Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Па и јас така мислам,ме загрижува само бојата на цевчето,башка го сушев со фен посебно.
    @Winter Lady немам толку време,планирам утре да ја употребам.
    Ме интересира мислењето на @Artemission
     
  2. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    До утре сепак имаш време, стави ја со ептен врела вода тогаш и измиј ја 5-6 пати. :D После пак суши со фен.
     
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    2.083
    @Elaria @koritsaki Фала ви девојки, јас конкретно имам заприметено дека пудрите што содржат парабени ми прават акни и митесери, со другите што ги немале тие состојки со никоја не сум имала проблем.

    Сепак се одлучив да не ризикувам, задоволна си сум од Bourjois Healthy mix веќе си земав второ шишенце вчера само сакав така измеѓу да земам нешто ново да тестирам..
    Да не знаете каков е составот на Rimmel Match perfection? :?: По јутуб ги кажуваат како доста слични, па може да се одлучам за неа..
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.705
    Допаѓања:
    106.954
    Пол:
    Женски

    [​IMG]
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Јас ја ставив пумпицата во врела вода пак да стои ама не и ставив ништо друго. Пред да си легнам ќе и ја сменам водата.
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво пудрава нема парабени, конзервирана е со друг синтетички конзерванс CHLORPHENESIN. Она што би можело да предизвикува акни кај девојката која ја користела дефинитивно е CYCLOPENTASILOXANE кој ги запушува порите, и ако не се лажам еден од најтешките силикони. Кожата не може правилно да дише се создава еден слој или филм врз неа и се појавуваат акни. Пудрава е навистина многу синтетичка и на почеток може да дава ефект на мазна кожа, меѓутоа со текот на времето ја запушува кожата и може да прави проблеми.
    Инаку како што кажа кортисаки парабените се синтетички конзерванси и се користат за да се заштити производот од расипување и муфла. Јас лично ги избегнувам затоа што постојат и природни начини на конзрвирање на козметичките производи, а парабените може да предизвикаат проблеми не веднаш туку со текот на времето. Некои парабени како propylparaben и butylparaben антибактериското дејство во кремите го имаат токму преку намалувањето на ефектот на естрогените. Секако овој ефект се појавува доколку се внесуваат во поголема количина во организмот. Европската Унија има поставено точни дози на овие конзерванси кои не треба да се преминуваат и се сигурни во еден производ, меѓутоа она што мене ме загрижува е вкупниот збир на парабени (од повеќе производи заедно). Она што сакам да го кажам е: доколку јас се бањам со купка во која има парабени, плус користам шампон со парабени, потоа мачкам убава крема полна со парабени, ставам деодоранс со парабени, пудра со парабени и.т.н. и тоа го правам секојдневно, според вас ја преминувам ли “сигурната доза“ на дозволени парабени? Од друга страна пак многу производи без парабени имаат многу полоши конзерванси (кога станува збор за традиционалната козметика) така да човек да не знае кое зло е помало.
    Поздрав.

    Здраво драга BHT не е конзерванс туку антиоксиданс кој има за задача да ја спречи оксидацијата на некои деликатни и нежни состојки во самиот производ. Негова природна замена е витаминот Е или токоферол. Компаниите користат BHT затоа што прво е многу поевтин а второ се користи во мал процент 0.01-0.1% за разлика од природниот вит. Е кој е доста поскап и се користи многу повеќе како процент. На тој начин заштедуваат.
    Разликата помеѓу конзерванс и антиоксиданс во еден производ е што конзервансот има за задача да го спречи расипувањето на производот и создавање на муфла, додека антиоксидансот да ја спречи оксидацијата на одредени состојки во самиот производ (на пример деликатни масла). Инаку потврдувам дека е ужасна состојка, и време е фирмите да ставаат витамин Е со оглед на тоа што производите скапо им ги плаќаме и може да си дозволат.
     
    Последна измена: 30 декември 2015
    На bubac, irenna и Elaria им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.705
    Допаѓања:
    106.954
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 нека стои и истовремено стискај да протекува вода. И да пак смени вода пред да си легнеш :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво дали може да ми кажеш што имало во шишенцето претходно? Да знам да те советувам на кој начин да го исчистиш. Поздрав.
     
