓерче, што ефектот е подобар. Ама ме става во дилема една работа - да не ми оди поголема количина на пудра во впивање во сунѓерчето. А за со четка знам дека не би била воопшто умешна. Па просветли ме за сунѓерчето ако не ти е тешко.
Ти благодарам на одговорот ама јас веќе ја купив Иначе кај мене е баш спротивно, искрено многу бе потсеќа на ББ крем зошто многу ми е лесна и не ми покрива баш многу а и течна е можам без никаква подлога да ја ставам што е реткост за мене. Меѓутоа ја земав на акција за 299 ден. па се мислам да не е ради тоа зашто не ретко ми се има десено нешто што го имам купено на акција да е сосема поинакво отколку вака кога ке го купам, како и да е за 300 денари е ок пудрава
Навистина ти се исплати да земеш сунѓерче.Кај нас на евелин и на аура има мислам дека.Јас моето не го земав од тука и не знам.Но, на аура знам дека се многу тврди другарка ми не беше задоволна, види на евелин, повеќе од 100 денари не верувам да се.Гледам @Rose96 постирала во "што последно си купивте" сунѓерчиња на евелин па нека ти пише цена. Инаку и јас на почетокот мислев дека повеќе пудра оди со сунѓерчиња, но немам забележано дека побрзо ја трошам, паралелно користам неколку пудри и не можам да направам споредба. Убаво кога ќе се натапка со сунѓерчето многу малку останува на него, нормално се прља кога ќе го мацнеш во пудра и само тој слој останува, ама тоа е многу тенко.Јас нанесувам на тој начин што прво си ставам на точки, пример под очите до пола образ и после земам и тапкам и така одам надоле и некогаш во зависност колку сум ставила немам потреба да доставам до крај на образот, па продолжувам додека има на сунѓерчето и на други места или ако многу малку повторно нанесувам и тапкам колку можам, додека не изгледа изедначено и убаво.Пробај и верувај ми многу ќе ти се допаѓа ефектот, може на почеток ќе ти е чудно ама ќе се испраксираш многу брзо, нема некоја филозофија
@Lady Phoenix На Орифлејм најмногу ти го препорачувам сунѓерчето до сега неколку различни имам користено и ниедно не е меко како ова, плус многу лесно се чисти а цената е смешна само 99ден. @LaraSolare тие на ебелин се малите новите за коректор многу се мали за течна пудра, нешто како копија на мини микро бјути блендерот, не ги имам уште пробано ама обавезно ќе пишам импресии.
Не забалежав дека се мали, а кога сум гледала како да сум видела и нормални оние за пудра.Иако никогаш не сум гледала конкретно зa да купам па може затоа А колку се овие за коректор? Ај баш и пиши ми кога ќе тестираш, практични ми изгледаат
Тетовчанки дали ќе можете да дознаете и да споделите колку пари е пудрата Estee Lauder Maximum cover во schatze ? Бидејки гледам е со попуст од 20%.
Jас суво го користам, моето е со пластичен држач и не ми е практично нон стоп да го мокрам.Мислам дека се мокри од причина да не ја абсорбира пудрата и да не настане непотребно трошење, туку поголем дел од пудрата да оди на лицето.Не знам дали има друга причина и разлика во апликацијата меѓу мокро и суво освен оваа... Aма може да се проба во иднина и влажно
Во Космо каталогот видов дека е 2111 низ сите продавници на Космо,ама за нивниот роденден. тоа се 25% штета што не си видела... мислам дека само за тие денови важеше.
Да напишам и јас кратка рецензија за пудрата Кога ми стаса уште кога ја видов помислив дека за мојот светол тен пудрата е пребела и би изгледала како дух, сметав дека сум ја утнала нијансата Porcelan ама при првото нанесување сфатив дека многу грешам. Пудрата е предобра, лесно се нанесува и убаво покрива, мене со еден слој ми го покрива црвенилото од премногу жешко или синилото од премногу ладно. Долготрајна е доволно е многу малку за цело лице.
Размислував дали да ја купам кремава,но пред да купам,сакам да прашам дали добро покрива црвени флеки на средината од образите? Дали е добра за чувствителна кожа,бидејќи некако страв ми е да експериментирам со пудри поради тоа што често ми се појавува црвенило и не ставам многу шминка,а не би сакала да ја утнам па да си направам проблем после.
@Anabelle.Amorette Мајка ми ја користи и онака е ОК. Не очекувај некоја голема покривност, бидејќи сепак се работи за ЦЦ крем. Не верувам дека би имала иритација од неа. Цената одговара на квалитетот, не очекувај ефект како што би добила со некоја квалитетна пудра, но за секојдневна употреба е сосема пристојна. Во однос на трајност и хидратација не би знаела да ти кажам, бидејќи не сум ја пробала. Само внимавај, нијансата medium е доста темна.
@Lady Phoenix @Elaria со натопено сунѓерче е најубаво Така омекнува и се зголемува. Малце наопаку се сликите ама нема врска, на втората слика е суво и прљаво, а на првата од кога го измив, значи влажно. Не треба да тече вода секако Намерно сликав до четка со скршена рачка за да видите отприлика дека стварно има разлика во големината