Ако било користено цевчето попримило жолтеникава боја од серумот и што и да му правиш нема скроз да исчезне. Потешко е да се исчисти тој другиот дел односно оној внатрешниот кај механизмот и само со испумпување може да се извади се' од таму. Чисти го само со алкохол зошто се останато има хемикалии што дополнително ќе треба да ги плакнеш. И не ти требаат 2-3 дена да отстојува, ова за пола саат-саат ќе го средиш како што треба
При крај ми е пудрата а следна на список сакам да ја земам Ревлонот, на толку фалење да не сум кусо нели само контра, онаа за сува кожа што е. Дали некој има искуство со таа верзија, да не е многу течна каква е со покривност итн... хелпче
За течна , не е течна баш напротив , тешко се вади барем за мрсна кожа е таква еве @Rose96 ја има таа за сува кожа , па нека ти пише
@MiloMalo Една пд најдоброте течни пудри што ги имам користено. Покривноста е средна, јас не ја надоградувам за целосна затоа што се добива оној брашнест/паштета изглед. На места кај што имам потреба поголема покривност користам плус коректор. Ниедна пудра не ми трае подолго на кожата од оваа на Ревлон. Јас имам комбинирана кожа и кај мене има полумат финиш. Одлична пудра вреди за секој денар. На пролет ќе ја купам повторно таа верзија за мрсна кожа сакам да видам во што е разликата. И да најдобро нешто не се пренесува на облека.
Јас ја имам за комбинирана Ревлон и вчера ја ставив прв пат и сум презадоволна, до доцна во ноќта не ми мрдна од лицето, ниту светнав ниту ништо. Морав да ја измијам потоа кога дојдов дома. Не се копира на облека најважно. Не ги жалам парите.
http://thumbs3.ebaystatic.com/d/l225/m/mf2-9ww95NRNxkFX9ZmsLmg.jpg Денес во парфимерија ја испробав пудрава. Ме привлече цената (470 ден) а и то што Вејн Госс ја пофали по јутубе, а гледав и други блогерки дека се задоволни. Солидна пудра е прекрива но за жал на моево лице (кое е ппреногу мрсно) не одговара. Од блогериве по јутубе имаше коментари дека не им светнува лицето и после неколку саати. Па кој сака пудра до 500 ден нека си ја испроба, можеби ќе му се "погоди" на лицето.
Мене пудрава за се ми е супер, освен за покривноста и нијансата. Јас би рекла дека има слаба кон средна покривност, но тоа не ми е голем проблем затоа што секогаш користам коректор. Ама ја имам најсветлата нијанса кај нас и пак ми е малце темна, освен ноќе со некоја ролка ако ја носам не ја ставам баш зашто не сакам да ми двои бојата од вратот. Јас имам комбинирана кожа, на некои делови мрсна на некои дури сува. Супер ми е не ми мрда пудрава мене. Пробај со baking малце, така подолго ќе ти стои мат сигурно
Preciosap , јaс имaм кoристенo пудрa нa mufe и тoa двете верзии, hd и velvet matte HD верзијaтa oдгoвaрa нa тие сo нoрмaлнa дo сувa кoжa зa мрснo лице не јa препoрaчувaм бaш. Мене без пудрa зa 2 чaсa ми светнувaше лицетo нa тзoнaтa зaштo имaм мрснa кoжa. Велвет мaт дoбрa е зa мрснa кoжa нo пудрaтa имa некoј брaшнaст финиш мене тaкви пудри не ми се дoпaѓaaт a вo пoкривнoст дoбрa беше. Сепaк јaс 40 еврa пoвтoрнo не би дaлa зa пудриве зa пoнискa ценa имaш мн пoдoбри пудри. Немa прoизвoди нa муфе вo мк имaш нaјблиску вo Сефoрa вo Грцијa
Во тековниот каталог на Орифлејм многу е намалена пудрата The One, 229 денари. Одамна ја меркав, само чекав да ја намалат доволно за да не ми е криво и ако е ептен никаква, и онака ми наменета како резервна пудра, меѓутоа се двоумам која нијанса да ја порачам. Двоумењето ми е помеѓу Fair Nude и Natural Beige. Која повеќе би одговарала на 180ката или 200ката од Ревлонот за комбинирана/масна кожа, што мислите?
Сесилија, пудрава конкретно не сум ја користела, ама имам искуство со неколку пудри од Орифлејм. Ако немаш проблеми со лицето - веројатно ќе ти се исплати било која пудра од Орифлејм. Но ако сакаш да покриваш недостатоци, според мене - ова не ти е решение. Зошто го кажувам ова? Затоа што сум пробала 3-4 различни пудри од Орифлејм, а секоја личеше на претходната, секоја личи една на друга, како само пакувањето да им го менуваат, а не и квалитетот или перформансите кои ги наведуваат. Да, лесни се, ниско накај средно покривни, има нијанси, течна конзистензија имаат, ама јас не сум забележала никаква разлика меѓу ниту една од нив. Ајде, нека пише некој што можеби ја користел, јас сакав само да си го изнесам моето мислење. Како и да е, цената е ниска, па може и да ризикуваш.