    На buba4e89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Мароканско масло за коса.
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво во тој случај шишето каде што бил испрскувачот го полниш со топла вода и сјај за миење на садови. Го затвораш протресуваш и прскаш се додека не ја потрошиш водата. Процедурата ја повторуваш трипати. Тоа би требало да го исчисти и испрскувачот, евентуално може да земеш стара четка за заби која не ја користиш и убаво да го поминеш со сјај оној дел од пластиката каде е прикачена цевката (доколку си во можност и доколку е возможно извади ја цевката па повторно прикачи ја). Уште еднаш убаво измиј со топла вода исплакни скроз и остави да се исуши само врз една чиста крпа (важно е сами да се исушат сите делови по природен пат немој ти да ги бришеш или сушиш за да ја убрзаш процедурата). Поздрав
    п.с. мислев дека од пудра ти било шишенцето во тој случај постапката е покомплицирана.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Јас го миев со Ариф она средство за чистење, но некако ради бојата( сликата погоре прикачена е од миењето) ми е страв да не има уште мрсно. Ајде сега ќе станам да го пробам тоа ич не ми текна, ти благодарам, се надевам ќе успее.
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Маснотија најдобро се вади со средство за садови, затоа и те прашав што имало во шишенцето. Пробај па кажи ми. Јас само така ги мијам шишињата од масла.
    п.с. за подобро да го исчистиш и самото шише пробај со четката за заби и внатре по ѕидовите и на дното на шишето (доколку ти треба и шишенцето за нешто). Поздрав
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Пробав ама не се вади, бојата стои, го ставив во пластична кутија со топла вода и средство за садови и ја затворив нека стои да сабајле ( ги расклопив деловите ) па ќе видиме изутрина. Иначе ми треба пумпицата, кај шишенцето се исчисти па го ставив да се суши.
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Дали прскаше цело време со затворено шише со вода и сјај? Дали во маслото имало силикони? Види на етикетата дали има диметиконе или циклопентасилоксане
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Да, три пати како што напиша ти. Инаку еве го составот.
    [​IMG]
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Така и си мислев има силикони, треба 9 пати да миеш, многу тешко се вадат затоа што се лепат на ѕидовите од садот и испрскувачот. Затоа имаш проблеми да ги исчистиш. Ќе треба повеќе време ама ќе успееш.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Оф мајко, а поарно е да се бара нова пумпица ама и тоа тешко. Добро, ти благодарам тоа утре ќе го сторам ќе го мијам повеќе пати. Ти благодарам многу.
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Ако ти е од помош и ако си од Ск во Џамбо има празни шишенца со пумпици. Побарај таму. Или потруди се уште малце. Поздрав.
     
    На koritsaki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.705
    Допаѓања:
    106.954
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka супер идеја ни даде :), и јас барам пумпица за пудрава , инаку имам дома од еден серум од Гарниер (што исто има два силикона) и штом викаш тешко се мие тогаш да не почнувам воопшто да ја мијам... подобро ќе барам нова да не направам некоја `беља` на пудрава да ја расипам. @buba4e89 ти баш провери дали има во џамбо па кажи ни , а и сега си мислам можно е да има пумпици и во Александар козметикс. :?: ај баш некоја ако знае нека пише.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.110
    Допаѓања:
    77.302
    Пол:
    Женски
    Јас сум крш со пудрите.Прво ја земав на Аура и катастрофа беше пудрата,и најсветлата има жолт тон и плус е како паштета на лице,ако се допрев со прст остануваше отпечаток :D Ајде после тоа земав Менхетен и на почетокот беше супер,ама последниов месец ја осеќав ко бетон да имам на лице,многу ми ја сушеше кожата и многу ми се познаваше,крш.Е сега ја земав на Севентин и ја пробав нијансата на врат,не ми двоеше арно ама сега малку е посветла,а инаку е многу добра,не се ни познава дека имам пудра на лице,лесна е и не ја ни осеќам на лице.Не е многу покривна ама ко за преку ден е супер.
     
    На mssuniquee и Rose96 им се допаѓа ова.