Првата пудра јас ја користам мене ми се допаѓа, не е многу покривна ако бараш покритие големо, а и ако имаш мрсна кожа нее добра втората ја немам користено така да неможам да ти кажам иначе мајбилинот е лесна не многу покривна и не се задржува многу на лицето ако предходно немаш ставено подлога или камена пудра да ја фиксираш тоа е се што можам да ти кажам за овие 2 месеца што ја користам. Поздрав
а оваа пудра некој ја има користено , дали е добра? http://1.bp.blogspot.com/_xFrL6giBQLs/TFu7Fd0-KjI/AAAAAAAAAlY/Cr6UD5sHTwE/s1600/2210075.jpg
Каква кожа имаш??? Ако имаш сува тогаш оваа е супер. Јас ја користев 1 година па решив да ја сменам малку и купив Дебора и Менхетен, тестери на Боржуа и заклучокот беше Дебора е преприкривна не ми одговараше само за вечерни излегувања, Менхетенот ми ја пресуши кожата катастрофа и лишаи и мозолки ми се појавија, Боржуал Хелти Миксот не ми се допадна. И на крај си отидов во КИМ парфимеријата карши Спицикотот во ГТЦ 490 мислам беше, најефтина од секаде, освен ако немаш некаде картичка и повторно си уживам во сјајот на моето лице Значи многу хидратантна е, дава свежина, малку свети ама кога имаш суво лице баш ти треба свежина. Јас не планирам во блиска иднина да ја менувам Така да ако имаш суво лице јас топло ја препорачувам, ама ако имаш нормална или мрсна кожа, тогаш дефинитивно не А за каква кожа е лореалов? Убава е? Многу прекривна или не? И цена
Ништо од бизнисот тогаш Имам нормална кожа, но во некои периоди ми станува мрсна (ПМС). Сепак можеби ќе си набавам тестерче од истата, па ќе видиме како ќе се понаша на лицето. Инаку, добра и е цената. L'oreal Тrue match е преубава пудра. Има добра покривност и многу убаво се апсорбира на лицето (јас имам нормална кожа), дава добра текстура и тенот го прави преубав. Баш и ја препорачав на другарка и ја купи. Презадоволна е од неа. Дури и да ставиш повеќе делува природно 730 денари беше во Космо
Ја си ја планирав да ја земам мејбилинот пудрата од погоре, ама ништо..штом била за посува кожа.. мојата е нормална, но знае да биде мрсничка на периоди..никогаш не била пре сува.. Ај предлози за пудра за мене -за нормална до мрсна кожа, да не е пре мат, односно да дава здрав сјај но не мрсен, да е полу покривна, никако тешка, или прелесна.. тоа би било се
^^^Од мејбилајн има пудра за комбинирана кожа Преубава ми е мене. А другарка ми сега си зеде од таа дрим сатин, има пресува кожа, и презадоволна е и таа Сите задовлни од мејбилајнот
Значи има и од мејбилајнот? епа супер, баш ке видам..а од некој друг бренд? чисто за алтернатива ке си ја побарам ја мејбилајнов..
Има Нејм, Оваа е Алтернатива, штознам, оваа има пристапна цена, 440 јас ја купив, од Дебора се 680, а и тие се убави, од Менхетен, еве види си поназад на страниве, за сите има подробно кажано
еми ајде че ја пробам вак а 450 денари не дека е ефтино, ама за разлика од деборах и онаа лореалов поевтина е....и мене кожата ми е комбинирана или не знам ти што некад мрсна, некад нормална, ама није ми сува Aјде кога ќе имам време ќе ја зирнам
Земи си тестер Лудо, и ќе видиш како ќе ти одговара Мојава кожа е најсложената, најкомплицираната и најчудната кожа на свето, без нзс, без акни и без флеки, ама со мноооогу променливо расположение . Оваа покрива таман, не е тешка, минерална е, и што е најбитно го едначи тенот А мене тоа ми требаше А за парите, богами спрема дебора и останатите(добро сега има и ефтини, мис спорти на пример, ама не се пудри што траат кога ќе излезеш, исчезнуваат по десет минути) е со 200 денари и повеќе поефтина Пробај Да прашам, а ја има некој користено Меџикс од Авон, безбојната? Што е финтата со неа? Има некој ефект или е кремче?
Тоа Меџикс се користи како подлога за течна пудра. Мене не ми се допаѓа ефектот - како прашина да ставам на лицето. И кога ќе поминеш со рака се осеќа, не се упива во кожата. Не вреди за парите воопшто. И многу јак мирис има. Не е лош мирис, ама прејак за да го ставиш на лице и да го осеќаш Со еден збор - залудно потрошени пари, ене го ми стои во несесерот со месеци недопрено (неколку збора беа, ама нема врска ).
А што мислите за минерална пудра од авон дали е добра? Мислам дека сега е прв пат во тековниот каталог, па ако веќе некој ја порачал и ја пробал нека каже како е задоволен, зашто во мисла сум дали да ја порачам
Девојки, да ве прашам. Имам нормална кожа. Чисто ми е лицето, немам акни, флеки и сл. ама страдам од подочници. Долго време користев Seventeen пудра, ама сега ми е скапа во моментов да ја купам(480ден е), а итно ми е. Се мислам дали да купам Deline пудра? Користела некоја од вас?
Ставам коректор од Golden Rose на подочниците, и супер ми покрива. А Делинето не е штетна за помлада кожа? Оти сум слушнала дека е за постара кожа.. Можеби нема врска.
^ И јас користев Делине ама ништо не ми покриваше. Уште ми стои во несесерот цело тубиче. Сега се мислам Импала да си земам. Знам дека не корисна ич со тоа колагенот ама па убаво покрива и цената е баш прифатлива
Леле јас се заразив, порано одбегнував да користам пудра, ама сега ставам секој ден. Лицето ми е чисто , освен некои црнки на носот кои не се ни заприметуваат немам ништо. А и немам нешто многу изразити подочници освен ептен кога сум утепана. Проблемот е што како да кажам не ми е изедначен тенот, не знам колку овој термин е прецизен. Значи кога ќе ставам пудра целото лице ми добива еден убава изедначена боја, а без пудра некаде ми е поцрвено некаде посветло, не знам дали ме разбирате Летово ја користев кремата од Nivea за изедначување на тен, иако дури откако ја купив видов дека е за над 25 ама немаше некаков посебен ефект, да не речам никаков. Моментално користам од Bourjois пудра и многу ми е убава и ми одговара на кожата. Ама би сакала да престанам воопшто да ставам пудра, ми се смачи секој ден да се шминкам , а од друга страна штетно е секој ден шминка на лицето, не сакам да си го упропастам. Совет ?