Ти благодарам Лејди Фенкис за одговорот. Имам одамна користено пудра Орифлејм, беше во една сребрена тубичка, мајка ми имаше порачано две нијанси Порцелан и Сенд беа исто на некоја акција ептен намалени, порцелан нормално ми беше светла, а сенд баш убаво ми легнуваше. Ги фиксирав со камена пудра, ок беа за натаму-наваму. За покривни се согласувам дека не беа нешто нај. Сега се замислив дали и тие беа од истата линија Д уан. Баш ќе прогуглам. Сакам да пробувам нови работи, а ме копка кај оваа демек не се пресликува на облеката и не се размачкува, па да тестирам дали е така. Мислам дека ќе ми одговара, периодов ми е посуво лицето, Фејсфинити не ми лежи најдобро, ми го суши, па ја заменив со ББ крема од Каротен и многу сум задоволна каков здрав сјај ми дава и свежина. Ова напролет и налето нема шанси да се случи, тогаш ако ставам од ББ кремата по 10 мин светам како лампион, па ја користев само за на плажа за да ја дотрошам бидејќи од мерак ја купив да ја пробам. Планирам пак да се обезбедам со Ревлон, нијанса 180, а оваа да ми биде резерва, ама којзнае може и ќе ми се погоди, само нијансата ме мачи. Ќе треба да поминам кај претставничката да видам дали има тестери, ама тоа по празнициве, на невидено некако тешко ми е да се одлучам. Затоа и пишав овде, можеби некој ги има користено баш тие нијанси па да ми каже импресии.
Дај Боже да не се пресликува на облека, тоа од ефтина пудра искрено и не можам да го очекувам. Како и да е, барем не влијае лошо на кожата, ако не друго. А за Ревлонот, како сите се фрливме на пудрава, осеќам дека за кратко време ќе ги снема сите залихи од аптекиве. Прилично сум задоволна засега, е користам и коректор за недостатоците што се поголеми, ама се' друго ми е погодено ептен. Ова е можеби најфината пудра, со средна цена која сум ја пробала. Уште некоја асална подлога да најдам, асално кремче и ќе биде супер. е ми се верува дека не ми се пресликува по телефони и облека и дека стои додека не ја избришам, а не ми се мрси Т-зоната (не користам камена пудра или било што друго од то тип). Да си ја земеш, богами.
@sesilija јас ја имам оваа пудра, исто ја купив на попуст и сум задоволна. Дури за таа цена можам да кажам дека е супер. Не дека е магична пудрата, но има задоволителна средна покривност, не оксидира. Е сега траги на облека не остава, освен нели ептен ако не внимаваш при соблекување, а на телефон останува малку ама ако фиксираш со камена, нема проблем. Што се однесува до нијансите, јас ја имам Fair Nude и е потемна. Би ти препорачала да си ја земеш Natural Beige според сликите што ги видов на интернет за Ревлон.
Лани зимата ја користев ЦЦ кремата на Макс Фактор и ептем ми беше погодена, не успеав целата да ја дотрошам па деновиве решив повторно да ја пробам и пак многу пријатно се изненадив. Има средна покривност и дава преубав блескав изглед на лицето, не мрсен сјај него убав здравј сјај. Лани овој период кожата ми беше премногу дехидрирана и сува, а сега ми е мрсна ама сепак ми одговара. Ја користам самостојно без никаков крем под неа. Ако имате чиста кожа без акни/флеки ептем ја препорачувам многу придорно изгледа на лицето не се познава ни најмалку дека имате нанесено пудра.
Лејди, ја користев јас Ревлон лани, нијанса 220, ама осеќам дека има и поидеална нијанса за мене. Супер е пудрата, се согласувам, само ете, сакав да ја пробам и Фејсфинити, а не сакам да трупам залихи и остана некупена повторно Ревлонот. Мене не ми смета ни тоа што нема пумпица, ја имав потрошено до последната капка, сега само се нервирам со Фејсфинити, дојдов до фаза да се гледа чисто стакло ама гледам дека има уште доста внатре и никако да падне долу а превртено ми е шишенцето. Не знам како ќе го доиспразнам. Со Ревлон немав никаква мака околу тоа. Можеш да ја пробаш подлогата од Аура, ако ја немаш пробано досега. Има и тестери од неа, стави си во некое мало кутивче, па ќе видиш како ќе ти реагира во комбинација со Ревлонот. Јовановска, ти благодарам и тебе за одговорот. Јас пак мислев Нјуд ќе биде посветла, а значи обратно било. Мислам дека ти користеше и Фејсфинити 75, и јас ја имам истата, меѓутоа како навлегуваме се подлабоко во зимскиот период и кожата станува се посветла, пудрата забележувам дека ми е потемна, па ставам минимално и плус коректор малце посветол и немам проблем, секако сето ова убаво изблендано меѓутоа зборот ми беше дека 75 веќе не ми одговара што значи и твојата нијанса од Орифлејм би ми била темна. Ти благодарам уште еднаш за постот.