https://www.facebook.com/kryolan.skopje?fref=ts Најдов една фб страна , можеш овде да ги прашаш каде се продаваат нивните производи
Ако има некој од Гостивар да ви кажам дека во Бјути центарот во Монтенегро маркетот има попуст на пудри. Изненадена сум втор пат пудрата на есте ја намалуваат, таа во стаклено шише. https://scontent-fra3-1.xx.fbcdn.ne...=f8b9287d211baab9848b56bd153fe85a&oe=57599266
@M.laDy, можеш ли да провериш кои нијанси ги увезуваат, ако те носи патот натаму? Иако убедена сум дека нема тоа што ми треба мене. За цената инаку таман е, од вчера и во Сефора има попуст 32,90€ е.
Работата е што не сум од Гостивар ама ги следам на фб. Кознае кога ќе ојдам пак натаму. https://www.facebook.com/Beauty-Center-1461590294151040/ Еве ти линк од фејсбук, пиши им што те интересира. Во рок од неколку часа враќаат.
Последна пудра што сега си ја купив е пудрата на Ингрид..Ми ја фалеа,па ја зедов..И можам да кажам дека сум задоволна,доста покрива,супер ми е погодена
И јас сега сакав да прашам дали некоја од вас тука ја има пробано оваа од Евелин , барем за покривност да не известеше?!
Ја има ли некој користено оваа пудра: И второ прашање: дали е ревлон колор стеј тешка пудра? Мислам штом има таква покривност логично ми оди да се чувствува тешка на лицето. Јас користев Хелти Микс, ама сакам да ја сменам. Би сакала нешто слично на Хелти Микс, да не е тешка бидејќи иде топло време. Помош
Скај батерфлај , Ревлонот не е воопшто тешка пудра , трае долго на лицето но не е full покривна , не се осеќа воопшто на лицето. Ете дури и некои девојки на форумов кажуваат дека порано била многу попокривна доколку сега и е сменета формулата.
Sky, и јас ја гледав пудрата во осмо мартовската понуда на Cosmo, ќе ѝ дадам шанса. Вчера читав рецензија за истата, има dewy finish, со слаба до средна покривност и можност за нанесување во неколку слоеви за зголемување на покривноста. Издржлива е, трае подолго од 8 часа со камена пудра врз неа. Јас ќе ја пробам нијансата 802, девојката што ја оценуваше пудрата спомна дека нијансите се различни кога убаво ќе се изблендаат во кожата и кога само лесно ќе се нанесат за проба. По сѐ, мене ми звучи како евтина варијанта на Healthy Mix-от, останува на тебе да избереш